Ознака: акцијата

stolici

Општинскиот комунален инспекторат во акција

Post Views: 0   200 столови и 50 угостителски маси беа подигнати при акцијата што ја спроведе Општинскиот комунален инспекторат. Ова следуваше поради непочитување од страна на голем дел од угостителите на одлуката која беше донесена уште во зимскиот период од Локалната, а со која сите беа обврзани да достават барања за поставување урбана опрема до Секторот за урбанизам најдоцна до 15 април оваа година. Од општинскиот инспекторат после овој рок спровеле акција и уште еднаш на терен ги опоменале сите кои немале доставено барања во рок од 15 дена да го направат тоа, но и покрај тоа голем...

Continue reading

logo

Хуманоста на дело

Post Views: 7 По осми пат Охридскиот Црвен крст организира крводарителската акција по повод Светскиот ден на крводарителството. Акцијата ќе се спроведе утре од 09:00 до 16:00 часот во соработка со спортската обложувалница „Спорт лајф“ и охридското одделение на Институтот за трансфузиологија. –Во рамките на оваа активност ќе се одвива и хуманитарната акција „Заедно за еден дестки живот“ што ја споревдува охридската медиумска заедница, а во која Црвениот крст се приклучи активно од самиот почеток. И утре на пунктовите пред обложувалницата „Спорт лајф“ ќе бидат поставени наши волонтери...

Continue reading

zardenjeri

И оваа година “Цветни балкони – Цветен Охрид“

Post Views: 4 300 жардинери со саксиско цвеќе денес беа поделени на 100 тина охридски семејства. Ова цвеќе од расадникот на претпријатието  „Охридски Комуналец“ќе се пресели во нивните дворови. Денешните подарени садници се само дополнителен мотив, охридските дворови да го добијат вистинскиот лик и да претставуваат одмор не само за нивните очи туку и другите да се восхитуваат, велат граѓаните. „Супер се искрено кажано и за охрид и за нашите  домови. Повеќе ќе се заинтересираат луѓето за своите домови преку ваквите акции. Добро е совршено така треба да продолжат народот треба да одгледува...

Continue reading

ОХРИД УСПЕШНО ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ АКЦИЈАТА ЗА ЧИСТЕЊЕ „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“

Post Views: 5 Големи количини на неразградлив отпад викендов беа подигнати од крајбрежјето на Охридското Езеро во рамки на акцијата „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“. Се чистеа плажите  Грашница, Горица и Св. Стефан како и плажата пред село Пештани. Во теренските активности за чистење беа вклучени Општина Охрид, ЈП „Охридски Комуналец“, локалните  здруженија „Брег на младоста“ и „Чист Охрид“ како и голем број граѓани. Акцијата беше иницирана и организирана од страна на компанијата „Мен енд маунтен“, со поддршка на Министерството за животна средина,  „Пакомак“ и Делегацијата на ЕУ во Република Северна...

Continue reading

akcija

Ќе се собира отпадно масло и стара хартија

Post Views: 4 Ќе се реализира и акцијата за собирање на отпадно масло од домаќинствата. Граѓаните, пластичните канти со собрано отпадно масло, без разлика дали е кантата полна или полупразна на 3ти јуни (среда), од 12 до 15 часот да ја донесат на полигонот за мали спортови кај ресторанот „Европа“ и да ја заменат со празна. Се известуваат домаќинствата кои поседуваат кантички дека повеќе нема да има вакви организирани  акции за собирање на отпадно масло, туку граѓаните ќе бидат директно контактирани од страна на овластената фирма СУНИЛЕНС која од МЖСПП има дозвола за собирање, складирање...

Continue reading

poplava srbija

Здружението „Брег на младоста“ќе помага во поплавените региони

Post Views: 2 Охридското здружение „Брег на младоста“ ќе помага на настраданите во поплавите од Србија, Босна и Хрватска. Членови на здружението, од 18 до 60 години подготвени се некаде кон средината на месец јуни да заминат во градовите погодени од катастрофалните поплави, со цел да помогнат во изградба, санација и ревитализација на просторните и животни услови на тие места. Зоран Стевоски од здружението вели дека следуваат подготовки и медицински обуки на луѓето кои ќе помагаат. „Во овој момет не можеме да тагуваме, не можеме да бидеме рамнодушни, сега е време за хуманост, солидарност...

Continue reading

Продолжува акцијата на „Ротаракт клубот Охрид“

Post Views: 4 Уште од првиот ден на донаторската акција, на членовите на “Ротаракт Клубот Охрид”, спонтано, со иста идеја и цел им се придружи и навивачката група “Рибари” од Охрид. Уште од првиот ден на донаторската акција, на членовите на “Ротаракт Клубот Охрид”, спонтано, со иста идеја и цел им се придружи и навивачката група “Рибари” од Охрид, кои несебично, посветено и искрено се заложија за реализирање на оваа акција, па поради взаемно пројавената желба за продолжување на донаторскиот настан, а и поради придонесот и заинтересираноста...

Continue reading

pomos srbija

Охрид деновиве дише и живее со хуманост

Post Views: 7 Граѓаните и компаниите од Охрид покажаа висок степен на хуманост, солидарност и масовно се одзваа на акцијата за помош на настраданите во поплавите во Србија и Босна и Херцеговина, изјави градоначалникот Никола Бакрачески. Од денес пред општинската зграда е отворен нов пункт, каде од 9 часот наутро па се до 16 часот може сите кои сакаат да донираат хуманитарна помош. Бакрачески на своите сограѓани им порача, секој во рамките на своите можности да продолжат и понатаму да донираат, со цел на настраданите во поплавите да им покажеме  дека не се сами и имаат пријатели во...

Continue reading

droga

На патниот правец Кичево-Охрид запленети 33 килограми марихуaна

Post Views: 1 Полициските службеници заплениле 33 килограми висококвалитена дрога марихуана, информира портпаролот Стефан Димоски. СВР Охрид акцијата ја спровела на 4 мај на полноќ на магистралниот патен правец Охрид- Кичево. Дрогата е внесена преку црн нарко канал за продажба на ова подрачје, напоменува Димоски.„ Приведен е еден албански државјанин за кој полициските службеници подолго време имаа сознанија дека е еден од главните организатори на овој црн нарко пат и на нелегалната трговија со дрога. Успешно ја реализираа акцијата и на лице место на магистарлниот пат Охрид – Кичево,...

Continue reading

logo

„Вашиот прилог-значајна помош“

Post Views: 9 Во рамките на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележување на Неделата на солидарност од 22 – 30 април 2014 год., под мотото “ВАШИОТ ПРИЛОГ – ЗНАЧАЈНА ПОМОШ”, Црвен крст Охрид, со цел подигање на нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население, организира хуманитарна собирна акција за  обезбедување на помош во храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина, детски играчки и парични средства, која Ќе биде наменета за социјално загрозените лица, старите лица и лицата со посебни потреби од Охрид и Дебарца. Апелираме...

Continue reading

tvorba

ОУ „Христо Узунов“ и „Кочо Рацин“ успешни на конкурсот „Македонија – земја на цвеќето, земја на розите“

Post Views: 2 Во рамки на акцијата „Македонија – земја на цвеќето, земја на розите“ која се одржа во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, а поддржана од Влада на Република Македонија, општина Охрид зеде активно учество и успешно ја спроведе акцијата преку нејзино организирање и спроведување на креативни активности во основните училишта. По тој повод основните училишта зедоа учество на Конкурсот за изработка на креативни предмети и творби на тема „Македонија земја на цвеќето – земја на розите“. Меѓу најуспешните на конкурсот беа ОУ „Христо...

Continue reading

rozi

Розите се враќаат во Охрид

Post Views: 5 Во акцијата на Министерството за животна средина „Македонија земја на цвеќето- земја на розите“ што ќе се одржи на  овој петок, 21-ви март, со активности на Одделението за заштита на животната средина и Одделението за образование, ќе се вклучи и општина Охрид. Локалната самоуправа во содејство со ЈП „ Охридски комуналец“  ќе организира граѓанска акција, во која на претходно определени јавни парковски површини ќе се засадат рози, а во основните училишта ќе се организираат продажни изложби на рачно изработени предмети. Во дворовите на основните училишта, во рамките на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top