ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ го одбележува патронатот

Општинскиот електро машински училишен центар Св Наум Охридски го одбележува патронатот. Половина век овој центар образува кадри од областа на техниката со постојано настојување за напредок и оспособување на своите ученици да бидат конкурентни во динамичниот развој на пазарот на трудот. Во услови на пандемија изостана традиционалната програма во која учениците од сите струки презентираа дел од своите вештини и знаења а патронатот го честита директорот Сашо Недески преку видео порака.

 |   | 


ОЕМУЦ “Св.Наум Охридски” го одбележа својот патронен празник. 55 години успешна работа, надоградување и создавање на стручни кадри во електротехничка, машинска, сообраќајна струка и лични услуги. А од учебната 2018/2019 година, следејќи ги потребите на стопанството од добро образуван и стручен кадар, електромашинскиот училиштен Центар во соработка со неколку охридски компании започна со пилот програмата за дуално образование.

„Веќе трета генерација ученици ја следат наставата во дуално образование во електротехничката струка за профилот „Техничар за индустриска мехатроника“ и во машинската струка за профилот „Техничар за производно машинство“. Изразувам благодарност до Делегацијата на Германското стопанство и сите компании, фирми и работилници со кои соработуваме и каде нашите ученици ја изведуваат праксата“ – кажа во видео обраќање директорот на училиштето Сашо Недески.

Изминативе две години со изградба на нова спортска сала, комплетно променет азбестниот кров, замена на старата столарија со ПВЦ, нови подови и тавани со современо осветлување и нова енергетски ефикасна фасада, ОЕМУЦ СВ Наум Охридски доби нов лик.

Нашата визија е да создадеме креативна и безбедна средина во која со користење на современа образовна технологија ќе обучуваме кадри од областа на техниката конкурентни на пазарот на трудот во регионот и пошироко. “ – посочи Недески.

Развојниот пат на Општинскиот Електромашински Училиштен Центар „Св. Наум Охридски“ од Охрид започнал во учебната 1966/1967 и во своето постоење Центарот е добитник на бројни награди и признанија во државата и надвор.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top