Охридската гимназија Св Климент Охридски го одбележа патронатот на школото

Средношколската образовна институција бележи резултати со успеси на учениците  на општински, државни и регионални натпревари и во услови на ковид криза и новиот начин на работа.  Училиштето го одбележа денот на својот патрон виртуелно со пригодна свечена програма.   

 |  Валентина Неловска  | 

Гимназијата Св. Климент Охридски го одбележа патронатот на школото. Се случи ковид кризата која меѓу двата патронати  ни го промени начинот на работа со далечинско учење. Наместо во училиште наставата се одржува од дома, според националната платформа, но успешно се вклопивме во новиот начин на работа и учениците и професорите, информира Весна Цветкоска директор на СОУ Св Климент Охридски.

Многу успешно се снајдоа во таа ситуација посебно од 1 октомври од кога започна новата учебна година кога се вклучивме без поголемни проблеми на Националната платформа во наставата и успешно се реализира. Со помош на општината обезбедивме доволно компјутери, побрз интернет, ново каблирање во училиштето за да се подобрат условите со можност да нема проблеми при реализација на наставната програма“.

Средношколската образовна институција бележи резултати со постигантите успеси на учениците на општински, државни и регионални натпревари и во услови на ковид кризата. На бројни натпревари на кои учествувавме успеавме да постигнеме резултати кои се гордост за школото и менторите кои работеле со учениците, вели Цветкоска.

Мораше он лине да се учествува и на натпреварите. Со нашето учество успеавме да освоиме награди. По биологија ученик на државно ниво освои 2 место и се пласира на Олимпијада, потоа на натпревар по Македонски јазик ученичка освои прва награда на Рационови средби за деца, понатака на ликовни конкурси, на натпревари по информатика“.

Училиштето годинава својот патронат го одбележа на поинаков начин со виртуелна прослава со учество на училишниот хор, оркестар, ликовна изложба и подготовка на списанието Јужен бран. Во литературениот дел се рецитираа песни покрај за патронот Св Климент Охридски и за Блаже Конески кој има заслуга за стандардизирање на Македонскиот јазик. Свечената програма е поставена на веб страната на гимназијата Св. Климент Охридски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top