Ознака: туристички

zgrada

Зградата со најоткачена фасада на светот

Post Views: 10 Секој во Бранзвик, Германија има причина да биде воодушевен кога ќе ја погледне најлудата зграда некогаш изградена. Екстериерот на куќата е насликан во стил на графити со уникатна урбана конфигурација. Иако зградата не е во согласност со вообичаените стандарди, таа е еколошка, насекаде се изградени дрвја, а паркингот е исполнет со велосипеди. Денес оваа куќа е една од најпосетените туристички атракции. Среќната Рици куќа била именувана во чест на уметникот Џејмс Рици кој работел на куќата и ги создал невообичаените цртежи. Во зградата никој не живее, а порано била...

Continue reading

Во Дебрца старите куќи се пренаменуваат во туристички апартмани

Post Views: 32 Се поголемо внимание привлекува пренамената на старите куќи во туристички апартмани за сместување гости, во општина Дебрца. Субвенционирањето кое што минатата година го отпочна Владата за оваа намена, допринесе да се зголеми интересот за субвенции на селските домаќинства за туристички цели во општината, истакна градоначалникот Игор Трајкоски. Тој додаде дека со оваа мерка, како и со отворање на национални ресторани „меани“, за кои исто така се предвидени субвенции од државата, се очекува да се зголеми бројот на туристи во општината, која брои 30 села. „Министерството...

Continue reading

Охридските туристички водичи постојано се соочуваат со проблеми

Post Views: 11 Охридските туристички водичи бараат решенија за надминување на слабостите во професијата. Денес  нивното здружение Кеј се состана со  претставници од повеќе инспекциски служби, УЈП и министерството за труд и социјална работа со цел да се изнесат проблемите кои им задаваат главоболка пред новата туристичка сезона. Климент Наумов , претседателот  на здружението на туристички водичи „Кеј“ е задоволен од тоа како нивните права ги штити државата. Сепак на денешната средба ќе бараат измена на членови од Законот за туристичка дејност, но ќе бараат и решавање на нивниот  работен...

Continue reading

avion na Belle air

Стечајот на „Belle air“ оштети и македонци патници

Post Views: 60 Во повеке туристички агенции во Македонија биле продавани билети на авио компанијата „Беле Ер” од Албанија која е во стечај. Некои дебарски тур оператори наведуваат дека печалбари од Дебар имаат купувано авио билети од „Беле Ер” за повеке европски дестинации од аеродромот во Тирана, па сега имаат проблеми. Не се наведува точниот број на продадени авио билети, но притоа изворите велат дека билети на сега веќе пропаднатата авио компанија се продавале и во Струга, Тетово, Гостивар и други македонски градови. Во Тирана денеска е соопштено дека само по стечајот се продадени...

Continue reading

Охрид освојува нови туристички пазари

Post Views: 3   Во интерес на економскиот развој, Охрид има што да понуди и знае како да привлече туристи. Модерните трендови се повеќе го наметнуваат активниот туризам, односно туризам каде гостинот сака да види повеќе дестинации и повеќе туристички производи кои се нудат во регионот. Регионалните пристапи кон привлекувањето на туристи и заедничко излегување на пазар се особено значајни во тој дел сметаат од Секторот за ТЛЕР. Претстои претставување на Охрид на меѓународниот саем за туризам во Солун, на 18 ноември, но овој пат во заедно со градови од неколку земји од регионов, вели...

Continue reading

маркица општина охрид

Четири категории на туристички дејности добија субвенции

Post Views: 6 Согласно одлуката на Комисијата за доделување на субвенции при Секторот за туризам и ЛЕР, донесена е одлука за доделување на вкупно 44 субвенции со вкупен износ од 220 000 денари. Во категоријата за субвенционирање на граѓани за даватели на услуги на сместувачки капацитети од мал обем доделени се субвенции на 12 апликанти. За туристички  водичи доделени се субвенции на 25 апликанти, за даватели на услуги во селски туризам доделена е субвенција на 1 апликант, а во категоријата на даватели на услуги поврзани со воден превоз и други рекреативни активности на  вода доделени...

Continue reading

Булеварот „Туристичка“ речиси секој ден е запоседнат со туристички автобуси

Post Views: 2 Започна туристичката сезона, а со тоа започнаа и старите проблеми. Повторно колони од по неколку туристички автобуси  деновиве можат да се забележат паркирани на коловознаите лент булеварот „Туристичка“. Со тоа не само што се отежнува одвивањето на сообраќајот на нашата најголема сообраќајница, туку и пешаците се доведени во опасност. Откога се направи кружниот тек во близина на Охридска банка, токму на овој потег се постави пешачкиот премин по кој пешаците минуваат на другата страна од улицата. Поради неправилно паркираните автобуси тие немаат прегледност и можат да...

Continue reading

реиран нов туристички производ од областа на планинскиот туризам

Post Views: 7 Креиран нов туристички производ од областа на планинскиот туризам. BALKAN HIKING ADVENTURE е создаден во текот на 2015та година со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка, преку сојузното Министерство за меѓународна соработка и развој на Германија со цел поттикнување на економскиот развој во пограничните области на Полошкиот, Југозападниот и Пелагонискиот регион. Се состои од 37 креирани и обележани планинарски патеки на Шар Планина, Бистра, Дешат, Крчин, Стогово, Јабланица, Галичица и Баба од кои 8 патеки се транснационални. Овие региони според статистиката...

Continue reading

plaza

Охридските плажи под закуп

Post Views: 2 Министерството за транспорт и врски распиша јавен конкурс за нивно давање под краткотраен закуп, а меѓу нив се и најатрактивните кај Билјанини Извори, Канео, Горица, Лагадин, Корали, Елешец, Лабино и Грашница. – Со давањето под краткотраен закуп на плажите се овозможува нивно уредување согласно современите туристички стандарди и овозможување на сите предуслови за подобар престој на туристите, со што ќе се создаде поволна слика за дополнителен туристички развој – вели министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Закупците кои ќе ги добијат плажите се должни...

Continue reading

Во Охрид има хиперпродукција на неквалитетни туристички водичи

Post Views: 3 Да се промени начинот на полагање на стручниот испит, бараат од здружението на туристички водичи и придружници „Кеј“. Како што нагласи Климент Наумов, од ова здружени, бројката на водичи на ниво на Македонија е близу 700 и не може да се каже дека има диви водичи. Тој нагласи дека биле направени низа разговори со инспекциските служби при општина Охрид како и со УЈП кои треба да ги контролираат плаќањата во туристичките текови односно работењето на туристичките водичи. Наумов кажа дека според неговите сознанија инспекциските служби направиле неколку контроли при што биле...

Continue reading

Туристички сојуз: Преставувањето на саемите за туризам од страна на АППТ е само про форма

Post Views: 1 Преставувањето на саемите за туризам од страна на Агенцијата за промоција  и подршка на туризмот не се на нивото на кое треба да бидат , тие се  без доволно настани на штандот, без прес конференции за странските медиуми акредитирани на Саемот и туроператорите кои се присутни на ваквите значајни манифестации, без организирање на Б2Б средби меѓу нашите и странските туроператори на Саемот, тврдат од туристичкиот Сојуз на Охрид. Од таму потенцираат дека преставувањето на саемите е само про форма и дека од тоа развојот на туризмот во државава нема некој поголем бенефит. Саемските...

Continue reading

Холандска брошура, туристички водич за Охрид

Post Views: 2 Холандска брошура, туристички водич за Охрид. Пред една година ANWB Media од Хаг издаде брошура во која се сконцентрирани убавините на Македонија и на Охрид како најпосетувана дестинација на гостите од Бенелукс. Во оваа мала книшка наведени се сите позначајни места, културно историски споменици и локалитети кои туристите треба да ги видат. Во неа меѓу другото се назначени единаесет дуќани во охридската чаршија кои холанѓаните при доаѓањето во градов задолжително треба да ги посетат. Тоа се продавници во кои сеуште може да се почуствува духот на онај Охрид кој уште во...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top