Ознака: студенти

logo

Четврто место за УИНТ „Св. Апостол Павле“ од Охрид на „Шангајската листа“

Post Views: 0 УИНТ „Св. Апостол Павле“ од Охрид е на четвртото место според рангирањето на Центарот за светска класа на универзитети, при Универзитетот „Џиао Тонг“ во Шангај. Прворангирана високо образовна институција на листата и оваа година е универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, второто место за академските достигнувања во 2011/2012 година го доби Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, а трет е „Универзитетот на Југоисточна Европа“ од Тетово. На петтото место се најде битолскиот „Св. Климент Охридски“. Од Министерството за образование информираа дека листата е направена...

Continue reading

stipendii

Талентираните ученици и студентите ги добија договорите за стипендирање

Post Views: 3 Талентираните ученици од основните и средните училишта, како и редовните студенти на државните универзитети денес ги добија своите договори за стипендирање. Градоначалникот Бакрачески потенцираше дека согласно конкурсот кој локалната го објави во Ноември минатата година, биле подготвени и критериуми според кои се бирале добитниците на стипендиите. „Беше формирана комисија составена од членови за отворање, разгледување и одлучување по пристигнатите барања за стипендии, за талентирани ученици од основните и средните училишта и за редовни студенти на државните универзитети....

Continue reading

studenti

Самсунг галакси таблет за креаторите на победничката Андроид апликација за „паметни телефони“

Post Views: 4 Студентите на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ од Охрид изработија Андроид апликација за „паметни телефони“ за потребите на компанијата „Техномаркет“ . Денес најдобрите тимови на студенти имаа презентација на своите проекти. Дел од нив велат дека им било  задоволство да работат на овој проект и да стекнат ново искуство на полето на Андроид развојот. Беше предизвик за нашиот тим. Ни одзеде околу месец и половина за изработката. Вложивме напорна работа, не беше лесно, но се надеваме дека трудот ќе се исплати. Тоа што го изработивме...

Continue reading

kazan

Охриѓани и гостите вкусија рибна чорба и пача

Post Views: 3 За Денот на рибарите беше поделена за охриѓани и гостите 2000 литри рибна чорба. Гастрономскиот специјалитет беше подготвен во специјален казан и за оваа манифестација се подготрвува по трет пат. Во подготовката и овој пат беа вклучени  ученици од средното угостителско училиште Ванчо  Питошески заедно со нивните професори. Во тридневната подготовка учествувале 15-тина ученици од 3 година. Томи Трајаноски е  еден од учениците кои беа вклучени во подготовката на чорбата. „ Идам од друг град, од Битола и ми е чест да бидам во ова училиште и се разбира во струката. Овој...

Continue reading

avstralija

Како младите да студираат во Австралија?!

Post Views: 0 Како младите луѓе да се образуваат, дообразуваат, да станат светски граѓани и легално да се вработат. Во Охрид беше извршена презентација на програмата за школување, обезбедување работа и емиграција во Австралија. Никола Митрески, претставник на австралиска компанија, рече дека со оваа програма веќе започнале од Битола како познат печалбарски град и младите од Битола покажале голем интерес. Додаде дека заинтересираност имало и кај младите охриѓани. „Во Охрид имаме голем интерес заради тоа што имаме многу млади луѓе кои што сакаат да го видат светот и во соработка со...

Continue reading

studenti

Во свечена атмосфера доделени дипломите на ФТУ

Post Views: 3 Во свечена атмосфера, како надоврзување на чествувањето на патронот на градот и Факултетот за туризам и угостителство, денес околу 200 студенти ги добија своите дипломи. На традиционалната свеченост за доделување на дипломите, деканот на факултетот, проф. Д-р Сашо Коруноски, на веќе завршените студенти им кажа дека Факултетот за туризам и угостителство со реномето кое секојдневно го надоградува им дава квалификации со кои секаде би можеле да пронајдат вработување. „Она што можам да им препорачам на дипломираните веќе студенти, тоа ќе биде и еден од главните акценти,...

Continue reading

studenski dom

Охридскиот студенски дом, работи фул

Post Views: 3 Охрид има Студенски дом со услови како ретко кој друг град во државава. Во моментов се сместени вкупно 190 студенти, со што се исполнети 80% од капацитетот на домот. Тие имаат бесплатна интернерт конекција, 3 топли оброци со мени во чија што креација учествуваат и тие, греење и посебно бања за секоја соба. Пред повеќе од една година домот претрпе голема штета во висина од 5 милиони денари, поради пожарот кој што избувна во котларата. Но директорот Марјан Ристески вели дека денес тоа е само лоша слика од минатото. „Се направи голема реконструкција на котларата, се вложија...

Continue reading

Одржани мотивациски предавања за охридските студенти од Факултетот за туризам и угостителство

Post Views: 1 Студенското собрание при охридскиот Факултет за туризам и угостителство организира мотивациско предавање насловено како „Патот до успехот“. Со свои мотивациски предавања учествуваа Дамир Бошњак успешен менаџер на елитни хотели на Блискиот Исток и Бранко Попоски, блогер и готвач. Дамир Бошњак ги сподели неговите искуства во областа на туризмот и угостителството. Како претставник на компанијата „Dream Big Hospitality“ и 15 годишното искуство од работата во Америка, Европа и Блискиот исток, денес, им го пренесува својот рецепт за успех на младите луѓе. Патот до успехот...

Continue reading

стипендии

Стипендии за талентирани ученици и студенти според Правилник

Post Views: 6 Успешните основци, средношколци и студенти ќе добијат финансиска поддршка  од Локалната самоуправa. По 20 ученици од сите три степени на образование или вкупно 60  талентирани ученици и студенти од државните училишта ќе добиваат месечни стипендии. Стипендиите  ќе бидат во висина од 1500 денари за основци и средношколци, а по 2000 денари за студенти од државните образовни институции, вели портпаролот на Локалната смоуправа Томе Џамтоски. Конкурсот стартува од денес, а парите ќе се доделуваат за учебната 2013 и 2014 година со одредена цел.„Прво да се потикнат оние ученици...

Continue reading

ftu-kargov

Каргов во посета на ФТУ

Post Views: 0 Директорот на царинската управа на Македонија Ванчо Каргов во посета на ФТУ. Тој на студентите од факултетот за царина и шпедиција им одржа предавање за организацијата и работата на царинската управа и специфичните области од царината. Каргов истакна дека целта на ваквите предавања е студентите поблиску да се запознаат со работата на царината не само од она што го имаат како претстава во книгите туку и практично. Соработката со ФТУ е одлична и студентите од овој факултет се потенцијални кандидати за работа во царинската управа, додава Каргов. „Тие се едни од најфрекфентните...

Continue reading

FTU raboten pojadok

Студентски појадок на ФТУ

Post Views: 6 Студентите денес за Менаџерите на поголемите Охридски хотели, раководителот на ТЛЕР, деканот продеканите и професори од  ФТУ подготвија вкусен појадок и со тоа покажаа што практично научиле.  На работниот појадок во реновираното факулететско бифе  се дискутираше и за заклучоците од тркалезна маса одржана неодамна на која беа отворени одредени проблеми во хотелската индустрија.На богата трпеза имаше пица, кинеска храна во слатко кисел сос, тортиљи, македонско мезе и слично. „Целта е преку практична работа да ги подготвиме студентите да бидат врвни мајстори во кујната,...

Continue reading

ftu

Започна академската година 2013 / 2014

Post Views: 2  Факултетите подготвени за бруцошите. На ФТУ годинава запишани 300 студенти. Денеска тие  ги добија своите индекси, со што и официјално станаа дел од оваа реномирана високообразовна установа. Во третиот уписен рок што ќе се одржи утре, се очекува да се пријават уште триесеттина студенти. И оваа година, како и изминатите, најголем интерес за запишување имало на насоките Царина и шпедиција и осигурување, открива деканот на ФТУ, Сашо Коруновски. „Тие студенти се на шесте студиски програми кои се во комбиниран состав и тоа четири годишни и тригодишни академески студии....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top