Tag: туристички

Обука за локални туристички водичи во Општина Дебрца

Преку мобилна апликација локалното население ќе се запознава со вредноста на биодиверзитетот во Белчишкото Блато. Во Општина Дебрца беше одржана обука за локални туристички водичи со цел зголемување на свеста за вредноста на блатото. Во рамки на прегуграничниот проект „Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓугранична област – Conse-pp“ кој се спроведува од македонска и грчка страна беше одржана обука за локални туристички водичи преку која населението се запозна со вредноста на биолошката разновидност во Белчишкото Блато. Обуката беше спроведена во Општина Дебрца...

Continue reading

НУК: Охрид не е скап, цените во главниот туристички центар треба да растат

Цените во главниот туристички центар треба да растат, смета Независната угостителска комора. Градот богат со уникатни природни и културни редности треба да се стреми кон елитен туризам. Државата и оппштината мора засилено да работат на подигнување на стандардите, почнувајки од инфраструктурата. Охрид како туристички центар воопшто не е скап. Наспроти тврдењата и поплаките на граѓаните по социјалните медиуми,  Независната угостителска комора, смета дека цените на хотелските и угостителските услуги на брегот на Охридското езеро  се на нивото на услугата. Градот поседува уникатни културни и природни...

Continue reading

Објавен оглас за субвенционирање на четири туристички дејности

Со цел да се обезбеди помош и поддршка на туристичкиот сектор кој беше најпогоден во пандемијата со Ковид 19, Општина Охрид објави Јавен повик за субвенционирање на четири категории туристички дејности. Со цел да се обезбеди помош и поддршка на туристичкиот сектор кој беше најпогоден во пандемијата со Ковид 19, Општина Охрид објави Јавен повик за субвенционирање на четири категории туристички дејности: ➡️Субвенционирање на даватели на услуги во семестувачки капацитети од малобем на подрачјето на Општина Охрид. ➡️Субвенционирање на туристички водичи на општина Охрид. ➡️Субвенционирање на даватели...

Continue reading

Домашните туристи многу ретко ангажираат туристички водичи за разглед на Охрид и околинатa

Мислат дека знаат се за културно историските знаменитости и најмногу уживаат на езерското крајбрежје. Слабата финансиска моќ на домашните туристи е главната причина за тоа, велат туристичките работници. Македонските туристи кога доаѓаат во посета на Охрид мислат дека знаат се за градот и околината. Во многу ретки случи ангажираат туристички водич за разглед на културно историските знаменитости , вели Љупчо Стојкоски Лепи, туристички работник. Додава дека тоа не е случај само со домашните туристи туку и со охриѓани. Стојкоски ја споменува Мечкина дупка на Галичица и се прашува колку охриѓани...

Continue reading

Македонските туристички водичи испорачаа барања до Владата

Бараат одговор зошто не се опфатени во 5-от сет екомомски мерки за помош. Апелираат институционално решавање на нивниот статус, протоколи за работа и приоритет на листата за вакцинирање. Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници упатија неколку барања до владата за да се подобри нивниот статус. Од почетокот на пандемијата се наоѓаат во тешка економска состојба, а во 5 сет екомски мерки се изоставени од помош на државата. Вклучени беа во 4 пакет економски мерки за помош, а сега прашуваат според кои критериуми туристичките водичи не се опфатени во новиот сет економски мерки....

Continue reading

Туристички агенции во Србија го нудат Охрид за Новогодишните празници со забави во угостителски објекти

Понудите се со багателни цени но она што е скандалозно е што нема ниту збор за рестриктивните мерки кои се на сила во државава за претстојните празници и според кои забрането е организирање на прослави за дочек на новата година. Од агенциите се правдаат дека Охрид им е најбарана дестинација и понудите биле направени пред еден месец кога состојбата со вирусот, според нив, не била алармантна. Познати српски агенции на големо го нудат Охрид за дочек на 2021 година по дисконт цени. Скандалозно е тоа што во програмата на петдневното патување со автобус се нуди богата забава и журки во угостителскиобјекти....

Continue reading

Вевчани наскоро ќе добие современ туристички центар

Привршуваат зафатите со кои старото основно училиште во Вевачни ќе се претвори во современ туристички центар. Објектот ќе содржи музеј, галериии, конгресна сала. Во моментов се врши внатрешно уредување по што за многу брзо ќе следува свеченото отворање . Привршува реконструкцијата на старото основно училиште и негово трансформирање во мултуифункционален туристички објект . На површина од 1.400 квадратни метри  ќе има конгресна сала, сала за семинари, галерии, музејски поставки, фитнес сала, кафетерии  и  други комерцијални содржини. Направен е технички прием на објектот, во тек се јавните набавки...

Continue reading

Домашните туристички агенции бараат помош од хотелите и државата

Домашните туристички агенции трпат тешки финансиски загуби и ја делат неизвесната судбина со целата туристичка индустрија. Бараат поддршка од хотелиерите и од државата за заштита во борбата да преживее во време на пандемијата со Ковид 19. Гаат мала надеж за спас на веќе пропадната сезона во  месеците август и септември, но со голема доза на резервираност во очекувањата.   Домашната како и светската туристичка индустрија трпи големи загуби заради пандемијата со Ковид 19. Домашните туристички агенции трпат тешки финансиски загуби и ја делат неизвесната судбина со сите чинители кои се дел од синџиорт...

Continue reading

Кинеските туристи ги откажуваат априлските туристички аранжмани во земјава

Бројот на кинеските посетители  на Македонија е помал во однос на  земјите во регионот. Кинеските туристи  најчесто  доаѓаат во земјава на т.н. кружни туристички тури. Корона вирусот го зема данокот и во областа на туризмот. Доаѓаат најави со кои се откажуваат аранжманите на Кинеските туристи.Нивниот број е многу помал во однос на земјите од регионот, но туристичките работници во Охрид гледаат со загриженост на откажувањата. Според нивните информации сите пакет-аранжмани кои носат кинески туристи во земјава се откажани како резултат на корона вирусот во нивната земја. Владее страв кај луѓето...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top
Ad