Ознака: сезона

Пчеларите се соочуваат со тешка сезона

Post Views: 3 Годинешнава пчеларска сезона завршува со тешки последици. Пчеларите предупредуваат дека состојбата е алармантна бидејќи излезот од зимата бил лош, пчелите не биле добро опоравени, а со самото тоа и нивната паша била слаба. Претседателот на Пчеларското здружение од Охрид, Тони Јосифовски вели дека пчелариве од регионов тоа го почуствувале и од финансиски аспект, бидејќи имале многу големи давачки за прихрана на пчелите и за одржување на бројката на пчелните семејства. „Месец и половина се обидуваме да воспоставиме контакт со надлежното министерство, со професорите од...

Continue reading

Охрид може да се пофали со успешна туристичка сезона

Post Views: 5 Охрид годинава може да се радува на успешна туристичка сезона, велат од Секторот за Туризам и локален развој при Општина Охрид.За тоа колкава е штетата која по туризмот ја имаше серијата земјотреси која го погоди Охрид, а која беше несомнена и особено се одрази врз домашните ноќевања, ќе треба да се почека, велат од Секторот за Туризам и локален економски развој. Додаваат, дека за среќа, реализирани се сите ноќевања на странските туристи и покрај земјотресите кои го зафатија регионов во месец јули. „Сметам дека оваа сезона во целина ќе биде успешна, со оглед на тоа што...

Continue reading

Воска Спорт новата сезона од ВМФЛ ја отвора денес против Гостивар

Post Views: 7 ФК Воска Спорт новата сезона од Втората македонска фудбалска лига ја отвора денеска против Гостивар на гостински терен. Натпреварот започнува во 16 часот. Инаку, Воска Спорт е вистински хит ова лето во македонскиот фудбал. Иако до вчера беше во Трета лига, изминатиот период во контролните натпревари ги победуваше Македонија ЃП, Борец, етаблирани наши прволигаши, а си поигруваше и со клубови од Елитната лига на Албанија. Јавноста ја потенцираше екипата на Воска Спорт како една од фаворитите за самиот врв на табелата и пласман во Првата фудбалска лига на Македонија.

Continue reading

Локалната интензивно гради и за време на летната сезона

Post Views: 7 Се уредува тротоарот и велосипедската патека на булевар Туристичка, наспроти музичкото училиште. Тоа е дел од програмата на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици. Со неа е предвидено тротоарот од пресекот на булевар Туристичка до улицата Асном, во должина од 415 метри да биде реконструиран и да биде направен на исто ниво со велосипедската патека со што ќе се добие поголем простор, а и безбедноста на пешаците и велосипедистите ќе биде подобрена. Граѓаните велат дека добро е што тротоарот ќе се реконструира, но стравуваат дека дрворедот кој се наоѓа таму ќе...

Continue reading

Туристичкиот бисер среде главната туристичка сезона е градилиште

Post Views: 2 Во центарот на Охрид, но и на крајбрежјето како што е населбата Лагадин се гради во ек на сезона. Градежни зафати има на објекти, се прават реконструкции на улици, тротоари и на мостот кај каналот. Со еден збор градат и приватни инвеститори, но и локалната самоуправа. Градот е со прашливи улици и застој во сообраќајот, бука од рано наутро до доцна на вечер. Гостите ни заминуваат, се жалат приватните станоиздавачи. „ Туристите не доаѓаат каде што има бука, ѓубре, комунална нехигиена. Не им е пријатно да престојуваат во такви околности. И онака е слаба сезонова за приватните...

Continue reading

Нова сезона со стари комунални проблеми за хотел Далјан

Post Views: 0 И оваа сезона барањата на хотел Далјан да се осветли пристапот од главниот пат до влезот во хотелот и Извидничкиот центар останаа само на хартија. Приодот до овие два објекти кои во летната туристичка сезона се привлечни за многу гости во вечерните часови тонат во мрак. „Времето е прекрасно погодено. Летувалци полно, а проблемите остануваат. Наш проблем и на Извидничкиот центар е што во 21 век нема осветлување. Две бандери со светло настрадаа во сообраќајна несреќа, но и покрај нашите барања до ЛС светилките не се поправени, а пристапот од главниот пат до Извиднички...

Continue reading

Земјотресите во Охрид, нема значително да влијаат на туристичката сезона

Post Views: 10 Од секторот за Туризам и локален економски развој нема официјални податоци за тоа колку туристи го напуштиле градов. Иако евидентно е дека одреден број домашни туристи, заминуваат Градоначалникот Никола Бакрачески истакна дека во неформален разговор со сопствениците на сместувачките капацитети, добил информации дека засега пак нема откажувања на аранжманите направени од страна на странските туристи за оваа сезона. „Вообичаено е по мене заради страв да дел од туристите го нашуштат градот Охрид, а дел да го одложат своето патување. Ние немаме комплетна статистика од службите...

Continue reading

Лактив Туризам за продолжување на летната сезона

Post Views: 3 Продолжување на туристичката сезона со креирање на нови туристички производи. Целна група на програмата која заеднички ја имплементира Секторот за туризам при општина Охрид и Факултетот за туризам и угостителство, се сениорите. Нашата земја заедно со европските партнери, членки на мрежата со езера, Словенија, Италија, Шпанија и Ирска, детектирале заеднички проблем, кратка сезона или сезоналноста. Со цел да го надминат проблемот петте земји се вклучија во реализација на партнерскиот проект Лактив туризам, чија што основна цел е продолжување на летната сезона.Задача на...

Continue reading

Гостите од Бенелукс со зголемен интерес за Охрид

Post Views: 6 Гостите од Бенелукс за престојната туристичка сезона дури за 20% ќе бидат побројни во споредба со минатите години. Ова го најави најголемиот холандски туроператор ТУИ. Жан Крајнен менаџер на ТУИ задолжен за Македонија, потенцира дека значително бил зголемен бројот на резервации во сместувачките капацитети на охридското крајбрежје. „Оваа година имаме зголемување на бројот на гости кои ќе одмараат во Охрид за 12-13 проценти. Почнувајќи од мај, па се до октомври „ТУИ“ ќе реализира 6 чартери неделно до Охрид, со кои летово ќе се превезат во Македонија 16.000 туристи“ За...

Continue reading

Нова сезона, стари проблеми

Post Views: 0 Нова сезона, стари проблеми. За жал таква е сликата со хотелско сместувачкиот капацитет Далјан. Менаџерот Славица Стефановска вели дека од нивна страна се е подготвено за сезоната која кај нив веќе е почната бидејќи хотелот е полн со гости, но нагласува дека искрено жали што и оваа сезона се соочуваат со истите проблеми кои години наназад се провлекуваат. „Немаме осветлување во 21 век на пристапниот пат, што е многу лошо, еве сега имаме гости кои што се глуви и ако треба да излезат на патот тие не слушаат, нема улично осветлување, не ја слушаат колата која што доаѓа...

Continue reading

Оваа сезона спасители на вода и од албанска страна на езерото

Post Views: 1 Престојната туристичка сезона спасители на вода ќе делуваат и на албанската страна од Охридското Езеро. ОО на Црвениот Крст од Охрид започнува проект со албанската страна, обука спасители на вода, која ќе ја спроведуваат инструктори од Единицата за вода при Црвениот крст Охрид открива претседателот Сашо Точков. На албанската страна пред два месеци бевме во посета и видовме од 16 – 20 км уредени плажи, кои се очекува да бидат користени. Инаку податокот кој  што го слушнав за посетеност на туристи кои доаѓаат на албанската страна на Охридското езеро, за минатите годинибил...

Continue reading

Ферари ја стартуваше новата сезона со триумф во Австралија

Post Views: 12 Ферари го најавуваше пред почетокот на сезоната, a го демонстрираше на првата трка во новиот Ф1 шампионат. Италијанскиот тим имаше одлично издание на трката за големата награда на Австралија. На патеката во Мелбурн, првото место го освои Себастијан Фетел, додека Кими Раиконен заврши на третата позиција. Помеѓу двата болида на Ферари, на второто место се пласираше актуелниот Ф1 шампион, Луис Хамилтон, кој имаше пет секунди заостанување зад победникот, а една секунда пред третопласираниот Финец. Поени на првата трка уште освоија Даниел Рикиарко кој заврши на четвртото...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top