Ознака: акцијата

den na drvoto

Акцијата „Ден на дрвото“ успешно спроведена и Охрид и Струга

Post Views: 3 Прeтеседателот на советот на Општина Охрид, како и претставници на Локалната, засадија садници на клучката пред влезот на Охрид. Пратеничките од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се приклучија кон акцијата, засадувајќи садници во паркот во Струга. „Ајде на садење, батали политика“. Под ова мото, по седми пат во нашата држава се одржа акцијата Ден на дрвото. Покрај учениците од основните и средните училишта од нашиов град, кон истата се приклучија и членовите на Советот на општина Охрид, кои го пошумуваа делот кај клучката на влезот на Охрид, со садници кои ги обезбеди ЈП „Охридски...

Continue reading

den na proletta

Пролеттна генералка

Post Views: 1 Во првиот дел од пролетта, еколошки акции во Охрид.  Ова беше повод секој на свој начин да придонесе во чистење на својата околина. Дечињата од основните училишта утрово беа припомош на вработените од ЈП Охридски Комуналец и помогаа при расчистување на дворовите на училиштата. Се расчистуваше и Охридското крајбрежје и тоа посебно во населбата Даљан. Акцијата се спроведе и покрај фактот што со овој дел не стопанисува локалната самоуправа, туку владата. Директорот на ЈП Сашо Алче вели денешната акција е симболична и дека преку неа праќаат порака до надлежните дека ова...

Continue reading

nurkaci

Финално чистење на езеро од неексплодирани убојни средства

Post Views: 2 Продолжува проектот за чистење на Охридското езеро од неексплодирани убојни средства. Акцијата која ќе се спроведува околу 30 дена, е продолжение на минатогодишната со која од  водите на Охридското езеро беа извадени над 7 тони неексплодирани убојни средства, од балканските војни поточно од првата и втората светска војна. „И годинава по налог на Владата на Р Македонија ќе се изврши целосно прочистување на езерото од овие неексплодирани убојни средства. Минатата година беа извадени околу 7,3 тони нееексплодирани средства кои се отстранети околу езерската полиција, пештани,...

Continue reading

Tocko

Апел до охридските политичари да ја покажат својата хуманост

Post Views: 1 Општинската Организација на црвениот крст од Охрид, во предвечерието на празникот Св.Климент Охридски, ќе организира крводарителска акција, со која ќе се обиде да ја анимира политичката елита од градов, да престане со говорот на омраза и својата хуманост да ја покаже на дело. Претседателот на Црвениот крст од Охрид, Сашо Точко објасни дека младите и влијанието кое врз нив го има говорот на омраза, се причината поради која ја организираат оваа акција. Точко додава дека крајно време е политичарите во нашата држава, вклучително и политичарите од нашиов град, да престанат...

Continue reading

parkiranje

СВР не простува, постојано крева автомобили

Post Views: 11 Пајак Службата со полни раце работа. Постојано демне и ги подига сите автомобили кои се неправилно паркрани на јавна површина. Оваа акција посебно беше изразена изминативе денови во населбата Билјанини извори. Жителите од овој дел на Охрид бараат спас но јавно не сакаат да проговорат за новонастанатиот проблем, плашајќи се дека ако јавно проговорат тогаш ќе бидат мета во следните акции. „Никој не замерува што се подигнуваат автомобилите кои се паркирани на тротоарите или оние кои подолг период се стационирани на едно место, нам ни смета што се подигнуваат сите, дури...

Continue reading

kej

Што е следно….тенк?!

Post Views: 1 Охридското езеро продолжува на своите брегови да исфрла експлозивни направи. Денес, случаен минувач забележал сандак полн со експлозивни средства. Подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување од Охрид, е носител на акцијата за безбедно складирање и уништување на истите. Раководителот на единицата Васа Стефкоска информира дека станува збор за околу 40 експлозивни направи, од кои 36 се против пешадиски распрскувачки мини, 3 рачни бомби со дрвена рачка и 4 запалки за бомби со дрвена рачка. Според Стефкоска, експлозивните материјали потекнуваат од првата светска...

Continue reading

kanal

Се чистат речните корита во охридскиот реон

Post Views: 18 Речните корита на Сатеска, Коселска река и Грашница се чистат. Досега најчеста слика на речните корита, чии води се влеваат во езерото, беше деформирани водотеци затрупани со најразлични видови  отпад, па се до паднати или изникнати дрвја. Сега се расчистува отпадот и се сече вегетацијата, а на некои места се преформираат речните водотеци вели раководителот на Центарот за управување со кризи Митко Темелкоски. Ваквите активности започнале  пред три месеци со расчистување на коритото на реката Сатеска од утоката во Охридското езеро, па се до селата Волино и Климештани....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top