Ознака: хотел

rucek so lebedi

Ручек со лебеди

Post Views: 9 Гостите од хотел Дрим, во првиот ден од Новата 2011 год. ручаа со лебедите. На присутните, менаџерскиот ти на хотелот им понуди традиционална македонска храна. Гостите позитивно изненадени и задоволни од специјалитетите, амбиентот но и уникатната идеја. Традиционална македонска храна, топла ракија, топло вино, ѓомлезе… е дел од трпезата која им беше поставена на гостите од хотелот Дрим. Присутните и покрај студеното време, сепак презадоволни од идејата, храната и уникатната идеја на хотелскиот  менаџерски тим.„Ручек со лебедите“, нова понуда, која за своите гости...

Continue reading

Колекторска шахта го поплави патот накај хотел Парк

Post Views: 10   Дефект на колекторскиот систем целосно поплави дел од патот од потегот кај плажата Бела Виста накај хотелот Парк. Минувачите на пат кон плажите кога ќе стигнеа до езерцето формирано од нечиста колекторска вода се враќаа назад. Оние поупорните прескокнуваа по дрвени палети за да поминат по патот. Од дежурната екипа на МЈП Проаква Работна единица Водовод Охрид, велат дека станува збор за прелевање на колекторска шахта поради запушена канализација од колекторскиот систем.  Додаваат дека нивните екипи како и екипите на ЈП Нискоградба Охрид, работат на отстранување на...

Continue reading

Velice Shumulikoski

„Го сакам БИСЕР“ порачува Величе Шумуликоски

Post Views: 3 Шумоликоски сигурен e дека влегува во дијалог за стопанисување со хотелот „Бисер“ каде состојбата е чиста. Тој, гледа добра иднина за развој на туризмот во Струга и рече, „Хотелот „Бисер“ мора да претрпи детално реновирање бидејќи планирам Европските тимови да ги донесам тука“.Македонскиот реперезентативец не се откажува од своите планови на полето на спортот. Сите зафати околу хотелот кои тој планира да ги направи ќе му ги препушти на татко му а тој само финансиски ќе учествувал, вели тој. Неговите планови се во хотелот „Бисер“ да инвестира 2-3 милиони евра. {loadposition...

Continue reading

flaer

Утре во Охрид „Марш на вистината“

Post Views: 0 Утре, четврток, на 16.04.2015 год. во 14.00 часот во Хотел Ривиера во Охрид, СДСМ ќе одржи прес конференција, на којашто ќе се обрати претседателот на ОО на СДСМ Охрид, Томислав Тунтев. Истиот ден СДСМ во Охрид ќе организира и Марш на вистината, кој ќе започне во 18:30 часот на плоштадот „Крушевска република“, кај чинарот. Маршот ќе заврши на градскиот плоштад, со обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. {loadposition content9}

Continue reading

Охридското езеро го демне опасност

Post Views: 2   Охридското езеро го демне опасност. Колекторскиот систем кој ги прочистува отпадните води кои потоа се влеваат во езерот е стар и дотраен. Честите дефекти на пумпните станици доведуваат до се почести еколошки инциденти. Посебно се критични пумпните станици во Воска и Подмоље кои при поголеми врнежи се надвор од функција, вели Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро. Можеби најкритично е функционирањето на самата пречистителна станица во Враништа бидејќи во неа се влеваат и води од фекалната и од атмосферската канализација што дополнително...

Continue reading

hotel daljan

Хотел Даљан на праг на сезоната со старите рани

Post Views: 0 Хотел Даљан, единствениот хотел на охридското крајбрежје каде што вработените се лица со инвалидност како и нивните гости на прагот на уште една летна туристичка сезона се соочува со старите проблеми. На излезот од Охрид по стариот пат, ниту еден патоказ нема да ве одведе до овој хотелски капацитет. Директорката на хотелот Славица Стефаноска, вели дека сеуште до хотелот се доаѓа по неосветлена, поткопана уличка, од двете страни обраснат со високи капини,трње и друга вегетација а бандерите се испопаднати со кабли кои што висат насекаде. Стефаноска вели дека сликата во...

Continue reading

8ми март

Осмомартовскиот викенд ги наполни капацитетите во градов

Post Views: 3 Хрватки, србинки и црногорки во Охрид за 8ми март. Речиси во сите хотелски капацитети во градов има групи со припаднички на понежниот пол кој овој празник решиле да го прослават токму овде.  Традицијата на организирана прослава за Денот на жената, не се напушта, напротоив, се засилува, велат хотелиерите. Посебно се посетени хотелите во централното градско подрачје кои нудат дводневни, но и тридневни аранжмани за престојниот празник. Нашиот капацитет е исполнет. Имаме гостинки од Србија кои ќе пристигнат на 7ми а ќе останат до 9ти март. Им нудиме добра забава и гастрономски...

Continue reading

torta za ginis

Најдолгата божиќна торта за Гинис

Post Views: 3 Утрово Кинезите ја направија најдолгата торта во светот. Со должина од 1.068 метри, тортата поминува низ две лобија и преку две скали во шангајскиот хотел, за да стигне право во Гинисовата книга на рекорди. Правењето на тортата се одвиваше во хотелот Пудонг Шангри-Ла во Шангај каде 80 кувари, 24 часа макотрпно работеа на 1.068 метри долгата божиќна торта. Во подготвувањето на тортата биле употребени 526 килограми свеж крем, 333 килограми чоколадо, 169 килограми шеќер, 752 органски јајца и 869 килограми пченично брашно, пренесува Shanghai Daily.Оваа торта ги победи претходните...

Continue reading

pristaniste

За пристаништето пред хотел Палас заинтересирани две компании

Post Views: 0 Две сериозни компании се интересирале да го реконструираат руинираното  пристаниште пред хотел Палас, и да стопанисуваат со угостителски објект кој би се изградил на тој простор, тврдат  од Локалната самоуправа. Од таму  не откриваат детали за заинтересираните бизнисмени. Минатата година општината распиша конкурс за идејно решение за уредување на овој  простор за да се  спречи понатамошното негово пропаѓање кое трае со години наназад. „Има најави од 2 компании кои би прифатиле веднаш да стопанисуваат, да работата со тој објект на пристаништето. Со идејното решение треба...

Continue reading

hotel ambasador

Неколку семејства од струшките села ја искористиле понудата на х.Амбасадор за привремен спас од немањето струја

Post Views: 2 Неколку семејства од струшката околина кои разбрале за великодушната понуда на луѓето од хотел Амбасадор, ја искористиле можноста дел од своите тековни работи, од одржување хигиена, затоплување, па и престој во хотелот додека трае ситуацијата со немање струја и вода поради проблемите со снегот. Стефан Николоски од х.Амбасадор вели дека идејата да им помогнат на сите засегнати семејства дошла спонтано откако две семејства уште во првите денови од снежното невреме дошле во хотелот да се загреат, по што Николоски им дал налог на вработените оваа услуга да ја нудат на сите...

Continue reading

kajak

Државно првенство во кајак на мирни води

Post Views: 0 Денес се одржа државното првенство на Македонија во кајак на мирни води. Силите во неколку категории ги одмерија кајакарите од двата охридски кајакарски  клуба Ехо и Стрмец и КК Црн Дрим од Струга. Се веслаше патеката од 500 метри со старт од пред хотел Палас до финишот пред хотел Милениум. Три екипи не учествуваа на државното првенство од непознати причини вели главниот судија Менсур Рифат. „Се одржаа трки на 500 метра во К1 и К2 во сите категории, значи пионери, пионерки, кадети кадетки, јуниори јуниорки, сениори сениорки, времето не послужи“ – изјави Рифат. Претседателот...

Continue reading

granit

За прв пат услуга „all inclusive“ во туристичката понуда во Охрид

Post Views: 0 Годинава за прв пат услуга „Се е вклучено“ во туристичката понуда во нашиот град. Пионери во реализацијата на оваа идеја се луѓето од хотелот „Гранит“ кои велат дека за all inclusive услугата размислувале веќе неколку години, но дека оваа година конечно стигнале и до нејзина реализација. Од менаџментот на хотелот „Гранит“ велат дека нивната одлука да го применат овој модел на работа не е некоја голема иновација со оглед дека во другите туристички дестинации одамна се применува, но додаваат дека овој тип на услуги во туристичките објекти е она што на Охрид му недостасувало....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top