Здружението „Брег на младоста“ќе помага во поплавените региони

50 охрѓани членови на здружението „Брег на младоста“ наредниот месец ќе одат на помош во градовите кои беа погодени од катастрофалните поплави во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.

 |  Николоска Биљана  | 
poplava srbija
поплава србија

stevoskiОхридското здружение „Брег на младоста“ ќе помага на настраданите во поплавите од Србија, Босна и Хрватска. Членови на здружението, од 18 до 60 години подготвени се некаде кон средината на месец јуни да заминат во градовите погодени од катастрофалните поплави, со цел да помогнат во изградба, санација и ревитализација на просторните и животни услови на тие места. Зоран Стевоски од здружението вели дека следуваат подготовки и медицински обуки на луѓето кои ќе помагаат.

„Во овој момет не можеме да тагуваме, не можеме да бидеме рамнодушни, сега е време за хуманост, солидарност и акција. Во теков на наредниов месец 50 членови од здружението „Брег на младоста“, ќе присуствуваат на расчистувањето на погодените региони на изградбата заедно со здружението од Скопје и сите останати 22 здруженија од поранешната Југославија. Се надеваме дека акцијата ќе биде успешна и ќе ја покажеме својата права намена и постоење “ – вели Стевоски.

atanasovАкцијашките средби годинава ги дислоциравме, наместо забави на брегот на Охридскот Езеро ќе се дружиме во погодените подрачја, вели Ацо Атанасов од здружението „Брег на младоста“.

„Она што ни го пренесуваат колегите од погодените подрачја е многу потешка од она што го гледаме на телевизија. Навистина е катастрофална состојбата со полавените подрачја“ – рече Атанасов.

Мотото на акцијата е “Зборот и целите преточени во акција“. Од „Брег на маладоста“, потсетуваат дека токму преку волонтерство и акцијаштво беа изградени  водоводот Охрид – Метропол, патот Охрид – Ресен, ископините на Охридскиот амфитеатар, телекомуникациски и други објекти и простори во Охрид и регионот. Сега повторно е време големата човекова идеја за солидарност и хуманост да се изрази преку волонтерска активност и акција, додаваат од таму.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top