Започнуваат уписите на охридските факултети

Првиот уписен рок на охридските факултети е утре и задутре, односно 14ти и 15ти август.

 |  Јаковлева Лионела  | 
upisi
уписи

На Факултетот за Туризам и угостителство во Охрид, за четиригодишни универзитетски студии вкупно ќе можат да се запишат 285 студенти, од кои 150 редовни, 85 со кофинансирање и 50 вонредни. На насоката Туризам, за четиригодишни универзитетски студии слободни места има 100, на Осигурување 50 и на Царина и шпедиција 15.
За тригодишни студии на насоката Гастрономија, исхрана и диететика можат да се запишат 50 студенти, а на Хотелско- ресторански менаџмент 40. фту
На Универзитетот за информатички науки и технологија „Св. Апостол Павле“  слободни се вкупно 440 места, од кои 220 за редовни студенти, 110 редовни со кофинансирање и 110 места за вонредни студенти. Од нив, на Факултетот за компјутерски науки и инженерство  може да се запишат 80 студенти, на Факултетот за комуникациски мрежи и безбедност има 80 слободни места, на Факултетот за применети информатички технологии, машинска интелегенција и роботика 120, на Факултетот за информатички системи, визуелизација, дигитална мултимедијална и анимациска техника може да се запишат 80 студенти.
Резултатите од пријавувањето и успехот во средно образование ќе бидат објавени на 19 август на Факултетот за Туризам и угостителство, и на 20 август на „Св. Апостол Павле“.
Запишувањето на кандидатите на двата охридски факултети ќе биде на 25-ти и 26 август.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top