Ознака: туристички

инфо

Охрид ќе се „поднови“ со инфо центар

Post Views: 5 Нивните очекувања се дека со повеќе инфо центри ќе се решат и низа проблеми во туризмот. Надминување на проблемот со промотивен туристички материјал, до кој туристите во моментов тешко доаѓаат. Но, очекувањата се насочени кон елиминирање на грдата слика, со приватните станоиздавачи кои на улица ги нудат своите сместувачки капацитети, нагласува туристичкиот менаџер Стефан Каневче. „Она што се случува со приватното сместување е срам за градот, туристите се влечат за раце, им се тропа по прозорите на автомобилите. Оваа глетка под итно треба да се реши, а инфо центрите се...

Continue reading

Jeliz Karaman Beshir profesor

Младите охриѓани ќе го фалат Охрид пред туристите

Post Views: 25 Како младите охриѓани го доживуваат својот град? Ова е прашање на кое за многу брзо ќе добиете одговор, и тоа не било каков. Учениците од средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ се фатиле во костец со науките за туризмот, културното наследство, историјата, биологијата. Преку нив ќе се обидат да стигнат до суштината на огромното охридско културно наследство, но што е уште поважно, тоа ќе го стават и во употреба. Заедно со своите ментори се пријавиле за проектот на УНЕСКО „Светското наследство во рацете на младите“. Ова се нивните активности и причините зошто...

Continue reading

Ohrid

Субвенциите за in coming туризмот привлечни за странските агенции

Post Views: 0 Во Министерството за економија, минатата година, биле поднесени 200 барања за исплата на субвенции на туристичките агенции кои донесле  странски туристи во земјава.  На туристичките агенции по овој основ им биле исплатени околу 700.000 евра, вели раководителот на секторот за туризам при Министерството  за економија Зоран Николоски. Од бројот на пристигнати апликации останале не реализрани 50- тина барања кои ќе бидат дополнително разгледани. Барањата за субвенциите биле  од странските тур оператори Корендор од Холандија, Чедок од Чешка, Финската -Оур Маткат, Туј од...

Continue reading

ftu

На ФТУ „Германско-македонска тренинг програма и мрежа – Одржлив туризам“

Post Views: 3 Универзитет за одржлив развој Еберсвалде од денеска до 20 јануари е во посета на својот партнер Факултетот за туризам и угостителство Охрид.  Тема на средбите ќе биде  „Германско-македонската тренинг програма и мрежа ‚Одржлив туризам‘ за професори, претставници од мали и средни претпријатија од туристичкиот сектор и други промотери“. Целта на посетата претставниците на Еберсвалде на ФТУ е заедничкиот проект, германско- македонска тренинг програма за професори на македонскиот факултет и за други промотери од државни институции и од приватниот туристички сектор во Македонија....

Continue reading

prezentacija na proekt

Општините од Југозападна Македонија заеднички до квалитетен туризам

Post Views: 2 Формиран првиот туристички кластер во Македонија. Преку овој кластер, со здружени сили на сите општини од овој регион, ќе се промовира туристичката понуда. Целта-подеднаков квалитет на туристичките услуги во целиот регион. Ред се редат начините и алатките кои се користат со цел Охрид и регионот да достигнат висок квалитет на туристичката понуда. Формиран беше туристички кластер на Југозападна Македонија. „Во време на глобализација, вмрежувањето на претпријатијата и соработката меѓу нив во кластери воопшто, подобро се носи со проблемите и кризите“-со оваа мисла координаторот...

Continue reading

promocija

Презентирани македонските туристички потенцијали во Холандија

Post Views: 0 Продолжува промоцијата на македонската туристичка понуда во Холандија и Шведска. Неодамна во Светскиот трговски центар во Амстердам-Холандија, во организација на амбасадорот г-дин Никола Димитров се одржа промоција на Македонија како туристичка дестинација, но и промоција на македонските вина. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија ги презентираше туристичките потенцијали на  Македонија пред повеќе од триесет холандски тур-оператори кои веќе ја нудат Македонија како туристичка дестинација, но и пред тур-оператори кои пројавиле интерес...

Continue reading

Ohrid

Охрид една од 10-те топ дестинации за 2012

Post Views: 11 Според најголемиот пишан туристички водич – Лонли планет, кој е во сопственост на ББЦ, нашиот туристички бисер се најде во друштво на Њу Јорк, Бостон, Порто, Токио, Мексико. „Европјаните константно се во потрага по следната хит дестинација, а пријатната Македонија, од ден на ден добива на популарност, особено поради прекрасните планински лозја, езерата и црквите од византискиот период, а и поради причината што е место преку кое мора да поминете доколку го шетате Балканот. Далеку од бучната престолнина Скопје, духовното срце на оваа земја се наоѓа на само три часа...

Continue reading

concierge

Елитен хотел, да или не?

Post Views: 14 Никако да се реализира идејата за носење на барем еден од светските хотелски брендови во Охрид. Колку ваквата инвестиција е остварлива и дали истата би била еден вид адреналинска инекција за македонскиот туризам, останува како прашање околу кое експертите во туризмот сеуште со спротивставени мислења. Верица Хајба, претседателката на Комисијата за ЛЕР при Општина Охрид, вели дека за самиот влез на ваков вид инвестција, кај нас сеуште нема услови. „Усилбите неколку години наназад, веќе помина и деценија, да се донеси еден брендиран хотел и недоаѓањето ни е еден индикатор...

Continue reading

seminar

Дали Македонија ги следи европските туристички стандарди?

Post Views: 0 Македонија е посебна туристичка дестинација.  Македонија мора да има посебна понуда, посебни туристички производи и тоа никако не сме да биде копија на нешто, велат туристичките експерти. Искуствата од надвор, кои се однесуваат на регулатвивата и стандардизацијата се драгоцени според начинот на кој институциите од туристички развиените земји и региони се поставени, и е добро да се гледа на нив како на паралела и компарација. Во нашата земја туристичката фела и останатите фактори треба да се организираат така, да имаме еден партнер една асоцијација едно тело, да знаме...

Continue reading

Kaneo

Охрид презентиран на Саемот за туризам во Нови Сад

Post Views: 1 Охрид презентиран на саемот за туризам во Нови Сад, кој се одржа од 28ми септември до 2ри Октомври. На саемот присуствуваа претставници на Општина Охрид, хотелиери и претставници на туристички агенции од охридско- струшкиот регион. Од локалната информираат дека штандот на Охрид бил еден од најпосетените и предизвикал голем интерес од страна на српските медиуми, а особено од ревијата „Туристичка призма“. Овој високотиражен весник во најновиот број  објави 11 страници со прилози посветени на Охрид и неговата туристичка понуда.Во рамки на саемот беа доделени и признанија...

Continue reading

tursko-makedonsko prijatelstvo

Турска делегација во Охрид

Post Views: 1 Денес, градоначалникот Петрески беше домаќин на бројна делегација на еден од најразвиените туристички региони во Турција, Мармара. Претседателот на Советот на општина Охрид, Душко Јаковчески, на гостите им ја презентира работата на Советот и локалната администрација, а проф.д-р.Науме Мариноски им ги претстави туристичките потенцијали на Охрид. Градоначалникот Александар Петрески и градоначалникот на турскиот град Сафран болу, потпишаа Договор за збратимување и соработка. Двајцата градоначалници истакнаа дека посебна димензија на збратимувањето му дава фактот што и Охрид...

Continue reading

agencija logo

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ќе се реорганизира

Post Views: 2 Поинтензивен развој на туризмот се гледа во формирање на  Национален комитет за туризам. Во неговиот состав ќе влезат преставници од бројни министерства, агенции и туристичкиот еснаф. Агенцијата за промоција и подршка на туризмот нема да згасне како што деновиве се шпекулира низ јавноста туку ќе се реорганизира. Ова ни го потврдува и директорот на Агенцијата Зоран Стрезоски. Најнова одлука на Владата е да се формира Национален комитет за туризам . Него ќе го раководи претседателот на Владата, потпредседателите за економски прашања и финасии, министерот за економија,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top