Ознака: бидат

grobishta

Гробарина мора да се плати, може и на рати

Post Views: 4 Налог за наплата на гробарина. 1200 денари е износот на сумата, која корисниците на гробно место на охридските градски гробишта треба да ја издвојат за 2011 година. Дел на охриѓани кои не сакаа да коментираат пред нашата камера кажаа дека новата давачка на ЈП им дошла како гром од ведро небо, бидејќи сумата не е мала за да се плати одеднаш посебно ако се земе предвид дека има и такви корисници кои имаат и повеќе од едно гробно место. За оваа забелешка на јавноста надлежните на ЈП Градски гробишта имаат свое оправдување. Според координаторот на ова претпријатие, Драган...

Continue reading

pres

Климентовата награда годинава во рацете на митрополитот Тимотеј

Post Views: 3 „Ова е само кратката биографија затоа што господинот Тимотеј оваа година слави и 30 години откако е владика во Охрид и образложението зошто јас како градоначалник на Охрид и комисијата која ми помагаше во изборот, се одлучивме за господинот Тимотеј да ја добие оваа наша најголема награда „Свети Климент Охридски“.“-вели градоначалникот. Петрески додаде дека доколку можел тој би им дал награди на повеќе апликанти, но едноставно такви се правилата. Покрај Климентовата награда, ќе бидат доделени и трите традиционални Климентови повелби кои годинава отидоа во рацете на професорката...

Continue reading

Нова просторија за децата со посебни образовни потреби

Post Views: 0 Светскиот ден за лица со хендикеп е само повод за заеднички проект на Црвениот крст и Ротаракт клубот.  Тие денеска со работна сила и финансиски средства започнаа со реализација на активностите за подготвка на работни простории за децата со посебни образовни потреби. „ Денеска овој проект го изработуваме како дел од проектот ЦКА ПХВ кој е во училиштетво за децава со посебни потреби. Ние се заложивме и на помош ги викнавме членовите на Ротари клубот.Тие се јавија на нашиот повик и заедно го спремивме просторов за деца кои во оваа просторија ќе одржуваат настава“, вели...

Continue reading

zlatna maska

Златната соба ќе блесне на 8 декември

Post Views: 62 Во Музејот на Робевци  се прават  интензивни подготовки за отварање на Златната соба. Се поставуваат аларми и безбедносен системи со инфра црвени зраци. Сигурносниот систем кој се вградува како што дознаваме по ништо не заостануваат зад најсовремените системи за сигурност во светските музеи. За археолошкото  богатство кое ќе биде тука изложено  е потребен висок степен на сигурност и ништо не се остава на случајност. Како што дознаваме артефактите ќе се обезбедуваат и со чуварска служба. Во Златната соба се реконструира и  гробницата каде што е прoнајдена Требенишката...

Continue reading

vozila

Донација од Шведска

Post Views: 12 Центарот за кардиоваскуларни заболувања, побогат за две амбулантни возила. Тоа е резултат на успешно реализирана соработка помеѓу првиот човек на Центарот, Никола Бакрачески и Цане Стефаноски претсатавник на македонскиот сојуз во Шведска. Бакрачески вели дека донацијата е долгоочекувана и ќе допринесе за подобрување на квалеитетот на здравствените услуги кои ги пружа центарот. Додава дека возилата при рака ќе им бидат и на останатите здравствени институции на охридско струшкиот регион.Досега Центарот за кардиоваскуларни заболувања немал свои амбулантни возила и ги користел...

Continue reading

soobrakaj

За или против возачките дозволи за малолетници со наполнети 16 години?

Post Views: 0 Се погласни се коментарите околу предлогот да им се даде право на управување на моторно возило на лица со наполнети 16 години. Доколку овој предлог биде изгласан, се предвидува дека постар малолетник може да се стекне со право на оспособување за управување со моторно возило. Според некои автошколи кои се први едукатори во сообраќајот, овој предлог е сосема неоправдан и дека е неодговорно да се дава дозвола на малолетно лице кое сеуште не е во состојба да ги следи состојбите во сообраќајот. Тие велат, поседувањето на возачката дозвола не е мерило на безбедноста во сообраќајот....

Continue reading

emo

Дали ќе дојде крај на маките за вработените во АД „ЕМО“?

Post Views: 0 Ново решение или нов проблем? Судбината на охридскиот гигант АД „ЕМО“ ќе се знае за десеттина дена. Вака најави вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски. После неколку неуспешни обиди да се спаси еден од најголемите загубари во државава, сега владата излегува со нов предлог. Планот за спас на АД „ЕМО“ пред управниот одбор на претпријатието денес беше презентиран од страна на вицепремиерот за економски прашања, Пешевски, и претставници од Министерството за финансии. „Планот е базиран на идејата онаму каде што ЕМО  е сеуште конкурентен на пазарот да продолжи...

Continue reading

drvored isecen

Започна преуредувањето на дрворедите во градов

Post Views: 0 Започна реализацијата на проектот за реконструкција на дрворедите низ градов. Станува збор за реализација на иницијативата на Локалната самоуправа од Охрид, со која старите неколку децениски стебла ќе бидат заменети со нови садници со што во голема мерка ќе се подобри сликата на градското зеленило. Причини поради кои од Локалната го започнаа овој проект се разните деформации на јавните површини, причинето од страна на големите стари стебла, како и  проблемите предизвикани од нивните корени на водоводно канализационата мрежа во градот. На реализацијата на проектот му...

Continue reading

abr

Се поголем интересот за револуционерната АБР терапија

Post Views: 5 АБР Револуционерната рехабилитациона терапија, полека го наоѓа своето место меѓу пациентите. Овој современ метод на рехабилитација, кој пред една година срамежливо беше претставен кај нас, со своите неоспорливи резултати, ја стекнува довербата и кај пациентите и кај нивните родители. Криста Биненс од Белгија која во потрага по помош за сопственото дете се сретнала со Леонид Блум, креаторот на АБР техниката, повторно во Охрид како  дел од тимот кој ќе зборува за трајноста на резултатите од оваа терапија. „Никогаш не се привремени резултатите. Можете да ги постигнете дури...

Continue reading

crven krst

Заедно во борба против гладта

Post Views: 0 Започна одбележувањето на Неделата на гладта по повод светскиот ден за борба против гладта 16ти Октомври. Волонтерите на Црвениот крст од Охрид од вчера па се до 22ри Октомври ќе собираат донации со цел да им се помогне на социјално најзагрозените семејства во Охрид и Дебрца. За оваа цел, Црвениот крст ја обезбедил соработката со рестораните во градов кои во текот на оваа недела ќе издвојуваат 10% од својата заработувачка како свој придонес во оваа акција. Со собраните средства ќе се купат прехранбени артикли кои ќе бидат вклучени во хуманитарните пакети. „И оваа година...

Continue reading

popis

Нови скандали околу пописот на населението

Post Views: 13 Веќе четврти ден од пописот на населението во Република Македонија, а не запираат контроверзиите. После бурните настани кои се случија на само ден пред започнувањето на пописот, сега уште еден скандал, овој пат во Охрид. Припадниците на заедницата на Еѓипјани обвинуваат дека иако легитимно биле избрани за попишувачи, сепак не им дозволуваат да излезат на терен. Уште еден скандал околу процесот на попишување на населението во Република Македонија. Попишувачите припадници на заедницата на Еѓипјани обвинуваат за дискриминација по етничка основа, а најавуваат и реакции...

Continue reading

Petreski i merko

Се закопаа секирите околу доизградбата на колекторот

Post Views: 1 Градоначалниците на Охрид и Струга го направија незамисливото. Се сретнаа со министри од владата и имаа конструктивен разговор. Но не само тоа. На овој состанок со министрите за финансии, Ставрески и за транспорт и врски, Јанакиески постигнаа согласност околу доизградбата на колекторот. Владата со идеја средствата добиени од кредитот на Светска банка за изградба на нови канализации и водоводи да се пренаменат за колекторот. Ваквата идеја наиде на одобрување кај Петрески и Мерко. Според градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, прашањето на колекторот е едно од...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top