Златната соба ќе блесне на 8 декември

Во Музејот на Робевци  се прават  интензивни подготовки за отварање на Златната соба. Се поставуваат аларми и безбедносен системи со инфра црвени зраци. Сигурносниот систем кој се вградува како што дознаваме по ништо не заостануваат зад најсовремените системи за сигурност во светските музеи.

 |  Валентина Нелоска  | 
zlatna maska
zlatna maska

RobevciВо Музејот на Робевци  се прават  интензивни подготовки за отварање на Златната соба. Се поставуваат аларми и безбедносен системи со инфра црвени зраци. Сигурносниот систем кој се вградува како што дознаваме по ништо не заостануваат зад најсовремените системи за сигурност во светските музеи. За археолошкото  богатство кое ќе биде тука изложено  е потребен висок степен на сигурност и ништо не се остава на случајност. Како што дознаваме артефактите ќе се обезбедуваат и со чуварска служба.

zlatna maskaВо Златната соба се реконструира и  гробницата каде што е прoнајдена Требенишката златна маска.  Покрај требенишката маска ќе се изложат и златните обетки, но и околу 400  други пронајдени вредни артефакти. Автор на поставката е археологот Паско Кузман. Во тек се интензивни подготовки за излегување од печат и долго очекуваниот каталог на археолозите Паско и Нада Кузман во кој ќе бидат наведени сите златни експонати.

Од Завод и Музеј велат бидете трепливи. Додаваат дека се прават интензивни подготовки за печатење на каталогот. Нејзиното отварање се очекува на патронот на градот 8 декември.


Подготовките за отварањето на Златната соба траат околу пет години. Само за ротирачката витрина пред 2 години од ресорното министрество беа одобрени еден милон денари. Јавноста со нетрпение очекува збогатување и обнова на музејската понуда на градот. Според, најавите на археологот Паско Кузман таму треба да бидат изложени голем број вредни златни експонати пронајдени на бројни археолошки локалитети во Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top