Олдтајмер ревија Охрид 2014

За прв пат, во организација на општина Охрид и АКК Примо авј од Скопје, на 15 август со почеток од 18 до 22 часот и 16 август со почеток од 11 до 22 часот, охриѓани и гостите ќе имаат можност да уживаат во ревијалата изложба на олдтајмери „ Олдтајмер Ревија Охрид 2014“.

 |  Мишел Наумоски  | 
fico
фиќо

oldtajmeri Изложбата на 40 –те историски возила произведени до осумдесеттите години ќе се одржи на три локации во градот, кај Чинарот, на шеталиштето и плоштадот Св. Климент Охридски. На изложбата на која најстариот автомобил ќе биде од 1931 година, посетителите ќе имаат можност да ги запознаат и олдтајмерите на екипите од соседните земји. Покрај изложбениот дел , вљубениците на олдтајмерите ќе имаат можност да го проследат и ревијалното возење во сабота, 16 август, од 14:30 часот до месноста Св. Наум и 20:30 часот до хотелот Инекс Горица. Ревијата е од меѓународен карактер, а учество ќе земат екипи од Македонија, Бугарија и Србија.

Се очекува во иднина манифестацијата да добие традиционален карактер, а ревијалното возење да прерасне во меѓународна трка на олдтајмери.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top