Ознака: СВ

Д-р Влаши Хиса: Св. Климентовата повелба чест и мотив за вложување во професијата која ме прави среќна

Post Views: 3 Гинекологот д-р Мимоза Влаши Хиса е една од тројцата годинешни добитници Св Климентовата Повелба  за особени заслуги. Покрај сите предизвици и потешкотии кои ги носи нејзината хумана професија, таа вели дека и по 2 децении ја чувствува истата љубов и елан при доаѓањето на нов живот на свет. Наградата ме прави неизмерно горда, а чувството е возвишено и не може да се опише со зборови посебно кога доаѓа од сограѓаните, вели д-р Влаши Хиса. „Преку нашите избраници градоначалникот и советниците во Советот се слуша гласот на народот. Ова е признание добиено од нив и ме прави...

Continue reading

Општина Охрид ги врачи Св.Климентовата награда за животно дело и повелбите за особени заслуги

Post Views: 33 Општина Охрид ги врачи Св.Климентовата награда за животно дело и повелбите за особени заслуги. Професор д-р Вера Битракова Грозданова ја прими наградата за животно дело. При тоа во своето кратко обраќање кажа дека наградата не е само чест туку подарок за многу години поминати во истражување на минатото на Охрид и околината, Струга и Преспа. Ова го чувствувам како Божји дар, рече проф. д-р Битракова Грозданова. „Св Климент не само што е патрон на градот и на Македонија, тој е во мислите на охриѓани. Со векови како една длабока традиција вкоренета во душите, прославите,...

Continue reading

Охридската гимназија Св Климент Охридски го одбележа патронатот на школото

Post Views: 1 Гимназијата Св. Климент Охридски го одбележа патронатот на школото. Се случи ковид кризата која меѓу двата патронати  ни го промени начинот на работа со далечинско учење. Наместо во училиште наставата се одржува од дома, според националната платформа, но успешно се вклопивме во новиот начин на работа и учениците и професорите, информира Весна Цветкоска директор на СОУ Св Климент Охридски. „Многу успешно се снајдоа во таа ситуација посебно од 1 октомври од кога започна новата учебна година кога се вклучивме без поголемни проблеми на Националната платформа во наставата...

Continue reading

Во чест на 8 декември Денот на Св. Климент Охридски – Патронот на Охрид во НУ Библиотека „Григор Прличев“ им беа врачени благодарници на најредовните читатели за 2020 година

Post Views: 1 Според евиденцијата од Одделот за издавање во категоријата деца и млади ласкавата титула Најчитател и’ припадна на Ања Стефаноска. Таа е осмоодделенка во ОУ „Христо Узунов“ во Охрид и вели дека покрај задолжителните лектири доаѓа во библиотеката и чита и белетристика од домашни и странски автори. Охриѓанката Десанка Коцарева – Беба е пензионерка и денеска ја прогласивме за најредовен и најчитател во одделението за возрасни. Таа вели дека без книга не може и дека чита од како знае за себе. Можеби патот од нејзиното родно Берово до Охрид може да се покрие со книги кои...

Continue reading

ПОЗНАТИ ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДАТА И ПОВЕЛБИТЕ „ПАТРОН НА ГРАДОТ- СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Post Views: 5 Добитник на највисокото општинско признание, наградата „Патрон на градот- Св. Климент Охридски“ за 2020 година е академик Вера Битракова- Грозданова, неуморен истражувач, универзитетски професор и еминентен научник од областа на археологијата и историјата на уметноста. Академик Вера Битракова- Грозданова е родена на 19 јули 1939 година во Охрид. Во родниот град го завршува основното и гимназиското образование, дипломира, магистрира и докторира на Филозофскиот факултет во Загреб на тема „Ранохристијанските споменици во Охридскиот регион“. Од 1975 година до пензионирањето...

Continue reading

Денот на св. Климент Охридски – 8 декември – неработен за сите граѓани

Post Views: 2 Денот на св. Климент Охридски – 8 декември 2020 (вторник) е неработен ден за сите граѓани на државата, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Осми декември е државен празник согласно со Законот за празниците на РМ.

Continue reading

Свети архиерејски литургии по повод празникот „Св. ап. и ев. Лука и Св. Константин Кавасила

Post Views: 0 Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 31. oктомври 2020 (сабота), во манастирот „Св. Наум Охридски“ – Охрид, по повод празникот „Св. ап. и ев. Лука и св. Константин Кавасила“, со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија. Исто така на 01. Ноември 2020 (недела), во манастирот „Св. Наум Охридски“ – Охрид, по повод празникот „Преп. Прохор Пчински и прен.на мошти на Св. Јован Рилски“ ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски...

Continue reading

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА – ПАТРОН НА ГРАДОТ “СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”

Post Views: 0 По повод 8-ми Декември – “Св.Климент Охридски”, Советот на општина Охрид распишува Конкурс за доделување Повелба – Патрон на градот “Св.Климент Охридски” за 2021 година. Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во равојот и севкупниот напредок и афирмација на Општина Охрид во Република Македонија и во светот, во период од една година. Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци. Во пријавата треба да се достави...

Continue reading

Денес се празнува Св. Козма и Дамјан (Св. Врачи)

Post Views: 3 Меѓу поголемите есенски празници што се празнуваат со домашни служби спаѓа и празникот на Светите врачи Кузман и Дамјан. Овој празник меѓу народот е познат како Свети Врачи или едноставно како Световрача. Зборот врач (враж) и денес во некои словенски јазици (на пр. во рускиот јазик) значи лекар. Овие господови лекари наречени и Свети бесребреници имаат два празника на 1 јули (Свети врачи – летни) и на 1 ноември (според стариот календар). Наречени се бесребреници или безмитни затоа што бесплатно ги лекувале сиромашните болни, а среброто е поим за алчност. Среброљубец...

Continue reading

papata benedikt

Папата Бенедикт Шеснаесетти се обрати за последен пат

Post Views: 1 Римокатоличкиот поглавар Бенедикт Шеснаесетти вчера на плоштадот „Св. Петар“ во Ватикан последен пат им се обрати на над повеќе десетици илјади насобрани верници. Презедов тежок товар кога дојдов на оваа функција во 2005 година, но Бог ме водеше и го чувствував неговото присуство секој ден. Верувам во иднината на црквата. Се повлекувам за нејзино добро, а не за свое – порача папата Бенедикт Шесенасетти. Тој претходно јасно порача дека се повлекува во мирен живот, исполнет со молитви и со медитирање, но се смета дека во Ватикан и понатаму ќе биде многу присутен,...

Continue reading

Денес се празнува Св. Наум Охридски Чудотворец

Post Views: 1 Денеска се чествува Свети Наум Охридски Чудотворец. Во манастирскиот комплекс се одржува утрена литургија и богослужба. Учeник на Св. Кирил и Св. Мeтoдиј и eдeн oд Пeттoчислeницитe кoи најрeвнoснo сoрабoтувалe сo тиe слoвeнски рамнoапoстoли. Св. Наум патувал вo Рим кадe штo сe прoславил сo чудoтвoрната сила какo и сo гoлeмата учeнoст. Бил пoзнавач на мнoгу јазици. Пo враќањeтo oд Рим тиe, сe насeлилe, сo пoмoш на царoт Бoрис Михаил, на брeгoвитe на Oхридскoтo Eзeрo. Св. Климeнт дeлувал какo eпискoп вo Oхрид, а Св. Наум на јужниoт брeг на eзeрoтo oснoвал манастир, кoј...

Continue reading

Показна вежба за евакуација при пожар и земјотрес во СОУ „Св. Климент Охридски“

Post Views: 3 Во организација на Отсекот за превенција при СВР Охрид, Територијалната противпожарна единица и Црвен Крст Охрид, утре (11.11.2021 – четврток) во 10 часот во Средното општинско училиште „Св.Климент Охридски” во Охрид ќе биде спроведена показна вежба за евакуација при пожар и земјотрес. Вежбата ќе се реализира по претходно утврдено и разработено сценарио за дејствување и евакуација по случен земјотрес и пожар со кое се запознаени учениците, наставниците, Регионалниот центар за управување со кризи, претставниците од Општинскиот инспекторат за образование и...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top