Меѓународна академија по пијано од 17 до 27 август во Охрид

После Верона Италија, Бодензе Греманија, Меѓународна летна академија по пијано за прв пат годинава и во Охрид. Нашата интенција е да се избориме да бидеме меѓу врвните летни настани во Македонија и регионот и фестивалот Пијано Самер Охрид да прерасне во традиција, велат организаторите.

 |  Николоска Биљана  | 
pijano fest
пијано фест

Уште еден фестивал на мапата на Охрид за промоција на градот. Станува збор за фестивалот Пијано Самер Охрид кој ќе се одржува од 17 до 27 август, а воедно во рамките на фестивалот во исто време ќе се одржува и меѓународната летна академија по пијано.  Јана Бегин организатор на овој фестивал нагласува дека остварувањето на една ваква замисла пред се се должи на поддршката на Лоалната самоуправа на Охрид.  

pijano fest„Самата идеја за организирање на една ваква летна академија потекна од нашето пријателство. Вакви академии досега сме организирале во Верона во Италија, на Бодензе, во Германија и на други места и тоа е најнормално во музучкиот свет на класичната  музика значи, летни академии на убави инспиративни локации“– вели Бегин.

Повеќе за учесниците и професорите кажа врвниот пијанист Зоран Имшировиќ кој живее и работи во  Минхен. Тој посебно го поздрави професорот Клаус Шилде, кој според него е еден од најзначајните претставници  на германската клавирска традиција.

„Покрај професорот Клаус Шилде кој секојдневно ќе држи часови за нашите ученици, доаѓаат и многубројни гости. Голем луксуз и на наше големо задоволство е тоа да слушателите на летната академија се многубројни универзитетски професори и концертни пијанисти, што не се подразбира на вакви летни академии со оглед дека сите знаете дека слушателите на летната академија и семинари воглавно се студенти или ученици“ – нагласува Имшировиќ.

pijano festКатерина Летјери учесник на фестивалот Пијано Самер Охрид од Германија, вели дека е многу горда што е учесник на еден настан за пијано од висок ранг.

„Ние сме многу воодушевени од местото, малку истражувавме за местото на концертот и убедени сме дека ќе придонесеме за развој на туризмот во вашиот град и ќе ги привлечеме вистинските луѓе кои се интересираат за култура. Знаеме дека имате и други фестивали преку лето, еден сеуште трае и секако имате развиено култура за музиката“ истакна Летјери.

Како шти информираат организаторите часовите ќе се изведуваат во Музичкото училиште Методи Патче во Охрид секој ден од 09 до 18 часот со пауза за ручек и секој ден ќе има по два концерти во вечерните часови или предавања на стручни музички теми. Свеченото отварање на фестивалот ќе биде на 17 август во недела во 19 и 30 часот во Св Софија.

{loadpsoition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top