Охридските хотели полни за Новогодишните празници, гости се очекуваат и за Водици

Хотелиерите ги сумираат резултатите од посетеноста за време на Новогодишните празници. Така, хотелиерите на охридската ривиера не го кријат  задоволството од  посетеноста на туристите на нивните објекти.

 |  Валентина Нелоска  | 
hotel
hotel

Од хотел Белведере исто така се задоволни од посетеноста на гостите за време на Новогодишните празници. Со тридневниот аранжман  нивниот  капацитет  бил 100 посто исполнет со гости од соседните земји и од земјава.
Во хотел Силекс исполнетоста на капицетот со гости бил 100 посто и тоа од Црна Гора, Србија, Бугарија, Албанија и гости од земјава. Зголемен број на гости очекуваат и за престојните празници Василица и Водици.
Гранит пак, бил исполнет со 60 посто од својот капацитет  со гости од соседството, но и со посетители од Полска. Хотелиерите,  се задоволни од посетеноста за време на празниците кои поминаа и се оптимисти и за престојните празници Православна Нова година и големата верска манифестација Водици.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top