Ознака: август

skuteri

Забрана за скутери на македонските езера

Post Views: 1 Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, забраната се однесува на пловните објекти „скутери“ со јачина поголема од 45 kw кои можат да пренесуваат максимум 3 лица. Ограничувањето важи од 11 до 18 часот секој ден за целата водена површина на трите езера, а е со времетраење до 20 август. Одлуката е донесена за заштита на граѓаните и сите домашни и странски посетители на езерата, односно поголема безбедност на капачите и заштита на животната средина на природните езера и не се однесува само на скутерите кои се наменети за службени потреби за вршење на...

Continue reading

ветерници

Корејци ќе градат ветерници во Штип

Post Views: 9 Корејската компанија “Самсунг хеви индустри“ ќе вложи 140 милиони евра во изградба на фарма на ветерници во околината на Штип. Инвестицијата доаѓа по формирањето конзорциум меѓу најголемиот производител на електрична енергија во Јужна Кореја КОСЕП, компанијата “Самсунг хеви инсустрис“  и шпанската компанија “Инвал Македонија“. Се предвидува со изградбата на ветерниците да се почне во август следната година, а првите турбини кои ќе произведуваат електрична енергија да бидат инсталирани во 2012 година. Ветерници ќе има на 40 локации со турбини со моќност од 2,5 мегавати. {loadposition...

Continue reading

евн

Августовските сметки за струја, шок за граѓаните

Post Views: 7 Августовските сметки за струја, шок за граѓаните. Многу од нив ги изненади сумата која треба да ја платат за потрошена електрична енергија која е речиси двојно повисока од месеците јуни и јули. Од ЕВН велат дека нема место за загриженост  бидејќи пракса на оваа компанија е неколку пати годишно да доставува паушални сметки. Тоа се прави и во месец август поради годишните одмори кога најголем дел од граѓаните не се во своите домови, па инкасаторите не можат да им ги прочитаат броилата. -Следниот месец состојбата ќе биде порамнета, а корисникот ако сака и сега може да...

Continue reading

pijano fest

Меѓународна академија по пијано од 17 до 27 август во Охрид

Post Views: 0 Уште еден фестивал на мапата на Охрид за промоција на градот. Станува збор за фестивалот Пијано Самер Охрид кој ќе се одржува од 17 до 27 август, а воедно во рамките на фестивалот во исто време ќе се одржува и меѓународната летна академија по пијано.  Јана Бегин организатор на овој фестивал нагласува дека остварувањето на една ваква замисла пред се се должи на поддршката на Лоалната самоуправа на Охрид.   „Самата идеја за организирање на една ваква летна академија потекна од нашето пријателство. Вакви академии досега сме организирале во Верона во Италија, на Бодензе,...

Continue reading

fico

Олдтајмер ревија Охрид 2014

Post Views: 2 Изложбата на 40 –те историски возила произведени до осумдесеттите години ќе се одржи на три локации во градот, кај Чинарот, на шеталиштето и плоштадот Св. Климент Охридски. На изложбата на која најстариот автомобил ќе биде од 1931 година, посетителите ќе имаат можност да ги запознаат и олдтајмерите на екипите од соседните земји. Покрај изложбениот дел , вљубениците на олдтајмерите ќе имаат можност да го проследат и ревијалното возење во сабота, 16 август, од 14:30 часот до месноста Св. Наум и 20:30 часот до хотелот Инекс Горица. Ревијата е од меѓународен карактер, а...

Continue reading

upisi

Започнуваат уписите на охридските факултети

Post Views: 5 На Факултетот за Туризам и угостителство во Охрид, за четиригодишни универзитетски студии вкупно ќе можат да се запишат 285 студенти, од кои 150 редовни, 85 со кофинансирање и 50 вонредни. На насоката Туризам, за четиригодишни универзитетски студии слободни места има 100, на Осигурување 50 и на Царина и шпедиција 15. За тригодишни студии на насоката Гастрономија, исхрана и диететика можат да се запишат 50 студенти, а на Хотелско- ресторански менаџмент 40. На Универзитетот за информатички науки и технологија „Св. Апостол Павле“  слободни се вкупно 440 места, од кои 220...

Continue reading

sovet na mladi

Советот на млади при Општина Охрид го одбележа меѓународниот ден на младите

Post Views: 7 Советот на млади при Општина Охрид, денеска одржа свечена седница по повод 12-ти август, меѓународниот ден на младите. Пред младите од локалниот совет се обрати заменик градоначалникот Ангел Јанев според кого младите се носители на напредокот, науката, технологијата. Тој потенцираше дека младите треба да се слушаат почесто и да бидат погласни, зборувањето да не се сведува на постојано негодување и несогласување со донесени одлуки, туку со предлози, идеи и  зборување, не со сила, туку со аргументи, не со страв туку со храброст, со знаење. Јанев посочи дека младите мора...

Continue reading

Oteks Folk

ФА „Отекс Фолк“ на романскиот фестивал Карпати

Post Views: 15 Фолклорниот ансамбл „Отекс Фолк“ од 9 август  па се до 17 август ќе учествува на Меѓународниот фестивал „Карпати“ во Питеши, Романија. Фестивалот има натпреварувачки карактер и на него ќе учествуваат уште единаесет други ансамбли од светот. Во исклучително силна конкуренција фолклорните ансамбли ќе се борат за  главната награда од 5000 долари. ФА „Отекс Фолк“, кој дo 2011 година функционираше како КУД „Отекс“ е формиран во 1983 година. Во својата 31-годишна традиција има учествувано на многу реномирани меѓународни фолклорни фестивали како во Европа така и во САД, Канада...

Continue reading

happy family

Совршен ден

Post Views: 8 Денешниот ден е најсреќниот ден од годината пишува “Дејли експрес”. Магичната комбинација 6-7-8 ќе ги направи повеќето луѓе бескрајно задоволни, сметаат британските психолози. Бројот 6 одговара на датумот 6-ти август, 7 од 7 часот попладне, а 8 на осмиот месец од годината.Според психолозите оваа комбинација гарантира 100% ведро расположение. Истражувањето  покажало дека 35% од луѓето сметаат дека сабота е најубав ден од седмицата. 20% изјавиле дека е август најпријатен месец во годината, со оглед на убавото време и сезоната за одмор, а луѓето почнуваат да...

Continue reading

cveke

Илинден одбележан во Охрид

Post Views: 3 Македонија и Охрид знае кое е значењето на втори август, рече градоначалникот Никола Бакрачески на денешното чествувањето на Денот на републиката. Тој на сите македонци каде и да се им го честита најголемиот македонски празник и истакна дека денес живееме во време кога еден мал народ по број, но голем по душа се уценува да биде обезличен и идентитетски избришан и да се откаже од заветот кој го дадоа нашите предци пред 111 години и пред 70 год на двата Илиндена од заветот  за кој тие крвареа и страдаа. „Денес во овој нов милениум во време на модерен живот прогрес и просперитет...

Continue reading

ilinden

Македонија утре ги слави двата Илиндена

Post Views: 3 Илинден е празник кој ги обединува сите македонци каде и да се. Денес, еден ден претходно се собравме да го одбележиме најголемиот празник на Македонија и македонскиот народ. Со тоа даваме почит и се потсетуваме на нашите предци кои несебично своите животи ги втемелија во слободата на нашата нација, рече заменик градоначалникот на општина Охрид Ангел Јанев, на денешното одбележување на двата Илиндени. „Денес овде сите ние се присетуваме на двата илиндена кога нашиот народ после повеќе векови почна да се буди како културно, така и политички и почна да го крева својот...

Continue reading

штрајк

Регионалиот СОНК не дава поддршка за протестите на 1-ви август

Post Views: 7 Членовите на синдикатот на охридските основни и средни училишта му вртат грб на Претседателството на СОНК во Скопје. Регионалиот СОНК не дава поддршка на најавениот протест за 1-ви август, вака вчера информираше  претседателот на Регионалниот  одбор на Сонк, Аце Речкоски.  Тој денес е во Скопје. Што се случува таму и дали се пеглаат спротиставените ставови на централата и регионалните синдикални организации, не се знае.  Изјави за медиумите нема. Сега останува неизвесно дали професорите и наставниците од Охрид ќе се приклучат или не  кон протестот што  СОНК го најави...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top