Охридското езеро го демне опасност

Колекторскиот систем дотраен, индивидуалнат свест на граѓаните на ниско ниво. Охридското езеро во опасност од загадување. Донацијата од јапонската влада за ревитализација на колекторскиот систем, надеж за езерото.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 

Охридското езеро го демне опасност. Колекторскиот систем кој ги прочистува отпадните води кои потоа се влеваат во езерот е стар и дотраен. Честите дефекти на пумпните станици доведуваат до се почести еколошки инциденти. Посебно се критични пумпните станици во Воска и Подмоље кои при поголеми врнежи се надвор од функција, вели Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро.

Можеби најкритично е функционирањето на самата пречистителна станица во Враништа бидејќи во неа се влеваат и води од фекалната и од атмосферската канализација што дополнително ја оптоваруваат нејзината работа со што се оптоварува целокупниот систем, се троши многу струја, а дефектот е многу мал, вели Паноски.езеро

За решавање на овој горлив проблем рака подаде јапонската влада. Минатата година експерти од јапонската владина агенција беа дојдени за да проценат во каква состојба се наоѓа колекторскиот систем. По завршувањето на   проценките јапонската влада изрази подготвеност да покрие дел од трошоците за ревитализација на колекторот за што е потребна контрибуција и од македонската влада. Целиот проект согласно физибилити студијата која целосно ја финансираше јапонската влада, би чинел над 57 милиони евра.

Бидејќи се работи за големи средства ќе треба да се свика донаторска конференција во која меѓународната заедница  или билатерално државите би потпомогнале во довршување и рехабилитација  на колекторскиот систем како што е предвидено во физибилити студијата, вели Паноски.ezero

Пановски смета дека понудената помош од Јапонија претставува голема шанса долгорочно да се заштити Охридското Езеро. Реализацијата на проектот сега зависи од финансискиот аранжман што треба да го договорат владите на Македонија и Јапонија.
Проектот би траел 15тина години.

Инаку, денес во водата по кејот на езерото повторно можеше да се забележимногу цврст отпад како и мрсна дамка која се протегаше од хотел Милениум до хотел Ројал. Паноски вели дека тоа се должи на ниската индивидуална свест на граѓаните кои многу често отпадното масло, а и маслото останато во садовите за греење го истураат во шахтите, а потоа тоа се влева во езерото.

Проблемот не е во националната туку во индивидуалната свест и треба да се зголемат казнените мерки за таа да профункционира, вели Паноски.

Паноски апелира на поголема свест и совест кај граѓаните и на поголема грижа кон ова непроценливо природно богатство.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top