Донација од Шведска

Соработка во областа на медицината меѓу Македонија и Шведска. Оваа соработка веќе резултира со донација на две комплет опремени амбулантски возила, за потребите  на Центарот за кардиоваскуларни заболувања но и за останатите медицински установи во Охрид.

 |  Билјана Николоска  | 
vozila
vozila

vozilaЦентарот за кардиоваскуларни заболувања, побогат за две амбулантни возила. Тоа е резултат на успешно реализирана соработка помеѓу првиот човек на Центарот, Никола Бакрачески и Цане Стефаноски претсатавник на македонскиот сојуз во Шведска. Бакрачески вели дека донацијата е долгоочекувана и ќе допринесе за подобрување на квалеитетот на здравствените услуги кои ги пружа центарот. Додава дека возилата при рака ќе им бидат и на останатите здравствени институции на охридско струшкиот регион.
BakraceskiДосега Центарот за кардиоваскуларни заболувања немал свои амбулантни возила и ги користел возилата на итната медицинска помош при Здравствениот дом. Бакрачески вели дека општо е познато оти тие возила едвај ги задоволуваат сопствените потреби, бидејќи добар дел од нив  не се во исправна состојба.
Одговорниот за хуманитарната помош од Шведска за Македонија, Цане Стефаноски, вели дека долги години работи на ова поле и оти е задоволен што успеал да придонесе за подобрување на условите за работа во медицинските установи во земјава.
Сите административни работи околу возилата се однапред завршени. Документацијата е обезбедена и за неколку дена донираните возила ќе бидат уредно регистрирани, па потоа ќе бидат ставени во употреба за пациентите на охридско струшкиот регион.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top