• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Во чест на 8 декември Денот на Св. Климент Охридски – Патронот на Охрид во НУ Библиотека „Григор Прличев“ им беа врачени благодарници на најредовните читатели за 2020 година

Во чест на 8 декември Денот на Св. Климент Охридски – Патронот на Охрид во НУ Библиотека „Григор Прличев“ им беа врачени благодарници на најредовните читатели за 2020 година

Според евиденцијата од Одделот за издавање во категоријата деца и млади ласкавата титула Најчитател и’ припадна на Ања Стефаноска. Таа е осмоодделенка во ОУ „Христо Узунов“ во Охрид и вели дека покрај задолжителните лектири доаѓа во библиотеката и чита и белетристика од домашни и странски автори.

 |   | 

Според евиденцијата од Одделот за издавање во категоријата деца и млади ласкавата титула Најчитател и’ припадна на Ања Стефаноска. Таа е осмоодделенка во ОУ „Христо Узунов“ во Охрид и вели дека покрај задолжителните лектири доаѓа во библиотеката и чита и белетристика од домашни и странски автори.

Охриѓанката Десанка Коцарева – Беба е пензионерка и денеска ја прогласивме за најредовен и најчитател во одделението за возрасни. Таа вели дека без книга не може и дека чита од како знае за себе. Можеби патот од нејзиното родно Берово до Охрид може да се покрие со книги кои таа досега ги прочитала. Посакува нашата библиотека наскоро да биде од отворен тип ( процес кој во НУ запре поради Ковид – 19 и други објективни причини ). На заминување ни рече дека преку нас сака да им порача на издавачите и на авторите во своите нови книги да ги поместуваат и биографиите за одблиску читателите да се запознаат и со животите на оние кои пишуваат.

Благодарниците и наградите во вид на книги, како што доликува на нашата институција, на добитничките им ги врачи директорката Гордана Змејковска.

Денеска НУ Библиотека на сопствената веб страница сподели и пригоден текст за животот и делото на св. Климент Охридски подготвен од проф. Марија Стрезоска од СОСУ „Св. Кирил и Методиј “ во Охрид а во просториите на библиотеката е поставена и изложба на книги под наслов: „Од Климента до Прличев“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top