Локалната интензивно гради и за време на летната сезона

Локалната интензивно гради и за време на летната сезона. Се уредува тротоарот и велосипедската патека на булевар Туристичка, наспроти музичкото училиште. Градат и приватни инвеститори иако уште пред десеттина години се донесе забрана за извршување градежни работи за време на летните месеци.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Се уредува тротоарот и велосипедската патека на булевар Туристичка, наспроти музичкото училиште. Тоа е дел од програмата на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици. Со неа е предвидено тротоарот од пресекот на булевар Туристичка до улицата Асном, во должина од 415 метри да биде реконструиран и да биде направен на исто ниво со велосипедската патека со што ќе се добие поголем простор, а и безбедноста на пешаците и велосипедистите ќе биде подобрена. Граѓаните велат дека добро е што тротоарот ќе се реконструира, но стравуваат дека дрворедот кој се наоѓа таму ќе настрада како што настрдаа на останатите тротоари кои се уредуваа.

Дрворедот останува истиот освен на оние места каде што има оштетувања или застареност на садниците па истите ќе бидат заменети со нови. То а нема да се прави сега туку во периодот кој е погоден за садење дрвца, вели Томе Џамтоски, портпаролот на Локалната самоуправа.

Ќе следува и уредувањето на улицата и плочникот од влезот кај Рача па до центарот на оваа приградска населба. Во септември од двете страни со плочници ќе биде уредена улицата Гоце Делчев. Ова е уште еден доказ дека во Охрид интензивно се гради сред туристичка сезона. Иако уште пред десеттина години се донесе забрана за извршување градежни работи за време на летните месеци која е на сила се гради во самиот центар на градот на повеќе локации.

Укажано е и таа одлука треба да се почитува но нашата активност е токму од левата страна на булевар Туристичка. Доколку се извршуваат градежни работи во строгиот центар тогаш нашиот инспекторат треба да излезе на лице место и соодветно да реагира, вели Џамтоски.

ТВМ неодамна побара одговор од локалната зошто не се спроведува одлуката на Совет а забрана на градежни активности за време на летната сезона. Од таму кажаа дека градежниот инспектор излегол на терен и на две локации, на улицата Мите Богоевски, и на раскрсницата помеѓу улицата Абас Емин и булевар Туристичка каде се извршувале градежни работи изрекол забрана за градба. Но, контролите многу не ги заплашија инвеститорите. И понатаму се гради уште на неколку локации во строгиот центар на градот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top