Ознака: Струга

Рамиз Мерко кандидат за нов мандат во Струга

Post Views: 2 Актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко ќе биде кандидат на ДУИ за нов мандат за градоначалник на претстојните локални избори во октомври. Одлуката ја соопшти првиот вицепремиер од редовите на ДУИ, Артан Груби, за време на панел-дискусија организирана од Општина Струга по повод 20 години од Охридскиот рамковен договор.Рамиз е добар градоначалник и за Македонците и за Албанците, и за Турците и за Ромите. На присутните им испратив порака од господинот Ахмети дека господинот Рамиз Мерко ќе биде кандидат за уште еден мандат во Струга на локалните избори за 17 октомври...

Continue reading

ОВР Струга ја активира велосипедската полициска патрола

Post Views: 4 ОВР Струга во своето редовно полициско работење ја активира велосипедската полициска патрола, како нова и современа форма на полициско превентивно работење градење партнерство и поблизок контакт со граѓаните што, треба да обезбеди поголема мобилност на полициската служба  во одржувањето на јавниот ред и мир, укажување помош и заштита на граѓани и субјект за поголема ефикасност во извршувањето на вкупните полициски работи. Патролата е ефикасна во спречување, откривање и пронаоѓање на сторители на кражби по плажи и паркинг простори и на други други разни казнени дела....

Continue reading

Во Струга слаб интерес за вакцинација

Post Views: 2 Слаб одзив за вакцинација во Струга и струшко. Според официјалните информации на министерството за здравство во општина Струга само 23,1% од населението се имунизирало. Слична е состојбата и во Дебар, таму има уште помал одзив за вакцинација, само 17.3%. Струга беше еден од градовите во земјава  со најголема смртност од последици од корона вирусот. До денес битката со ковид 19 ја изгубиле 197 лица, што е највисока стапка на морталитет од 6,6%, но и покрај тоа нема голем интерес за вакцинација. –Очигледно е дека населението има некоја активност, но не е забележителна....

Continue reading

Во Струга досега вакцинирани се 7000 граѓани

Post Views: 6 На три пункта во општата болница во Струга непречно се одвива вакцинацијата против корона вирусот. На двата пункта се врши вакцина со прва доза, а на едниот ревакцинација. Досега се вакцинирани 7000 стружани, а втора доза примиле 4500 граѓани. -Сакам да упатам апел до граѓаните што повеќе да се организираме за вакцинација бидејќи неочекувано е дали индискиот сој ќе ни се приближи. Па на тој начин да амортизираме доколку не фати некој нов бран“, вели Арменд Арслани директор на струшката болница. Расте интересот кај граѓаните за вакцинација, особено поради ширењето на...

Continue reading

„Мини саем на книгата“ во Струга

Post Views: 4 Во организација на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ и издавачките куќи „Матица“, „Македонска“ и „Нобел“ од Тетово, на 23.06.2021г.(среда), со почеток од 11 часот во Паркот на поезијата пред градската библиотека во Струга ќе се одржи „Мини Саем на книгата“, каде што сите љубители на пишаниот збор ќе можат да си ги набават омилените бестселери по саемски цени.Овој настан е финансиски помогнат од Министерството за култура на РМ, а неговото одржување е во знакот на патрониот празник на Националната установата „Браќа Миладиновци“ – Струга. На 24-ти јуни е годишнината...

Continue reading

Започна уривањето на платформите во Струга

Post Views: 0 Започна уривањето на платформите во Струга. На атрактивните плажи долж брегот денес започна отстранување на платформите од езерото. Концесионерите сами ги демонтираат објектите по налог на општината. Градоначалникот, кој денес заедно со вицепремиерот Артан Груби изврши увид на крaјбрежjето, најави дека ќе се отстранат шест платформи за зачувување на статусот на регионот под Унеско.За разлика од Охрид каде се уриваат и објектите на плажите, во Струга угостителските објекти ќе продолжат да работат.  „Сите тие плаќаат такса како што е наложено во одобренијата од 2010...

Continue reading

По 58-ми пат во Струга започна да се слави поезијата

Post Views: 9 Во Струга по 58-ми пат започна да се слави поезијата. Министерот за култура Хусни Исмаили ја прогласи за отворена поетската манифестација „Струшки вечери на поезијата“, која ќе се одржува до 26 август. Министерот Исмаили во своето обраќање им посака на присутните срдечно добредојде во родниот град на убавиот поетски збор. „Да се зборува за поезијата е навистина тешка задача затоа што претставува обид преку пишаниот збор да го величиш зборот“, истакна при тоа министерот за култура Исмаили. Со цитат од Ролан де Пеневил се обиде да ја дефинира поезијата.„ Поезијата се...

Continue reading

Пронајден кокаин кај две лица од Струга

Post Views: 2 На 10-ти јуни 2021 година, во 22:30 часот во населбата „Плитишта“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга ги лишиле од слобода И.Р.(26) и Ј.К.(26), двајцата од Струга.– При преглед во патничко возило „Ауди“ со струшки регистарски ознаки, во кое биле двајцата, бил пронајден и одземен кокаин. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Continue reading

„Небо од чадори“ во Струга е новата туристичка атракција

Post Views: 9 Шестотини чадори во различни бои висат на шеталиштето во Струга и привлекуваат внимание на минувачите. Шарената туристичка атракција, која обезбедува и убава сенка во топлите денови ја има во повеќе европски метрополи.  Чадорите се поставени од страна на Јавното Комунално претпријатие. -„Со овој декоративен проект , сакавме да направиме уште едно привлечно катче во Струга. Тука цел булевар се анместени околу шестотини чадори инцестиција која целосно чини 120 000 денари. Финансирана од нашето претпријатие“, вели Икмет Ислами директор на Јавното Комунално претпријатие...

Continue reading

Додека во Охрид се уриваат објектите на плажите, во Струга угостителите се подготвуваат за летната сезона

Post Views: 29 Пред почетокот на новата туристичка сезона, на десеттината плажи на струшкото крајбрежје угостителите се подготвуваат за гостите. Градоначалникот Рамиз Мерко и натаму на истиот став, треба да се гради за привлекување на што повеќе туристи.  Плажите треба  да бидат  уредени за гостите да може да уживаат во благодетите во крајбрежието , а не запуштени и  преполни со отпад.  Мерко тврди, струшките концесионери плаќаат редовно закупнина. „Ние не мислиме негативно, ние секогаш размислуваме позитивино. секогаш велам дајте да градиме туристички капацитети дека се бараат,...

Continue reading

Од септември стартува со работа Општинското основно музичко училиште во Струга

Post Views: 1 Министерството за образование,  после две години од  поднесеното барање од страна на  општина Струга, во март годинава   даде дозвола  за отпочнување на образовниот процес во Основно општинско музичко училиште. Ова училиште планирано е да обезбеди основно музичко образование со тоа што ќе им овозможи на  надарените учениците да учат ,  да се усовршуваат  и да свират на музички инструменти.  Основното музичко училиште ќе биде во склоп истиот објјект, каде работи  и  средното музичко училиште во Струга. „ Задоволни сме и горди со тоа што успеавме во оваа намера и веќе...

Continue reading

Шефови готвачи зготвија 700 оброци за сиромашните во Охрид и Струга

Post Views: 1 Десетина шефови – готвачи од земјава денеска во Струга зготвија 700 топли оброци за социјално ранливите граѓани. Идеја на стружанецот Никола Петрески, кој три пати неделно дели храна на сиромашните доби поддршка од општината и бизнис заедницата. Вредните шефови, здружени за три и пол часа ја зготвија храната.Сето ова да беше малку напорно, но со волја за луѓето кои се гладни и на кои навистина им треба топол оброк се собравме повеќе кувари – вели Никола Петрески, шеф готвач од Струга.Со короната многу порасна бројот на социјално загрозени лица и се...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top