Ознака: Струга

Започна со работа модуларната болница во Струга

Post Views: 6 Во модуларната болница во Струга моментално се сместени  11 ковид пациенти и има централен довод на кислород.  Дополнително 13  болни од корона се лекуваат на Интерното одделение во струшката болница,   кое функционира како ковид  1 центар. Половината од пациентите се со тешка клиничка слика и на кислородна поддршка.  „Повеќето од пациетите се на 60 годишна возраст во двата ковид центри кои што хоспитализирани.  Со потешка клиничка слика имаме двајца пациенти за кои што веќе се преземени и други мерки за справување“, Арменд Арслани директор на Општа болница Струга. Во...

Continue reading

Снегот остави без струја повеќе планински села во Дебрца и Струга

Post Views: 3 Голем број планински села во охридско струшкиот регион и понатаму без електрична енерија по снегот и дождот кои наврнаа викендов и предизвикаа проблеми со напојувањето во југозападниот регион. Најдолго без струја останаа селата во Горна Дебрца, Годивје, Лактиње, Арбиново, Мраморец, Турје и Сливово, информираат од Центарот за управување со кризи. Од Евн Македонија информираат дека екипите на Електродистрибуција без прекин работат во многу лоши временски услови и непристапен терен. Во моментот работат на санација на дефект на 10 кВ далекoвод и очекуваат да се нормализира...

Continue reading

Во Струга епидемиолошката слика е стабилна

Post Views: 5 Во Струга епидемиолошката слика е стабилна. За разлика од други градови во земјава каде се бара  болнички кревет повеќе, во струшката болница  има  само 13 хоспитализирани пациенти на Интерното одделение. Модулараната болница со капацитет од 35 легла со централен довод на  кислород  засега е празна,  не е отворена бидејки се` уште  нема потреба. Во болницата се лекуваат  повозрасни пациенти над 60 години и повеќето не се со тешка клиничка слика.Надлежните велат будно се следи состојбата и подготвени се и за наплив на заболени. „Подготвени сме и за други сценарија и од...

Continue reading

Професор од Струга шест години чека решавање на работниот статус

Post Views: 0 28-годишниот професор ,  Стефан Нестороски од Струга, шест години чека решавање на работниот статус. Предава хармоника во Средното музичко училиште „Тодор Скалоски“ во Струга, со полн фонд часови, но со  години работи како хонорарец, со месечен  договор на дело, нередовни примања, ниту стаж , ниту  здравствено осигурување. Иако има полно работно време, тој секој месец се пријавува во Заводот за вработување  како активен барател на работа. „Еве веќе шеста година чекам трансформација на  работниот однос од хонорарец , ни стаж ни редовна плата. Ова е еден апел, многу...

Continue reading

Втора нелегална гинеколошка ординација откри ДЗСИ во Струга

Post Views: 9 Лекарка од Струга, вработена во општата болница, приватно, нелегално  работела  во ординација  на име на прензиониран лекар. Здравствените инспектори вчера  по двочасовно преговарање со сопствениците на објектот, заедно со полицијата влегоа во  објектот  каде затекнале опремена ординација за гинекологија и акушерство. „Објектот воопшто не бил обележан за дејноста. Просторијата во која се одвивала гинеколошко акушерската дејност е во сопственост на д-р З.П.Ш. доктор специјалист по гинекиологија и акушерство, вработена во ЈЗУ Општа болница Струга. При надзорот, приложен...

Continue reading

Конечно ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во Струга

Post Views: 12 Сопственикот на хидроцентралите во Горна Белица, Кочо Ангушев во договор со ЈП Водовод Струга се обврзал со заеднички тимови да ја скенираат состојбата на каптажите и да обезбедат чиста вода за граѓаните. Надлежните најавија и еднаш месечно чистење на резервоарите. „Составивме две групи тимови од наша и нивна страна за да се согледа каква е ситуацијата. Ќе се направи стратегија, се сложивме ако е тука проблемот со негови средства да го реши тој проблем . Петтата каптажа од каде земаат вода ако не е таму ке бараме низ цела линија да се реши проблемот еднаш засекогаш“...

Continue reading

Во Струга, пронајдени се лимени сандаци со куршуми од Втората светска војна

Post Views: 4 На 01.12.2020 во 13.45 часот, во ОВР Струга пријавено е дека при изведување ископ со багер на плажа, во близина на хотел во Струга, пронајдени се лимени сандаци со куршуми различен калибар од Втората светска војна. По извршен увид од овластен пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи, констатирано е дека станува збор за стара и оштетена муниција, која е безбедно е подигната од стручните екипи.

Continue reading

Општина Струга мора да ги спроведе препораките на Унеско за заштита на Охридскотo крајбрежје

Post Views: 5 Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски, најави работна посета на општина Струга и средба со градоначалникот Рамиз Мерко. Досега соседната општина не презеде никаки активности за одстранување на нелегалните градби на крaјбрежието според препорките на Унеско за разлика од општина Охрид. Мерко во повеќе наврати тврдеше дека нема нелегални градби во неговата општина, а нема ни податоци колкав е бројот на нелагалните објекти в долж крајбрежјето. „ Врз основа на документација сакам да видам што е нелегално, кој е планот на општината за решавање на овие прашања....

Continue reading

Струга прва по смртност од корона вирусот во земјава, Охрид на шесто место

Post Views: 2 Здравствените работници причината ја гледаат во задоцнетотот барање на лекарска помош и коморбидитетите на пациентите. Од почетокот на пандемијата до изминатиот викенд во Струга како последица на компликации од ковид 19 починаа 85 , а во Охрид 49 лица. Струга се уште прва по морталитет од корона вирусот. Охрид е на шесто место по смртност во земјава. Една од причините е задоцнето барање лекарска помош, но и возраста и хроничните заболувања кај починатите пациенти. Во првиот пролетен бран во струшко имаше поголема смртност, луѓето не пријавуваа симптоми и не сакаа да...

Continue reading

Струга добива нови корпи за ситни отпадоци

Post Views: 18 ЈП Комунално-Струга почна со поставување на новонабавените метални корпи наменети за одлагање на ситни отпадоци. Новите корпи за отпадоци се поставени на ул Маршал Тито-пред зградата на Оштина Струга се до кружниот тек на раскрсницата со ул Маркс Енгелс. Во наредните неколку дена поставувањето на новите корпи ќе продолжи по шеталиштето на кејот на реката Црн Дрим. Со поставувањето на нови корпи се очекува во голема мера да се придонесе за подобрување на нивото на чистотата во град Струга.

Continue reading

Запленета дрога кај затвореник во Затвор-Струга

Post Views: 0 На 16.11.2020 во рамки на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи од страна на Одделот за Криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со СВР Охрид ОВР Струга и затворската полиција од Казнено поправната установа Теферич Струга, била извршена контрола и претрес над затворските ќелии со цел обезбедување на материјални докази и заплена на наркотична дрога, при што околу 19:00 часот во КПУ Затвор Струга кај затвореникот Ѓ. П. пронајдена е околу 250 грама марихуана. Известен е...

Continue reading

Струга преполна со гости кои ги користат ваучерите за одмор

Post Views: 0 И Струга во ек на сезона  полна со туристи.  До вчера  преплавени  беа струшките  плажи, почнувајки од Машка плажа, преку Калишта  до Радожда. Изминативе денови беа преполни и хотелските капацитети. Хотелиерите велат најбројни се домашните гости, кои  ги користат ваучерите  за домашен туризам, но силно  недостигаат странските туристи. „За границите што се бараат тестови  негативни можеби има поголемо влијание немме доволно гости од странство 90 % се домашни туристи. 0002 Во штицот на сезоната   со владината мерка со ваучерите  резервациите се прават нон стоп од 15 јули“,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top