Советот на градски татковци бара решенија за екононмски развој на Охрид

Советот на градски татковци бара  решенија за економски развој на Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
nikola bakrceski
nikola bakraceski

Денес се состана Советот на градски татковци. На работната средба ги разгледуваа развојните планови од економски и туристички апсект на градот. Локалниот економски совет на чело со градоначалникот Никола Бакарчески  ќе разгледуваат повеќе точки важни за развојот на градот меѓу кои и за авто кампот Андон Дуков.

Тема на состанокот беше и изградбата на индустриската развојна зона на Мауцкер. Градоначалникот  од советот на градските татковци во интерес на градот побара  нивен личен придонес  за изградба на долго очекуваниот пензионерскиот дом.
Ohrid
„ Ќе има информации од локалната самоуправа за изградба на пензионерски дом  и огромнaта потреба  од неговата изградба. Сакам да ги поттикнам члeновите на Советот  да дејствуваат на нивните пријатели и бизнис партенри да пројават јавен интерес за градба“, рече Бакрачески.

На дневен ред беа ставени и  предлози како да се рестартираат нефункционалите стопански објекти во градот за да се создадат нови работни места.

Советот на градски татковци го разгледа и воведувањето на нови чартер летови кон Охрид, состојбата со времените објекти и креирање  Стратегија за економски развој на градот.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top