Ознака: СВ

Милевски: Св. Еразмо станува современ центар за физикална терапија, обезбедивме средства за реновирање и нова опрема

Post Views: 6 Со нова опрема и реновирање специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо во Охрид ќе прерасне во современ центар за физикална терапија, рече министерот за локална самоуправа, Горан Милевски при посета на Охрид. Министерот посочи дека ова е единствената болница во Југозападниот плански регион од овој домен, но исто така е и единствената болница која е специјализирана во делот на ортопедија и трауматологија на ниво на цела држава. – Во моментот овој центар не функционира со полн капацитет односно не функционира базенот и делот за хидротерапијата...

Continue reading

ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ДО СРПСКАТА ЗАЕДНИЦА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ СВ.САВА

Post Views: 3 Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка до српската заедница и до останатите припадници од православна вероисповед што го празнуваат големиот христијански празник Св. Сава. -Дозволете ми, на сите припадници на српската заедница во Охрид и во Република Северна Македонија да им го честитам празникот посветен на големиот просветител, Св. Сава. Посакувам овој ден да ви помине во добро здравје и убаво расположение во кругот на семејството. Негово одбележување е придонес кон почитување на различните културни особености на сите заедници во нашето општество....

Continue reading

Богослужби по повод празникот „Св. Еразмо“

Post Views: 0 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 14-ти јуни, среда, во манастирот „Свети Еразмо“, со почеток во 19.00 часот, ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот Свети Еразмо Охридски. Ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. На 15-ти јуни, четврток, со почеток во 9.00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Вископреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски...

Continue reading

СОБОР НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Post Views: 2 Овој ден се вика уште и Женски Водици поради што главен збор во изведувањето на обичаите имаат жените. Покрај другото на овој ден жените одат по коледица, и тоа само по куќите од својата компанија. Најпрвин една девојка облекуваат во невестинска облека, таа бацува рака и ги собира подароците, најчесто пари. Одејќи низ селото водичарките пеат: „Појдов дојдов низ село / најдов сено косено…“ во дворот од куќата: „Овде дворје метени / овде моми плетени…“, во куќата на секој член од семејството му пеат посебна песна во зависност од неговата старост и положбата во фамилијата....

Continue reading

grob

Во Рим почнува манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“

Post Views: 14 Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ја предводи државно – црковната делегација, која од денеска до недела ќе престојува во Рим на традиционалната манифестација „Македонија во чест на свети Кирил“. На манифестацијата ќе присуствува и министерката за култура Елизабета Канчевска – Милевска. Црковната делегација ја предводат поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан и скопскиот бискуп на Католичката црква Киро Стојанов. На македонската делегација ќе и се придружи и хуманитарниот караван „Мајка Тереза“ предводен од Марјан  Георгиев,...

Continue reading

Патот Охрид – Св Наум се распаѓа

Post Views: 2 Свлечишта, пукнатини, отворени дупки и крпеници , вака изгледа патот од Охрид до граничниот премин Свети Наум. Тесен, нерегледен и небезбеден. Меѓународната делница која го поврзува Охрид со главните туристички атракции плажите , комплексот Свети Наум, но и соседна Албанија, со години се распаѓа. Сообраќајницата е многу фрекфентна, по неа минуваат возила и автобуси бидејќи го поврзува градот и со повеќе населени места. Десетици сообраќајни несреќи годишно се случуваат на овој патен правец особено вотуристичката сезона. Современа сообраќајна делница од Охрид до Свети...

Continue reading

СОСУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА КАМПОТ НА ИНОВАЦИИ 2021

Post Views: 1 Џуниор Ачивмент Македонија ја прифати апликацијата на Средното Општинско Стручно Училиште „Св.Кирил и Методиј” да биде домаќин на Кампот на иновации 2021. Со тоа, училиштето доби можност за вмрежување и воспоставување соработка со други средни училишта од земјата и регионот, кои се дел од семејството на Џуниор Ачивмент. Исто така, доби признание за учество и организација на ваков тип активност и ќе биде промовирано на социјалните медуми на Џуниор Ачивмент Македонија. Со учество на ваков тип активност, СОСУ „Св.Кирил и Методиј” директно влегува во изборот...

Continue reading

ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ го одбележува патронатот

Post Views: 0 ОЕМУЦ “Св.Наум Охридски” го одбележа својот патронен празник. 55 години успешна работа, надоградување и создавање на стручни кадри во електротехничка, машинска, сообраќајна струка и лични услуги. А од учебната 2018/2019 година, следејќи ги потребите на стопанството од добро образуван и стручен кадар, електромашинскиот училиштен Центар во соработка со неколку охридски компании започна со пилот програмата за дуално образование. „Веќе трета генерација ученици ја следат наставата во дуално образование во електротехничката струка за профилот „Техничар за индустриска...

Continue reading

FTON

Универзитетот „Свети Климент Охридски“слави 30 години постоење

Post Views: 12 Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола со низа свечености и манифестации денеска ќе ја одбележи триесетгодишнината од денот на своето формирање.   Одлуката за формирање на вториот државен Универзитет во Македонија со седиште во Битола беше донесена на 25 април 1979 година, на основачко собрание, со која доброволно се здружија тогашните високообразоавни и научни институции, Економски факултет од Прилеп, Правен факултет-Битола, Технички факултет-Битола, Факултетот за туризам и угостителство-Охрид, Виша земјоделска школа-Битола, Педагошка академија-Битола,...

Continue reading

Зафати на реконструкција во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“

Post Views: 0 Во тек се обемни зафати на реконструкција во охридското средно економско училиште. Во реконструкцијата е опфатено промена на целокупната стара и дотраена столарија со нова и енергетски ефикасна, а се изврши и молерисување на внатрешноста на сите простории во училиштето. Дополнително за прв пат се постави целосно нова компјутерска мрежа, односно се изврши каблирање на училиштето со што сега ќе има стабилна интернет конекција. Увид во зафатите, денес, изврши градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, кој потенцираше дека ваквиот однос кон училиштата ќе продолжи и...

Continue reading

Православните верници денес го празнуваат денот посветен на Св. маченичка Варвара

Post Views: 5 За време на имераторот Максимилијан во Илиопол живеел еден богат човек по име Диоксор, а неговата жена рано починала. Единствената ќерка Варвара ја сакал многу и ја чувал како своите очи. Полагал голема грижа за ќерка си и за нејзиното воспитување. Девојката била необично убава и до нејзиното полнолетство татко и ја чувал во своите богати одаи на една висока кула. Девојката не гледала никого, освен воспитувачките и слугинките. Гледајќи во природната убавина почнала да размислува: чија рака ја создала таа убавина? И добивала одговор, да никој не го сторил тоа освен вистинскиот...

Continue reading

Литургија по повод празникот Св. Атанасиј Велики

Post Views: 1 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 15 мај 2017 година (понеделник), во метохот на манастирот Св.Наум – „Св.Атанасиј Велики“ – Љубаништа, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Пренос на моштите на Св.Атанасиј Велики“, со почеток во 8.45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на за-едничко прославување на овој празник.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top