Ознака: акцијата

Акцијата за расчистување на снежните наноси продолжува и вечерва

Post Views: 0 Продолжува акцијата за расчистување на снежните наноси. Вечерва повторно се чистат критичните точки низ градот. Во акцијата се вклучија и јавните претпријатија „Нискоградба“ и „Билјанини извори“ со сопствена механизација и луѓе. Според последните информации поголем дел од критичните точки се исчистени и фрлено е ризла и песок. Во најголем дел тротоарите и пешачките патеки се веќе расчистени.  Благодарност до кафе бар „Инстикт“, кафе бар „Летница“ и „Кожувчанка“ за донираните топли напитоци и сокови за сите што се вклучени во активностите на Комуналец за расчистување...

Continue reading

Извинување и оставка на премиерот на Јужна Кореја

Post Views: 0 “Се извинувам што не ја спречив оваа несреќа и што не одговорив адекватно за да не дојде до тоа. Верувам дека како премиер морам да ја превземам одговорноста и да дадам оставка”, рекол Чунг во обраќањето до јавноста, која директно го пренесувала јужнокорејската државна телевизија. Претседателот на Јужна Кореја ја прифатил оставката на премиерот Чунг Хонг-Вон поради трагедијата со бродоломот на траектот, кога загинаа или исчезнаа повеќе од 300 лица. Владата во Сеул, како и сите други органи на власт, во изминатите денови биле изложени на остри критики на јавноста поради...

Continue reading

Охридскиот Градоначалник најави од следната недела продолжување на акцијата за рушење дивоградби

Post Views: 14 По кој принцип ќе се отстрануваат дивоградбите и дали општината има одреден план и методологија ја интересира опозицијата во градскиот совет. Ова беше првото од низата прашања кои советниците му ги упатија на градоначалникот Константин Георгиески и на општинските служби на денешната седница наменета за советнички прашња. „Дали е во тек на изработка и методологија по која ќе се води ЛС во изготвување на листи на приоритет за објекти за уривање. Пред се голем е интересот на граѓаните посебно на оние на кои објектите им се во ризик за одстранување“. Министерството за транспорт...

Continue reading

Во Украина има жртви од обете страни

Post Views: 2 Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков известил дека во борбите во градот Словианск загинал еден украински војник додека петмина се ранети, пишува Reuters. “Има мртви и ранети од обете страни”, напишал на Фејсубк Аваков. Од друга страна Russia Today известува, повикувајќи се на извори на протестантите, дека во борбите загинале три лица, од кои двајца се припадници на “десниот сектор”. Украинскиот министер Арсен Аваков порано објави дека е покрената антитерористичка акција во градот Славианск на истокот од државата каде проруски активисти вчера завзеле...

Continue reading

mesto na ubistvo

Се случи првото убиство на полиција во Исланд

Post Views: 0 Убиениот 59-годишен маж пукал од сачмарка во својот стан на истокот во главниот град Рејкјавик. Од полицијата изразиле сочувство до семејството на убиениот. Се истражуваат неговите мотиви. Вчера за прв пат во историјата на Исланд полицијата во вооружена акција убила човек. Убиениот 59-годишен маж пукал од сачмарка во својот стан на истокот во главниот град Рејкјавик. За да го совладаат, полицајците низ прозорот фрлиле солзавец. Кога влегле во зградата почнал да пука кон нив, по што го застрелале, пишува BBC. Во акцијата учествувале од 15 до 20 полицајци кои на употреба...

Continue reading

Tuluz

Уапсено лицето осомничено за убиствата во Тулуз

Post Views: 4 Францускиот министер за внатрешни работи Клод Геан потврди дека е уапсенo 24-годишно момче на прв кат на мала зграда во дистриктот Кот Паве, која важи за мирна станбена област во Тулуз. Во акцијата тројца полицајци биле повредени. „Тој тврди дека е муџахедин и дека е припадник на Ал Каеда“, изјави Геан на местото на настанот, додавајќи дека мотивот на напаѓачот била одмазда за убиени палестински деца и поради ангажирањето на француската армија во меѓународни воени интервенции. {loadposition content9}  

Continue reading

zimski corapi

Зимски чорапи од Јужнокорејците за браќата во Северна Кореја

Post Views: 11 Акцијата е иницирана во рамки на кампањата за помош на сиромашните соседи кои ги трпат последиците од силната зима, јавува јужнокорејската агенција Јонхап. Околу 50 активисти од Меѓународната мировна организација „Корејски полуостров“, упатија џиновски балони со 800 чифта зимски чорапи од туристичката тврдина во градот Паџа, во близина на границата со Северна Кореја. „Знаеме за страдањата на нашите браќа во Северна Кореја. Ве молиме да ги сочувате вашите животи до конечното обединување“, рекол еден од организаторите на кампањата. Балоните често се користат за на северниот...

Continue reading

studentka

Универзитетски стипендии за девици

Post Views: 2 Челниците на еден град во Сиера Леоне нудат петтогодишна стипендија на девојките кои ќе ветат дека ќе ја сочуваат својата невиност до крајот на универзитетските студии.Целта на оваа необична одлука е да се намали бројот на тинејџерската бременост, истакна еден од челнеиците на јужниот град Бо, додавајќи дека тим од женски лекари е задолжен да ја потврди невиноста на кандидатките. Акцијата, меѓуота, наиде на критики од одреден број родители, како и од оранизацијата за заштита на женските и граѓанските права кои сметаат дека со тоа се кршат човечките права на девојките...

Continue reading

carabineri

Операција „Минотаур“ против италијанската мафија

Post Views: 5 Повеќе од 140 припадници на озлогласениот калабриски клан Ндрангета се уапсени измината ноќ во голема полициска операција против припадниците на мафијата. Околу 1.300 карабињери се вклучени во акцијата „Минотаур“ која се спроведува во Торино, Милано и Модена во северниот и Реџо Калабрија во источниот дел на земјата. Во соработка со одделението за борба против мафијата во Торино, за време на операцијата се извршени бројни претреси. Полицијата привела локални политичари кои се сомничат за здружување со мафијашки групи. Истрагата за акцијата „Минотаур“ траела четири години....

Continue reading

Георгиески: Ќе продолжи акцијата за отстранување на дивоградби и расчистување на крајбрежјето

Post Views: 0   Без оглед на одлуката на Уставниот  суд, со која се запира Уредбата  на Владата за враќање на плажите во првобитна состојба,, ќе продолжи акцијата за отстрнување на дивоизградените објекти и раслчистувањето на крајбрежието. Првиот човек на општина Охрид  вели  не му е потребна уредба или каква било друга одлука од Владата за да урива дивоградби,  бидејќи тоа е надлежност на Општината. Според охридскиот градоначалник  во уредбата на Владата не се споменува дека Општина Охрид треба да урива туку дека Пазарниот инспекторат и Управата за јавни приходи  треба да го затворат...

Continue reading

Со рушење хотел продолжи акцијата за отстранување дивоградби

Post Views: 0 Со уривање на хотелот „Грин спејс“ во близина на езерскиот брег, непосредно до стариот пат за Струга денеска продолжи  акцијата за отстранување на бесправно изградени објекти. Засега процесот на отстранување нелегални објекти се одвива без поголеми проблеми согласно позитивните решенија за отстранување бесправни објекти и донесените заклучоци, вели Градоначалникот Константин Георгиески. „ Има доста заклучоци но со оглед дека сега се отстрануваат објекти кои се во крајбрежјето, покрај тие што беа урбана опрема , сега и поголеми објекти се отстрануваат затоа што имаме...

Continue reading

Акцијата за отстранување нелегални објекти на плажите продолжи на Канео

Post Views: 0 Утрово на плажата Канео, како што беше најавено од општината,  продолжи акцијата за отстранување нелегални градби и урбана опрема согласно владината уредба за враќање на плажите во првобитна состојба со цел вoведување ред на крајбрежјето по препораките на УНЕСКО. До денеска општината им даде рок на сопственици на објекти на потегот на крајбрежјето во делот на населбата „Канео“ како и Далјан и од „Свети Стефан“ до „Градиште“ на источното крајбрежје, сами да ги отстранат платформите и урбаната опрема кои нелегално ги поставиле. Туристичките работници сметаат дека со...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top