Охрид една од 10-те топ дестинации за 2012

Според најголемиот пишан туристички водич – Лонли планет, кој е во сопственост на ББЦ, нашиот туристички бисер се најде во друштво на Њу Јорк, Бостон, Порто, Токио, Мексико.

 |   | 
Ohrid
Ohrid

ohridskoСпоред најголемиот пишан туристички водич – Лонли планет, кој е во сопственост на ББЦ, нашиот туристички бисер се најде во друштво на Њу Јорк, Бостон, Порто, Токио, Мексико.

„Европјаните константно се во потрага по следната хит дестинација, а пријатната Македонија, од ден на ден добива на популарност, особено поради прекрасните планински лозја, езерата и црквите од византискиот период, а и поради причината што е место преку кое мора да поминете доколку го шетате Балканот. Далеку од бучната престолнина Скопје, духовното срце на оваа земја се наоѓа на само три часа возење, во градот Охрид. Прекрасен град со средновековна тврдина која надвиснала над ридчето преполно со цркви и стрмни сокаци и богатиот езерски брег. Лесно можете да најдете приватно сместување за 10 евра по соба, па дури и помалку, додека во екслузивните историски вили, ноќевањето со доручек ќе ве чини помалку од 50 евра. Автобуските линии собраќаат вдолж брегот на езерото, а ќе ве однесат до Националниот парк Галичица каде можете да уживате во прошетките, да уживате во возењето чамец или да најдете место за бањање.“ -стои во најновото издание на Лонли Планет.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top