Ознака: август

logo

„The Prodigy“ во Август во Охрид

Post Views: 2 Eден од највозбудливите и најатрактивни лајв бендови во светската музичка индустрија на сите времиња, The Prodigy за прв пат ќе има свој open air концерт во Македонија, на 14-ти август, на на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. На првото издание на Ohrid Calling oчекуваме Охрид да биде „нападнат“ од околу 15 илјади посетители од Македонија и од регионот, на настапот на навистина еден најомилените бендови на македонската публика на сите времиња. The Prodigy доаѓаат во Македонија во зенитот на својата кариера, кога тие се огромен скоро стадионски бенд, хедлајнери на...

Continue reading

ucenici

Се намалува бројот на заболени од жолтица

Post Views: 0 Минатата недела (од 22 до 28 септември) се регистрирани 14 новозаразени со жолтица од нив 8 се поврзани (блиски контакти во веќе заразени членови на семејство), додека 6 се епидемиолошки неповрзани, информираат од Центарот за јавно здравје Скопје. Најголем дел 8 од новозаболените се од Шуто Оризари и по еден од Чаир, Сарај, Гази Баба, Карпош, Центар и Бутел. Во однос на возраста, новозаболените лица се на возраст од 0-44 години. Од скопскиот Центар за јавно здравје констатираат дека има тенденција на благо намалување на бројот на новозаболени случаи на ниво на град...

Continue reading

Пријавување штети од невремето на 17ти август

Post Views: 0 Од локалната самоуправа ги повикуваат граѓаните (физички и правни лица) кои сметаат дека невремето проследено со врнежи од дожд, град и ветер кое го зафати подрачјето на Општина Охрид во петокот, 17ти август, им има нанесено материјална штета на нивните имоти ( угостителски објекти, станбени објекти, земјоделски објекти, деловни простори и друго.) , истата да ја пријават во просториите на општина Охрид. Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 8 до 16 часот во Општински услужен центар, во архива на Општина Охрид, или на телефонскиот број 046/262-492....

Continue reading

„Денови на мед“, „Вино и сирење“ и „Охрид крафт експо“ од 07 до 14 Август

Post Views: 7 Во организација на општина Охрид, Сектор за туризам и ЛЕР, и оваа година ке се одржат манифестациите  во период од 07 до 14 Август, 2018г на плоштадот Крушевска Република. Посетителите на овие манифестации ќе имаат можност повеќе да се запознаат со локалните производи на ова поднебје. Манифестацијата “Денови на мед” ќе се оджи во период од 07-09 Август, 2018 на која ќе се промовираат медот и производите од мед, а истата ќе биде одлична можност за охриѓани и гостите во Охрид да вкусат квалитетен мед и производи од мед.  Фестивалот “Вино и сирење 2018” ќе се одржи на 10-11Август,...

Continue reading

Охрид го одбележа 2 август Денот на државноста на Македонија

Post Views: 9 Охриѓани го чествуваа 2 август Денот на македонската државотворност. Се одбележаа датумите на двата Илиндени 115 години од почетокот на Илинденското востание и 74 години од оджувањето на Првото заседание на АСНОМ. Историчарот, проф. Ристо Николески направи историски осврт на развитокот на државата на македонскиот народ. „Државата на македонскиот народ е плод на тешки и долготрајни борби. Иако историјата на македонската нација и македонската државност има многу сличности по својот развоен пат, со многу неисториски народи од некои од словенски држави и народи, но има специфики...

Continue reading

На 2 Август во Охрид ќе се одржи првата трка од Македонски Куп во далечинско пливање

Post Views: 10 На 2 август, на Охридското езеро ќе се одржи официјалната, прва трка на Македонскиот Куп во далечинско пливање. Од почетокот на пријавувањето на учество до денес за ова пливачка манифестација пристигнале пријави од 50 – тина пливачи, информира Александар Маленко, претседателот на Пливачката федерација на Македонија. Пливачите ќе се натпреваруваат во 4 категории, мажи и жени. Категоризацијата опфаќа пливачи до 14г, до 16г, до 18г и апсолутна категорија. „ ПФМ согласно националната пливачка програма од 29 декември на далечинско пливање за пат направи Македонски...

Continue reading

Од вечерва се до 20 август Охрид е центар на културата со Фестивалот „Охридско лето”

Post Views: 7 Охрид очекува спектакуларно отворање на фестивалот Охридско лето. Големите оперски ѕвезди, сопранистката Елена Мошуц и тенорот Калин Братеску, под диригентската палка на Николае Молдовеану , а во придружба на оркестарот на Македонската филхармонија ќе приредат незаборавно доживување за посетителите на Антички театар. Скромна во своите побарувања околу престојот и настапот во Охрид,  без посебни барања кои наликуваат на големите ѕвезди, Мошук не го криеше задоволството што е дел од еден голем културен бренд, фестивалот „Охридско лето“, но и што престојува во, како што...

Continue reading

strelci

Охридските стрелци се подготвуваат за европското првенство

Post Views: 0 На крај на месц јули од 29 до 14 август во Белград се одржува европско првенство во гаѓање со малокалибарна пушка. На овој натпревар учество ќе земат пет наш стрелци доколку остварат норма. „ Тоа се Нина Балабан, Шишкоски Михаил, Здравески Горан , Гоџоска Верица и Апостолоски Бобан. Подготовките ќе течат овој месец до крајов на јуни кој ќе успее да обезбеди 570 круга и покрај тоа што федерација нема да може да не финансира со средства што сме ги добиле од локалната самоуправа да обезбедиме сместување и превоз за децата за да можат да настапат, бидејќи ни е најблиски,...

Continue reading

Бездомните кучиња во стaционарот на Мауцкер ќе останат до август

Post Views: 0 50 -те кучиња кои се сместени во привремениот стационар на Мауцкер ќе останат згрижени до месец август. Единствената волонтерка која во моментов се грижи бездомните животни да добијат хуман третман и да не се на улица најавува повлекување од својата повеќегодишна мисија и заминување во странство. Вилдана Садикоска, која остана сама во борбата за грижа на бездомните кучиња, на својот Фејсбук профил меѓу другото напиша. „Жал ми е, но не можам да помагам веќе, не ми остана енергија за борба, бидејќи немам веќе надеж. До сега се спасени многу кучиња од улица, вдомени, згрижени....

Continue reading

bei dao

Беи Дао е добитник на „Златниот венец“

Post Views: 4 Годинешниот лауреат, добитникот на златниот венец на поезијата на Струшките вечери на поезијата, Беи Дао е роден во Пекинг на втори август 1949-та година. Беи Дао е всушност неговиот псевдоним, кој е подарок од негов близок пријател, како почит кон северно кинеската провинција од каде се неговите корени. Беи Дао во превод значи северен остров, а Неговото вистинско име е Зао Зенкаи. Дао е еден од најистакнатите поети од таканаречената Емотивна школа, а неговите поем ибиле инспирација за петтоаприлското демократско движење од 1976-та година, познатите мирни протести од...

Continue reading

poplava

Пари за покривање на штетите од елементарни непогоди, после изборите

Post Views: 3 По изборите ќе започне обесштетувањето на граѓаните кои претрпеа материјални штети во 19-те елементарни непогоди од 2010 до 2013 година. Милион и двеста илјади евра одвои Владата  за обесштетување на граѓаните ќио претрпеа материјална штета во реигстрираните 19 елементарни непогоди кои за зафатија нашата земја во периодото од 201-0-2013 та година. Земјоделците ќе бидат обесштетени од силниот град во Дебарца во јули минатата година, за поплавите во февруари лани во Свети Николе, Штип, Василево и Радовиш, за невреме во Гази Баба во јуни. Дел од средствата ќе бидат наменети...

Continue reading

28-ми август неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Post Views: 1 Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), сабота, 28-ми август 2021 година, Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија. Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top