Пријавување штети од невремето на 17ти август

Од локалната самоуправа ги повикуваат граѓаните (физички и правни лица) кои сметаат дека невремето проследено со врнежи од дожд, град и ветер кое го зафати подрачјето на Општина Охрид во петокот, 17ти август, им има нанесено материјална штета на нивните имоти ( угостителски објекти, станбени објекти, земјоделски објекти, деловни простори и друго.) , истата да ја пријават во просториите на општина Охрид.

 |   | 

Од локалната самоуправа ги повикуваат граѓаните (физички и правни лица) кои сметаат дека невремето проследено со врнежи од дожд, град и ветер кое го зафати подрачјето на Општина Охрид во петокот, 17ти август, им има нанесено материјална штета на нивните имоти ( угостителски објекти, станбени објекти, земјоделски објекти, деловни простори и друго.) , истата да ја пријават во просториите на општина Охрид. Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 8 до 16 часот во Општински услужен центар, во архива на Општина Охрид, или на телефонскиот број 046/262-492. Лице за контакт од Општина Охрид за пријавување на штетите е Радован Вељаноски, Претседател на Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди. Покрај барањето, пријавите треба да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и доказ за сопственост на имотот (имотен лист), а доколку лицата поседуваат фотографии од штетите, истите да ги приложат кон барањето.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top