За пристаништето пред хотел Палас заинтересирани две компании

За пристаништето пред хотел Палас  заинтересирани две компании.

 |  Валентина Неловска  | 
pristaniste
pristaniste

Две сериозни компании се интересирале да го реконструираат руинираното  пристаниште пред хотел Палас, и да стопанисуваат со угостителски објект кој би се изградил на тој простор, тврдат  од Локалната самоуправа. Од таму  не откриваат детали за заинтересираните бизнисмени. Минатата година општината распиша конкурс за идејно решение за уредување на овој  простор за да се  спречи понатамошното негово пропаѓање кое трае со години наназад.
pristaniste
„Има најави од 2 компании кои би прифатиле веднаш да стопанисуваат, да работата со тој објект на пристаништето. Со идејното решение треба да се обезбеди максимална функционалност и минимално влијание на околината и езерото.Во идејното решение треба да бидат нагласени естетските вредности на пристаништето и да се вклопат со амбиентот на градот“, напоменува  Џамтоски.

При рекострукцијата и доградбата на просторот на постојното пристаниште мора строго  да се води сметка за димензиите и материјалот со кои ќе биде изградено пристаништето кое ќе се користи за угостителска дејност, подвлекува Џамтоски.

prsitaniste„ Сакаме просторот да биде целосно искористен, а тоа  ќе го обезбеди физибилити студијата. Таа е во постапка , а посе тоа има намера и интерес од 2 серизони  компании кои би го прифатиле тоа идејно решение би го ставиле во функција пристанишето пред хотел Палас“, кажа Џамтоски.

Портпаролот на ЛС додава дека по изработката на Физибилити студијата ќе следува изработка на главниот проект. Инаку во  идејното решение за изградба на угостителскиот објект и информативниот пулт се  дозволени  минимални отстапувања. Димензиите не смее да  го  нарушуваат просторот туку ќе мора да се води сметка за  минимални отстапувања, а површината и понатака да остане иста, напоменува Џамтоски.  За избраното идејно решение општината исплатила хонорар во висина од 35.000 денари на авторите Павлина и Андреј Бундоски и Васко Крстески. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top