На патниот правец Кичево-Охрид запленети 33 килограми марихуaна

На патниот правец Кичево-Охрид запленети 33 килограми марихуaна.

 |  Валентина Неловска  | 
droga
droga

Полициските службеници заплениле 33 килограми висококвалитена дрога марихуана, информира портпаролот Стефан Димоски. СВР Охрид акцијата ја спровела на 4 мај на полноќ на магистралниот патен правец Охрид- Кичево. Дрогата е внесена преку црн нарко канал за продажба на ова подрачје, напоменува Димоски.
droga
„ Приведен е еден албански државјанин за кој полициските службеници подолго време имаа сознанија дека е еден од главните организатори на овој црн нарко пат и на нелегалната трговија со дрога. Успешно ја реализираа акцијата и на лице место на магистарлниот пат Охрид – Кичево, на патот кој води кон селото Волино, е затекнат албанскиот државјанин и во непосредна близина е пронајдена една црна платнена торба со 32 паковки на марихуана“, информира  Димоски.

Дрогата  е запленета, а е одземено и патничкото возило марка Пасат со кое управувал  42 годишниот албански државјанин од Поградец. Лицето  е притоворено и му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Вредноста на запленетата дрога на нарко пазарот се проценува на околу 66.000 евра.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top