Се трупаат проблемите околу земјиштето за елитниот хотел

Една по една се редат реакциите по објавата дека Фибула Травел е нов сопственик на двете парцели кои предизвикаа многу контроверзии. Последната во редот реакции, стигнува од сопствениците на картинг патеката која се наоѓа токму на една од спорните парцели.

 |  Мишел Наумоски  | 
karting
картинг

Се редат реакциите околу спорното земјиште кое државата преку тендер го продаде на најповолниот понудувач, туристичката агенција Фибула Травел. Покрај првичните реакции на сопственикот на градежното претпријатие „Трудбеник“ кој тврди дека има корисничко право на дел од парцелата 1.2 која била предмет на тендерот, сега стигнуваат и нови реакции. Последната од оваа низа реакции ни пристигна од сопственикот на приватната фирма ДООЕЛ „Маредо“, односно сопственикот на картинг патеката кај Билјанини извори. Имено тој вели дека не ја оспорува сопственоста на земјиштето и дека тоа не е негова цел на интерес, туку проблемот се состои во неговиот договор за закуп на земјиште. Фирмата „Маредо“ има важечки договор за закуп со јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти уште од 2002 година. Договорот за закуп бил склучен за 15 години, а неговата важност истекува на 3ти Април, 2017 година. „Ние не можеме да кажеме дека земјиштето е во наша сопственост, но општина Охрид и ЈП „Билјанини извори“ на кои ја плаќаме киријата, знаат и го поседуваат договорот за закуп. Јас не знам од кои причини Министерството за транспорт и врски не е запознаено со постоењето на овој договор.“-вели сопственикот. Имено според деталниот урбанистички план, местоположбата на идниот хотел е одредена точно на половина од картинг патеката.

planСопственикот вели: Ова не е времен објект кој што може да се дислоцира, туку се работи за асфалтна патека.“ Уште еден куриозитет е што на самата локација на која треба да изникне новиот хотел постои голема цевка од која извира вода за снабдување на градот. Сопственикот ни кажа дека таа цевка е закопана на длабочина од 75 метри и нејзиното отстранување е речиси невозможно. Очигледно се повеќе проблеми се натрупуваат околу оваа контроверзна локација, а се повеќе прашања излегуваат на површина. Сепак навистина чуди фактот што оние што треба да ги даваат одговорите, засега даваат само штури информации.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top