Во Рим почнува манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ја предводи државно – црковната делегација, која од денеска до недела ќе престојува во Рим на традиционалната манифестација „Македонија во чест на свети Кирил“.

grob
гроб

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ја предводи државно – црковната делегација, која од денеска до недела ќе престојува во Рим на традиционалната манифестација „Македонија во чест на свети Кирил“.

VatikanНа манифестацијата ќе присуствува и министерката за култура Елизабета Канчевска – Милевска. Црковната делегација ја предводат поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан и скопскиот бискуп на Католичката црква Киро Стојанов. На македонската делегација ќе и се придружи и хуманитарниот караван „Мајка Тереза“ предводен од Марјан  Георгиев, кој во Рим пристигна со велосипед.

Манифестацијата „Македонија во чест на свети Кирил“ ќе почне вечер со концерт на етногрупата Баклава. Во петок ќе биде отворена изложбата на новите изданија на Државниот Архив на Република Македонија насловена „Македонија низ вековите“, а истата вечер актерот и режисер Петар Темелковски ќе ја изведе монодрамата „Филип Втори“. Концерт в сабота ќе одржи и Женскиот хор при Македонскиот културен центар.
Македонската делегација в петок ќе има аудиенција кај папата Бенедикт Шеснаесетти во Ватикан, кој ќе го прими претседателот Иванов.
Шефот на државата за време на престојот во Рим ќе има средба и со претседателот на италијанскиот Парламент Џанфранко Фини.
Секоја година на 24 мај Република Македонија му оддава почит на творецот на словенската писменост со молебен на неговиот гроб во црквата Сан Клементе.

Државно-црковната делегација в недела по 41 пат ќе се поклони на гробот на сесловенскиот просветител Св. Кирил во Рим. Со молебенот на гробот на Св. Кирил во црквата „Сан Клементе“ се очекува да чиноначалствува поглаварот на МПЦ г.г Стефан.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top