Учениците спремни не само за виртуелен туку и реален бизнис

Учениците од економската насока при ОСУ Св Климент Охридски одржаа саем на виртуелни компании. 

 |  Валентина Неловска  | 
6-ka ekonomsko
6-ka ekonomsko

Учениците од економската насока при ОСУ Св Климент Охридски одржаа саем на виртуелни компании.  На инвентивен начин ги покажаа своите бизнис идеи од областа на претримништвото. Досегашното стекнато знаење , но и надградбата со помош на професорите ментори им влеваат храброст дека успехот понатака  нема да биде само виртуелен туку и реален.

„ Со самото избирање на економското училиште ние сме подготвени во иднина не само виртуелно туку и реално да отвориме наши компании“, нагласуваат учениците кои учествуваа со штандови на саемското преставување.
ekonomsko
Саемот на виртуелни компании за отворен го прогласи претседателот на општинскиот Совет, д-р Гордана Коњановска. Во пораката Коњановска  ги потсети учениците на еден многу важен сегмент од животот.

„ Образованието да го сфатат како дел од патот за подготовка во нивниот реален живот. Им посакав  успехот, среќата и задоволството да ги бараат и додека го одат патот кон успехот и профитот. Да не се фокусираат само на крајната цел  и на профитот туку да наоѓаат задоволство и по патот и создавањето на своите идни компании“.  
 
Саемот на виртуелни компании во ОСУ Св. Климент Охридски се одржува по четврти пат и преминува во традиција. Учениците од економското училиште ги покажуваат знаењата и вештините стекнати по предметот Практична настава. Овој пат им се приклучија и учениците од гимназија со една виртуелна компанија од областа на здрава храна. Учениците и професорите ги поздрави директорот на ОСУ„Св. Климент Охридски“, Наум Рилкоски.

stand„ Сакам да искажам благодарност  до учениците и менторите, наши професори, кои вложија огромен труд, напор и ентузијазам кон она што го работат со години наназад, од  виртуелно да го претворат во реално, и во иднина да бидат успешни бизнис претприемачи во сите сфери“.  

На денешниот саем беа изложени 6 штандови на виртуелни компании од различни дејности. Се нудеа производи од компир и слаткарство до вино и забава. Во подготовките на виртуелните компании учествуваа околу 100-ина ученици од економските и гимназиските паралелки со поддршка на професорите Весна Карадимче, Војо Илоски и  Јасминка Иваноска.   

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top