Tag: Струга

Тепачки и агресивно однесување во Охрид и Струга-СВР БИЛТЕН

На 19.08.2021 година во 22.15 часот, на улицата „Партизанска” во Охрид, Љ.К.(63) од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз малолетник. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава. На 19.08.2021 година во 15.00 часот, во семејниот дом на И.Д.(41) од Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со негово агресивно однесување кон членовите на неговото семејство и со оштетување на предмети во домот. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 19.08.2021 година во ОВР Струга, приведен е М.Ч.(41) од Струга, кој претходно, околу 22 часот, на улицата „ЈНА” во Струга,...

Continue reading

Физички напад врз лице од Франгово во Струга

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 32-годишниот А.И. од струшкото село Радолишта. На 3-ти август 2021 година, на улицата „Маршал Тито“ во Струга со употреба на дрвен предмет го нападнал 34-годишниот Б.И. од селото Франгово – информираат од МВР.

Continue reading

Се полнат болниците во Охрид и Струга

Расте бројот на заболени, повторно отворени модуларните болници во охридско-струшкиот регион. Во Охрид има 4 хоспитализирани пациенти од кои двајца невакцинирани и 2 вакцинирани со две дози. Во Струга на болничко лекување три пати повеќе, хоспитализирани се 12 лица од кои 8 се на кислородна поддршка. Најмладиот пациент кој се лекува во струшката болница има само 19 години. Во последната недела откако почна хоспиталузација на пациенти имаме константно хоспитализации. Во однос на возраста станува збор за помлада популација затоа и апелот е да се вакцинираат граѓаните и да бидат подисциплинирани...

Continue reading

утре дезинсекција против комарци во Струга

На барање на Министерство за транспорт и врски, во четврток (12.08.2021), на територитјата на општина Струга на површина од 1000 хектари, ќе се спроведе дезинсекција против комарци. Прскањето ќе почне од 22.00 часот до утринските часови на 13.08.2021. Центарот за јавно здравје ќе извршува контрола на дезинсекцијата на територијата на општина Струга.

Continue reading

Рамиз Мерко кандидат за нов мандат во Струга

Актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко ќе биде кандидат на ДУИ за нов мандат за градоначалник на претстојните локални избори во октомври. Одлуката ја соопшти првиот вицепремиер од редовите на ДУИ, Артан Груби, за време на панел-дискусија организирана од Општина Струга по повод 20 години од Охридскиот рамковен договор. Рамиз е добар градоначалник и за Македонците и за Албанците, и за Турците и за Ромите. На присутните им испратив порака од господинот Ахмети дека господинот Рамиз Мерко ќе биде кандидат за уште еден мандат во Струга на локалните избори за 17 октомври затоа што сме убедени...

Continue reading

ОВР Струга ја активира велосипедската полициска патрола

ОВР Струга во своето редовно полициско работење ја активира велосипедската полициска патрола, како нова и современа форма на полициско превентивно работење градење партнерство и поблизок контакт со граѓаните што, треба да обезбеди поголема мобилност на полициската служба  во одржувањето на јавниот ред и мир, укажување помош и заштита на граѓани и субјект за поголема ефикасност во извршувањето на вкупните полициски работи. Патролата е ефикасна во спречување, откривање и пронаоѓање на сторители на кражби по плажи и паркинг простори и на други други разни казнени дела.  Велосипедската патрола ќе...

Continue reading

Во Струга слаб интерес за вакцинација

Слаб одзив за вакцинација во Струга и струшко. Според официјалните информации на министерството за здравство во општина Струга само 23,1% од населението се имунизирало. Слична е состојбата и во Дебар, таму има уште помал одзив за вакцинација, само 17.3%. Струга беше еден од градовите во земјава  со најголема смртност од последици од корона вирусот. До денес битката со ковид 19 ја изгубиле 197 лица, што е највисока стапка на морталитет од 6,6%, но и покрај тоа нема голем интерес за вакцинација. –Очигледно е дека населението има некоја активност, но не е забележителна. Дали преку медиуми,...

Continue reading

„Соседска патрола“ на СВР во Охрид и Струга

Притоа, мешани патроли составени од полициски службеници од Отсекот за превенција, претставници од Советот на родители во основните училишта, од Секторот за образование при локалната самоуправа во Охрид, извршија превентивна обиколка на повеќе угостителски објекти во централното градско  подрачје, но и на периферијата од градот, како и на други јавни места на отворен простор каде, во ноќните часови младите најчесто се собираат и задржуваат. Целта на кампањата е родителите да видат каде нивните деца излегуваат, како и во каков амбиент младите се забавуваат во ноќните часови, какви се условите...

Continue reading

Во Струга досега вакцинирани се 7000 граѓани

Во струшката болница на три пункта тече процесот на вакцинација. Досега вакцинирани се 7000 граѓани, а 4500 примиле и втора доза. Во Струга нема ниеден заболен со корона вирусот. Модуларната болница е празна,а  последниот хоспитализиран пациент е испратен на 20 јуни. На три пункта во општата болница во Струга непречно се одвива вакцинацијата против корона вирусот. На двата пункта се врши вакцина со прва доза, а на едниот ревакцинација. Досега се вакцинирани 7000 стружани, а втора доза примиле 4500 граѓани. -Сакам да упатам апел до граѓаните што повеќе да се организираме за вакцинација бидејќи...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by Портал ТВМ.
Back to Top