Ознака: студенти

lideri

Отворена четвртата школа за млади лидери во Охрид

Post Views: 11 Школата за млади лидери, по четврти пат отворена во Охрид. И оваа година, нови 40 студенти ќе ги развиваат своите лидерски вештини во најразлични области. Денес, претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, на чија иницијатива е создадена оваа школа ја пречека четвртата генерација на студенти која започнува со работа, но и учесници од претходните генерации на Школата за млади лидери. Ова се нивните очекувања и импресии. „Очекувам најпрво да ги проширам своите познавања, теоретски, со искуства од некои експерти во практичен дел. Очекувам да ги прошириме нашите...

Continue reading

sorabotka

Германска подршка за високото образование во Македонија

Post Views: 0 Германска поддршка за високото образование во Македонија. ФТУ – Охрид ја продолжува соработката со германските универзитети. Денес инсткнати професори од Универзитетот во Кемниц, Германија остварија средба со деканот и дел од професорите на Охридскиот факултет за туризам, со цел реализација на проект каде се вклучени наши професори и студенти. „Нашата генерална идеја е да ја одржуваме жива соработката со реномираните универзитети од германија се разбира во функција за бенефит за нашите студенти и професори. 04:27+04:38 Првата цел е размена на искуства, значи штом спротиставите...

Continue reading

upisi fakulteti

Започна трката по студентски индекс

Post Views: 4 Државните универзитети ги отворија вратите за академската 2013/2014 година. На Факултетот за туризам и угостителство очекувана навала и голема заинтереситаност, за студирање на овој факултет. Кандидатите со точно дефинирани ставови,  на која насока сакаат да го продолжат своето образование.   Од ФТУ потврдуваат дека и годинава имаат голем интерс за запишување на понудените студиски програми. Проф.д-р. Ирина Петровска,  претседател на уписната комисија,  вели  дека годинава на ФТУ можат да се запишуваат студенти и на новата студиска програма „Менаџмент на услужен сектор...

Continue reading

skola za lideri

Направи разлика – стани корпоративно опшествено одговорен европски лидер

Post Views: 10 Охрид домаќин на летна школа за млади европски лидери каде учесниците ќе ги развијат своите лидерски вештини на полето на корпоративната општествена одговорност. Годинава школата се одржува под мототот „Направи разлика – стани корпоративно опшествено одговорен европски лидер“. Организатори на оваа школа се Економскиот факултет од Скопје при Универзитетот„ Св. Кирил и Методиј“ и студентската интернационална платформа на АИСЕК. „Идентичноста на мотото е дека секогаш нашата цел е да организираме школа со која што треба да се направи некаква разлика. Бидејќи никогаш неможете...

Continue reading

Sovet na gradski tatkovci

Иницијатива за возобновување на Св. Климентовиот Универзитет

Post Views: 12 Иницијатива за возобновување на Св. Климентовиот универзитет, но не оној кој се гради на Плаошник, туку институција која ќе ги обедини постоечките високо образовни институции во градов. Оваа идеја членот на Локалниот економски совет, Стефан Буџакоски,  ја пезентираше пред советот на градските татковци. Бучакоски потенцираше дека ицијативата се темели врз основа на интегрирање на постоечките образовни институции на подрачјето на Охрид во еден универзитет и вклопување на универзитетот кој што ја има историската димензија.  „Идејата произлегува од духовните вредности на...

Continue reading

rotarakt

Охридските ротаријанци во Норвешка

Post Views: 2 Младите охридски ротаријанци во посета на Норвешка. Претставниците на „Ротаракт клубот“ од Охрид заедно со други учесници од балканските земји и студенти од САД,  во Лилехамер, учествуваа на летна дијалог академија, организирана од Стајнер Брун  во неговата “Нансен Академија”. Инаку Стајнер Брун заедно со неговата академија во 2009 година беше номиниран за Нобелова награда за мир. Станува збор за семинари и средби помеѓу луѓето од поствоените балкански територи на кои тие може директно да се соочат,  со единствена цел – да се воспостави дијалог преку кој секој...

Continue reading

diplomi FTU

Доделени дипломите на 40 тата генерација студенти на ФТУ

Post Views: 4 200 студенти од петте насоки на ФТУ   туризам,  хотелско – ресторанска, гастрономија, исхрана и диететика, царина и шпедиција  осигурување и безбедност и финансиска контрола, денска ги зедоја своите дипломи. Свеченоста на промоцијата на 40 тата генерација на дипломирани студенти на ФТУ се одржа на Плаошник. „Денеска секако во спомен на Светите браќа Кирил и Методиј чии ученици биле охридските светители Климент и Наум и секако во спомен на прочуената моравска мисија од која одбележуваме 1150 год. Постоење. Токму затоа денеска на Плаошник ќе се потсетиме на минатото,...

Continue reading

open day

Отворен ден на Универзитетот Св. Апостол Павле

Post Views: 1   Јасна Тренкоска  апсолвент на факултетот за компјутерски науки  и инжинерство, како и нејзиниот една година помлад колега од Гана, Вилјам Медсијама на истиот факултет, имаат позитивно студенско искуство  од досегашното студирање на Информатичкиот универзитет Св. Апостол Павле. Тие искрено го препорачуваат на идните студенти кои сакаат да бидат дел од оваа високо образовна институција. „ Овој Универзитет се издвојува од техничките универзитети во Македонија по тоа што има неповторлив интернационален дух соствен од студенти ипрофесори.Од друга страна поддршката на академскиоткадар...

Continue reading

Ambasador Volers vo poseta na FTU

Американскиот Амбасадор во посeта на ФТУ

Post Views: 6 Американскиот Амбасадор во Земјава, Пол Волерс во посета на Факултетот за туризам и угостителство. На средбата со ректорот на Св. Климентовиот универзитет и деканот на ФТУ разговараа за младите и претприемништвото и за тоа како да се развие економијата во Македонија, а стана збор и за размена на универзитетски професори.   Амбасадорот оствари средба и со студентите на факултетот, каде отворено им говореше за летната размена што може да ја остварат во САД кога можат да стекнат дополнителни искуства но и да заработат.Волерс искажа уверување дека за скоро време и Македонија...

Continue reading

maraton vo programiranje

Програмери од целиот свет-Обединете се! Започна CODEFEST

Post Views: 4 Започна CODEFEST. Ако помисливте дека се работи за некој зимски фестивал, сте згрешиле. Codefest е 24 часовниот маратон во програмирање, на кој студенти од повеќе информатички универзитети ќе се обидат своите идеи за игри, апликации или веб страни и фактички да ги реализираат. Codefest има натпреварувачки карактер. На него учество ќе земат студенти од универзитетот Свети Апостол Павле од Охрид, кои се воглавно и домаќини и организатори на настанот, како и студенти од ФИНКИ и ФОН универзитетите и центарот за едукација СИВУС. Идејата за овој 24 часовен натпревар, студентите...

Continue reading

gradezni aktivnosti informaticki univerzitet

Информатичкиот универзитет се проширува

Post Views: 4 Се доградува зградата на поранешниот дом на АРМ, поточно објектот каде е сместен информатичкиот универзитет. 350 те квадрати кои во моментов се ставени на располагање на универзитетот премалку за нивните потреби. Според најавите  со доградбата универзитетот треба да добие три пати поголем простор од оној со кој располага.   „Просториите ќе бидат наменети за настава и за нови канцеларии на универзитетот, за нови лабаратории. Сето тоа ставено заедно значи дека ќе имаме можност да примаме далеку поголем број на студенти, а ќе може да вработиме и повеќе професори, пред се...

Continue reading

plaosnik

Направен спој на археологијата и компјутерската технологија

Post Views: 1 За прв пат кај нас направен спој на археологијата со компјутерската технологија. Визуелизирана ранохристијанската базилика од 5 век на Плаошник. Неколкумина студенти од  Универзитетот Апостол Павле под менторство на арехологот Владо Маленко изработија проект со кој може да се види како изгледала базиликата во периодот на нејзината градба. Професорот Јане Бакрески кој исто така учествуваше во проектот се надева дека ова ќе биде мотивација за институциите. Тие треба да сфатат каква е сериозноста на ваквите проекти и колку може да се придонесе да се  промовира  културното...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top