Охрид може да се пофали со успешна туристичка сезона

Иако сеозната и официјално сеуште трае, а значителна штета  претпе од серијата земјотреси кои го погодија Охрид, во самиот шпиц на сезоната, за среќа, реализирани се сите ноќевања на странските туристи, велат од Секторот за Туризам и Локален економски развој.

 |   | 

Охрид годинава може да се радува на успешна туристичка сезона, велат од Секторот за Туризам и локален развој при Општина Охрид.За тоа колкава е штетата која по туризмот ја имаше серијата земјотреси која го погоди Охрид, а која беше несомнена и особено се одрази врз домашните ноќевања, ќе треба да се почека, велат од Секторот за Туризам и локален економски развој. Додаваат, дека за среќа, реализирани се сите ноќевања на странските туристи и покрај земјотресите кои го зафатија регионов во месец јули.

„Сметам дека оваа сезона во целина ќе биде успешна, со оглед на тоа што во Охрид се случуваат и голем број на манифестации, спортски настани кои претставуваа магнет за гостите кои доаѓаа во градот, меѓутоа и самата туристичка понуда и работењто на хотелите како со домашните така и со странските туроператори од година во година зема се поголем замаф и мислам дека Охрид е на вистинскиот пат“ вели Ѓоко Апостолов – раководител Сектор ТЛЕР – Општина Охрид.

Статистичките податоци, заклучно со месец јуни годинава велат дека има зголемување на ноќевањата остварени и од страна на домашните и од страна на странските туристи, за некаде околу 11%. Не се очекуваат големи промени за бројот на туристи за месец август, а вистински успех би било доколку за јули месец бројката остане барем како минатата сезона.

„Со инфраструктурата која ја изгради локалната самоуправа, и планира да ја изгради во наредниот период, мислам дека туристичката понуда на градов во иднина ќе биде уште побогата и ќе можеме да очекуваме зголемување на бројот на туристи во наредните години“ додава Ѓоко Апостолов – раководител Сектор ТЛЕР – Општина Охрид.

Од секторот за ТЛЕР велат дека Охрид полека го наоѓа своето место на туристичките мапи, а масовниот туризам не е формата на турзимот кој во иднина ќе биде обележје на нашиов туристички центар. Ова е поткрепено со очекувањата во блиска иднина да се изедначи бројот на домашниоте со бројот на странските туристи кои го посетиле Охрид. Зголемувањето пак на бројот на странските туристи, ќе ги заживее и актуелизира алтернативните форми на туризам, што ќе созададе една комплементарна целина во самото туристичко работење. Сезоната во Охрид трае до крај на месец октомври, до кога и доаѓаат туристите од Холандија, Полска, Данска и други земји.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top