Илинден одбележан во Охрид

Одбележан 2 Август најголемиот македонски празник во спомен паркот на илинденските великани. Свое обраќање имаше градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, а беше одржан и историски час по повод двата Илиндена.

 |  Николоска Биљана  | 
cveke
цвеке

cvekeМакедонија и Охрид знае кое е значењето на втори август, рече градоначалникот Никола Бакрачески на денешното чествувањето на Денот на републиката. Тој на сите македонци каде и да се им го честита најголемиот македонски празник и истакна дека денес живееме во време кога еден мал народ по број, но голем по душа се уценува да биде обезличен и идентитетски избришан и да се откаже од заветот кој го дадоа нашите предци пред 111 години и пред 70 год на двата Илиндена од заветот  за кој тие крвареа и страдаа.

„Денес во овој нов милениум во време на модерен живот прогрес и просперитет на нациите и време во кое човештвото е имплементира Гоцевата мисла за свет како поле за културен натпревар на народите ние сме исправени пред предизвикот да не можеме целосно да бидеме дел од тој свет и сето тоа заради измислениот, наметнатиот и апсуден проблем со нашето уставно име Р. Македонија“– истакна Бакрачески.

cvekeПо повод одбележувањето на Денот на републиката историски час подготви проф. Бобан Блажески. Тој истакна дека со двата Илиндена вековниот идеал на македонскиот народ се постигнал а заседанието на АСНОМ претставувало потврда за постигнатите политички цели, а едновремено и повик за општа мобилизација на македонскиот народ и народностите за конечна слобода, за истерување на окупаторот.

„На втори август во манастирот Прохор Пчински, почна Првото заседание на АСНОМ за кое беа избрани 116 делегати. На заседанието е избран Президиум претседател Методија Андонов – Ченто. Заседанието на АСНОМ за својата работа објави прокламација до македонскиот народ, во која, меѓу другот стои: „ Од тешките борби и пролеаната крв на најдобрите македонски синови излегува денеска првото народно собрание“– објаснува Блажески.

По повод најголемиот национален празник Илинден градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, делегација од претставници на општина Охрид, сојузот на борци и политичките партии, положија свежо цвеќе пред спомен бистите во пспомен паркот на илинденските великани. И како што народот кажал празник без музика не бидува за крај на чествувањето музички настап имаше групата Билјана јуниор.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top