Ознака: хотел

bazen

Сака ли Охрид хотелски бренд?

Post Views: 35 Дали ќе дочекаме Охрид да добие брендиран хотел? Години наназад се изнаслушавме за разни инвестициски проекти, што приватни, што од локалната самоуправа, а за волја на вистината и Владата не остана покуса во најавувањето хотелски брендови. Најсвеж приватен проект е „Окото на Охрид“ на локацијата кај ГП „Трудбеник“, за х.Палас се споменуваше хотелскиот конгломерат САС Радисон, од локалната најавуваа холандски инвеститори со спортски комплекс, додека пак Владата шпекулираше со брендот Хилтон. Покрај прашањето колку се инвеститорите заинтересирани за вложување во Охрид,...

Continue reading

turisti

Ни престои ли успешна туристичка сезона?

Post Views: 1 „Ако денот се познава по утрото“, тогаш на Охрид му престои успешна туристичка сезона.  Радува фактот што изминативе месеци но и на стартот на главната туристичка сезона охридските хотели се исполнети со странски гости. Туристичките работници се едногласни дека најголема заслуга за ова се балканските тури, од кои дел е и Охрид. Туристичката агенција „Летс травел груп“ е една една од ретките агнеции во земјава која работи со incoming  туризам, поточно агенција преку која гостите доаѓаат во Охрид. „ До сега имеме реализирано доста групи кои почнаа од крајот на март, април,...

Continue reading

Tose Cocoroski

Нова категоризација на хотелските капацитети

Post Views: 7 Министерството за економија подготвува нов, построг Правилник за категоризација на угостителските објекти и хотелите. Отсега за еден хотел да се стекне со четири ѕвездички, неопходно е да има базен, а за пет хотелот задолжително треба да има базен, фитнес и спа-центар. Новиот правилник предвидува и зголемена квадратура на собите, и тоа 14 метри квадратни за еднокреветна соба за хотел со пет и 12 метри квадратни за соба за хотел со четири ѕвездички. Овие измени нити ги изнанадија, нити разочараа охридските хотелиери. Манаџерот на хотелот Силекс, Тоше Чочороски вели дека...

Continue reading

hotel

Охридските хотели полни за Новогодишните празници, гости се очекуваат и за Водици

Post Views: 0 Од хотел Белведере исто така се задоволни од посетеноста на гостите за време на Новогодишните празници. Со тридневниот аранжман  нивниот  капацитет  бил 100 посто исполнет со гости од соседните земји и од земјава. Во хотел Силекс исполнетоста на капицетот со гости бил 100 посто и тоа од Црна Гора, Србија, Бугарија, Албанија и гости од земјава. Зголемен број на гости очекуваат и за престојните празници Василица и Водици.Гранит пак, бил исполнет со 60 посто од својот капацитет  со гости од соседството, но и со посетители од Полска. Хотелиерите,  се задоволни од посетеноста...

Continue reading

concierge

Елитен хотел, да или не?

Post Views: 14 Никако да се реализира идејата за носење на барем еден од светските хотелски брендови во Охрид. Колку ваквата инвестиција е остварлива и дали истата би била еден вид адреналинска инекција за македонскиот туризам, останува како прашање околу кое експертите во туризмот сеуште со спротивставени мислења. Верица Хајба, претседателката на Комисијата за ЛЕР при Општина Охрид, вели дека за самиот влез на ваков вид инвестција, кај нас сеуште нема услови. „Усилбите неколку години наназад, веќе помина и деценија, да се донеси еден брендиран хотел и недоаѓањето ни е еден индикатор...

Continue reading

karting

Се трупаат проблемите околу земјиштето за елитниот хотел

Post Views: 2 Се редат реакциите околу спорното земјиште кое државата преку тендер го продаде на најповолниот понудувач, туристичката агенција Фибула Травел. Покрај првичните реакции на сопственикот на градежното претпријатие „Трудбеник“ кој тврди дека има корисничко право на дел од парцелата 1.2 која била предмет на тендерот, сега стигнуваат и нови реакции. Последната од оваа низа реакции ни пристигна од сопственикот на приватната фирма ДООЕЛ „Маредо“, односно сопственикот на картинг патеката кај Билјанини извори. Имено тој вели дека не ја оспорува сопственоста на земјиштето и дека...

Continue reading

fibula

Елитниот хотел ќе носи име на светски хотелски бренд

Post Views: 25 Елитниот хотелски комплекс со 5 ѕвездички-стимул за хотелиерите, но стимул и за нови вработувања во оваа област. ТА “Фибула Аир Травел“ денес излезе со подетални информации околу условите за добивање на тендерот за изградба на хотелскиот комплекс. Покрај банкарските гаранции, државата од понудувачот барала во рок од една година да достави проект, да ги плати потребните комуналии и да достави барање за градба. Покрај ова, во рок од 3 месеци од завршувањето со градбата, инвеститорот е должен да го брендира изградениот хотел, а изградбата на хотелот не смее да трае повеќе...

Continue reading

kafe bar

Охрид не е најскапата дестинација на Балканот

Post Views: 26 Охридските хотелиери, со аргументи во одбарана на својата туристичка понуда. Вобичаено станува, со самиот почеток на туристичката сезона, да започне и војната помеѓу, туроператорите и нашите хотелиери. Неодамнешните изјави на претставници на туристички агенции од Скопје дека Охрид е скапа дестинација за македонскиот потрошувач, ги иницираа Охридските хотелиери остро да демнатираат. Директорот на хотел „Инекс“, Олгица Илоска, кажа дека станува збор за една чудна појава која секоја година се повторува, а намерата е само една. Охрид да се претстави како најскапа дестинација...

Continue reading

Gorica

Земјиштето кај „Горица“, златна кокошка за општината

Post Views: 1 Општина Охрид ги доби првите пари од продажбата на земјиштето кај Горица. На сметката од општината  веќе се легнати се околу милион евра, бидејќи износот на целата парцела е нешто повеќе од еден милион евра. Портпаролот на Општината Симон Илиевски информира, дека 80% од износот на уплатените средства кои според Законот за градежно земјиште треба да ги добие општината, се веќе на нејзината сметка. Парцелата е со површина од 15.878 метри квадратни, површината за градење изнесува 6.667, а нејзината максималната бруто развиена површина изнесува 29.343 метри квадратни. Понудата...

Continue reading

concierge

Нема да се гради луксузен хотел во облик на езерски бран

Post Views: 2 Фирмата што најавуваше дека ќе гради хотел во облик на езерски бран, нема пари да го плати земјиштето.Каса градба, скопската компанија која на почетокот на месецов понуди 23 илјади евра за атрактивното земјиште кај Горица, ниту по истекот на 15 дена не ги уплати понудените пари. Освен тоа,  Каса градба не успела да обезбеди ни банкрска гаранција во висина од 200 илјади евра. Каса градба на лицитацијата даде најповолна понуда од евро и пол за квадрат, почетната цена беше едно евро. Газдите тогаш најавуваа дека за 6 години на локацијата ќе никне супер лусузен хотел од...

Continue reading

Hotel Sileks

Награда за „Нов квалитет во туризмот“

Post Views: 8 Инвестициите во сопствениот бизнис се исплаќаат. Охридскиот хотел „Силекс“, од Меѓународниот саем за туризам, кој минатата недела се одржа во Нови Сад, се врати со награда „Нов квалитет во туризмот“. Оваа несекојдневна награда е голем предизвик, успех и заслуга која треба да се оправда, вели менаџерот на овој угостителски објект Тошо Чочороски.„Направивме големи вложувања во време кога бизнис климата се соочува со економска криза“, вели Чочороски. Додава, дека, иако моментот не бил најпогоден, морало да се преземат тие инвестициони зафати, пред се, заради имиџот на хотелот....

Continue reading

Gorica

Трета среќа за луксузен хотел во Горица

Post Views: 11 За изградба на хотел од висока категорија на овој туристички локалитет, Министерството за транспорт и врски со секој несупешен обид за продажба ги менуваше и условите нагласува Петрески. Продажбата првично стартуваше со услови за купувачот да има ланец од 200 хотели и на охридското крајбрежје да изгради хотел од висока категорија, а земјиштето се нудеше по  50 евра од метар квадратен. По неуспешниот обид повторно се намалија критериумите. Купувачот овој пат требаше  да има ланец на хотели со светски бренд, а за земјиштето можеше да се  наддава по цена од 100 евра. Сега,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top