Ознака: студенти

sparrow

Sparrow-охридска игра за Windows 8 и Windows телефон

Post Views: 1 Sparrow е името на новата игра за Windows 8 оперативниот систем и Windows паметниот телефон на гигантот Мајкрософт. Зошто е ова значајно за нас? Затоа што нејзини креатори се тројца млади студенти од Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ од Охрид.  Рахим Исламоски, Ертај Шашко и Абдула Алиоски, оваа интересна апликација ја програмираа за само 48 часа на огромниот Wowzapp настан организиран токму од Мајкрософт. Таму, на таканаречениот „хакатон“ или маратон во програмирање, охридскиот универзитет настапи со 4 тима. „Овој настан е прифатен...

Continue reading

cakareski

Младиот научник д-р Чакарески одржа предавање на универзитетот Св. Апостол Павле

Post Views: 1 Студентите на Универзитетот Св. Апостол Павле следеа предавање на Д-р Јаков Чакарески. Стружанецот д-р Чакарески е млад македонски научник за електротехника и компјутерско инжинерство, предавач и истражувач во швајцарскиот водечки технички универзитет. Професорот Чакарески допатува од Федералниот  политехнички универзитет во Лозана каде што спроведува истражувања, држи предавања и ја надгледува работата на тамошните студенти. Професорот за својот ангажман во Охрид вели дека е значаен бидејќи техниката се движи многу брзо. Чакарески укажува на значењето на  предавањата...

Continue reading

diplomi

Студентите од ФТУ со дипломи под рака-кон иднината

Post Views: 2 Околу двеста студенти од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, денес зачекорија кон својата иднина. По неколкуте години стручна наобразба, денес ги добија своите дипломи како сведоштва за вложениот труд. Имаше и додипломци и новопечени магистри, секој со своите планови за иднината. Очекувањата позитивни, исто како поминатото искуство во текот на студентските денови. Сега, пред нив стојат нови предизвици. „Во иднина очекувам дипломава да ми донесе многу успех, за да можам понатака да продолжам со дипломава. Образовниот процес одеше многу добро, многу научивме...

Continue reading

marija

Висока награда за охриѓанката Марија Филева

Post Views: 0 Денеска во просториите на ректоратот на универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје, ректорот на универзитетот професот д-р Велимир Стојкоски на студентите од факултетите од областа на архитектурата, општествените науки и уметностите им ја додели наградата 26 јули од Франк Манинг, за најдобар студент во завршната година на студии во текот на учебната 2011-2012 година. Меѓу нив се најде и охриѓанката, Марија Филева, ќерка на познатиот изработувач на охридски бисер Павел Филев како најдобар студент на Филозофскиот факултет која студира на историја на уметноста. Оваа награда...

Continue reading

fakulteti

Добредојде и со среќа на новите студенти-почна академската година

Post Views: 0 Започна новата академска година. Двете високообразовни институции во градов, Универзитетот за информатички науки и технологии-„Свети Апостол Павле“ и Факултетот за туризам и угостителство „Свети Климент Охридски“ им посакаа добредојде на новите студенти. Со емотивен и мотивирачки говор, пред бруцошите од Универзитетот „Свети Апостол Павле“ се обрати претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. „Вистинска чест е можноста да ве поздравам на првиот академски час за академската 2012/2013 година. Искрено ме радува тоа што толку многу млади луѓе одлучиле да се едуцираат...

Continue reading

univerzitet

Наскоро уписите на факултетите за идните студенти

Post Views: 7 Започнуваат уписите за идните студенти во академската 2012/2013 година.  Веќе четврта година  како Универзитетот за Информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид, единствениот специјализиран универзитет за изучување на информатичките науки, подготвен да ги прими студентите на своите пет факултети. Триста слободни мести има на факултетите за изучување на Безбедност на компјутерски мрежи, Компјутерско системско инжинерство, Мултимедија и визуелизација, Машинска интелегенција и роботика, како и најновата студиска програма Дигитална и бизнис информатика, објаснува...

Continue reading

Nikoloski UIST

Универзитетот „Свети Апостол Павле“ го прослави својот патрон

Post Views: 2 Најмладиот универзитет во земјава, Универзитетот за информатички науки и технологии, „Свети Апостол Павле“- го прослави својот прв патронен празник. Денот на големиот светец и учител, на едно место успеа да собере професори, политичари, студенти како и претставници од Министерството за образование, наука и култура. „Само за неколку години од своето постоење овој универзитет успешно се етаблира во високообразовниот простор на Република Македонија.“-рече проректорот на Универзитетот Свети Климент Охридски од Битола, Професор д-р Пере Аслимоски. Тој во својот поздравен...

Continue reading

дип

Промовирана 41 -та генерација завршени студенти на ФТУ

Post Views: 2 На Факултетот за туризам и угостителство беа доделени дипломи на 150 завршени студенти од повеќе насоки. Со тоа беше промовирана новата 41 генерација на завршени студенти од оваа високо образовна иснтитуција. Дел од дипломците ќе бараат работа, а дел ќе продолжат со мастерските студии. Деканот, Проф. Д-р Сашо Коруноски имаше свое обраќање пред дипломците. При тоа, деканот истакна дека животот е полн со предизвици, кои треба постојано да се совладуваат и да се постигнуваат нови успеси.  „Ова е само една скала од вашиот професионален развој и сакам да ве поканам да продолжите...

Continue reading

sasho korunoski dekan

Како студираат нашите студенти?

Post Views: 9 Како студираат нашите студенти? Ова е прашањето кое треба да добие одговор по ревизијата на Болоњскиот систем, или попознатиот ЕКТС систем. Беше најавуван на голема врата низ Европските земји, за многу брзо да стане дел и од нашиот високообразовен систем. Сега, ревизијата се случува и кај нас. Што добија студентите од него, а што изгубија? Колку новиот систем на студирање успеа да го разбуди потенцијалот на македонските студенти, колку им помогна во студирањето, не само во земјава, туку и во странство. Еве што мисли поранешниот студент и сегашен демонстратор на Факултетот...

Continue reading

Korunoski

Во Охрид одржана јубилејната стота седница на сенатот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“

Post Views: 1 „Покажуваме дека ФТУ од Охрид не се базира само на теоретски знаења туку во огромен дел и на искуството и практичните знаења што значи дека нашите студенти се спремни од утре да влезат во индустријата и стопанството и да работат“ вели Коруноски. Во тек е и реализацијата на проектот за опремување на факултетите од овој универзитет, овозможен од Владата на РМ преку кој  добиена е лабораториска опрема на неколку факултети во висина од над милион евра. Опремата ја добија Биотехничкиот факултет во Битола, ветеринарниот, Технолошко техничкиот факултет од Велес и Високата медицинска...

Continue reading

krvodaritelska akcija FTU

„Имаш пет минути? Дарувај крв и спаси нечиј живот“

Post Views: 10 Студентите од ФТУ од Охрид денес ја покажаа својата хуманост на дело. Активно се вклучија во крводарителската акција која два пати годишно се спроведува во нивната устанува. Христина Божиновска беше еден од триесетината студенти која хуманиот импулс го спороведе на дело. Ова инаку е планирана крводарителска акција која се спроведува во оваа образовна установа, а е во организација на  „Црвениот крст“ и одделението за трансфузилогија при Општа болница Охрид објасни Игор Тасески мотиватор за крводарителство при ОО на Црвениот Крст од Охрид. Тој ни објасни и која всушност...

Continue reading

sidney

Учете во Австралија

Post Views: 2 Австралија е земја на неограничени можности во образованието. Стототици  училишта и колеџи и повеќе од 40 универзитети во Австралија и Нов Зеланд, минативе седум години се достапни за идните средношколци и студенти од земјава, благодарение на агенцијата „Бриџ Блу“. Тие преку своето претставништво од Скопје, нудат професионален сервис и услуга за образование и живеење во Австралија. Што се однесува до далечината, таа сега воопшто не претставува проблем, вели Сашо Грозданоски вработен во агенцијата. „Далечината мислам дека беше проблем кога ние студиравме, во деведеститте...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top