Ознака: СВ

Денеска го славиме Св. Атанасиј Велики – Танасовден

Post Views: 4 Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен. Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте… Свети Атанасиј, наречен Велики е роден во Александрија во 295 година. Едно време минал во пустина заедно со свети Антониј Велики. По враќањето во Александрија станал архиѓакон во Александриската црква. Учествувал на Првиот вселенски собор и иако млад се истакнал со познавање на Светото писмо...

Continue reading

Се оддаде почит пред споменикот и моштите на Св. Климент Охридски

Post Views: 5 Во рамките на одбележување на големиот празник Св. Климент Охридски се одржаа бројни активности. На Градскиот плоштад, пред неговото спомен обележје се оддаде почест на Св Климент Охридски светителот и заштитник на Охрид. Пред споменикот се поколонија и положија свежо цвеќе охридскиот градоначалник Кирил Пецаков придружуван од советници од Градскиот совет, а исто така и делегации од политички партии и институции кои го носат неговото име. Во чест на патронот градоначалникот врачи награди за стимулација на творештвото на учениците од прво одделение до четврта година...

Continue reading

Охридската гимназија го одбележа патрониот празник Св. Климент Охридски

Post Views: 3 Охридската гимназија го одбележа својот патронен празник Св. Климент Охридски. Од оваа образовна установа порачаа дека ќе чекорат по неговиот пат и доследно ќе продолжат да ги пренесуваат неговите вистински вредности оставени во завет. Oваа година патронатот, денот на светиот учител го посветуваме на 30 години од независноста на македонската држава, истакна Весна Цветкоска, директорка на ОСУ „Св Климент Охридски“, а истовремено им упати и порака на гимназијалците.  Можеби сме млада држава 30 години независност, но благодарение на нашиот учител Св Климент Охридски ги...

Continue reading

Денес го славиме Св. Великомаченик Георгиј Победоносец

Post Views: 2 Георги во својата дваесетта година го стекнал чинот трибун и како таков служел при царот Диоклецијан. Кога овој цар започнал гонење на христијаните, Георги истапил пред него и одважно изјавил дека е христијанин, поради што царот го затворил, наредил нозете да му ги стават во клади, а на градите да му положат тежок камен. Потоа наредил да го врзар на тркало под кое имало штици со големи клинци и така го вртеле. По ова го закопале во ров, така што надвор од земјата му била само главата и го оставиле во ровот три дена и три ноќи. Но при сите овие маки Георги непрестајно...

Continue reading

Градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески упати честитка по повод “Св. Климент Охридски”

Post Views: 3 Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески по повод празнувањето на Св. Климент Охридски, упати честитка до сите православни христијани. Со зборови си ги упатил народите кон верата Божја, со делата си се издигнал, преблажен, кон божествен и блажен живот. Со чудеса си ги просветил оние што пристапуваат со вера кон Тебе, преславно осветлувајќи ја темнината со знаменија. Заради тоа го славиме твојот божествен спомен Клименте. Слава Тебе Клименте ! Честит празник ! – се вели во честитката на Ногачески.

Continue reading

СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ВО ЧЕСТ НА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ПАТРОН НА ГРАДОТ ОХРИД“

Post Views: 1 Централното случување во чест на „Св. Климент Охридски – Патрон на градот Охрид“ беше свечената академија што синоќа се одржа во големата сала при Општина Охрид. Пред присутните пригодно обраќање имаше охридскиот градоначалник Кирил Пецаков.  – Охрид, Македонија и Македонската Православна Црква празнуваат и го чествуваат името и делото на заштитникот свој, Св. Климент Охридски, светител, просветител, етичар и  прв македонски епископ. Огромна е честа, но уште поголема е одговорноста да се најдат соодветни изрази кои ќе бидат на нивото што го заслужил нашиот духовен татко,...

Continue reading

Охрид го слави денот на Св. Климент Охридски

Post Views: 10 Името на Свети Климент чудотворец Охридски е и името на првиот македонски книжевник, духовник и учител. Освен корекција на македонска азбука, глаголицата, која ја нерекол кирилица, основањето на првиот универзитет во Европа, Св. Климетовиот универзитет, значењето на овој светец за просветата и културата во Македонија е и повеќе од возвишено. Припадниците на православната вероисповед денес го прославуваат верскиот празник Св. Климент Охридски, кој е и патрон празник на градот Охрид. Без мисионерската и просветителска дејност на браќата Св Климент и Наум, делото на Светите...

Continue reading

Академик Љупчо Коцарев добитник на Св. Климентовата награда-Патрон на Охрид за 2021

Post Views: 0 Академик Љупчо Коцарев е добитник на највисокото општинско признание Св. Климентовата награда – Патрон на Градот за 2021 година. Стручна комисија од пристигнатите номинации едногласно доставиле предлог до Градоначалникот на Охрид наградата да му припадне на ценетиот Проф. Др. Коцарев кој бил предложен и поддржан од видни и истакнати доктори на науки, професори, уметници, писатели и истакнати охриѓани. Што може да се каже за оваа авангардна личност освен дека е нашиот најпознат и најпризнат интелектуалец, еден од најцитираните автори, професори, научници. Човек...

Continue reading

Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ неработен за сите граѓани

Post Views: 0 Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, 24 Мај (понеделник), е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството на сите граѓани во Република Северна Македонија им го честитаат празникот „Св.Кирил и Методиј”, Денот на сесловенските просветители.

Continue reading

Денеска се празнува Св. Матеј

Post Views: 10 Православните христијани денеска го празнуваат Св. Апостол и Евангелист Матеј. Матeј, синoт на Алфeј, првo бил цариник (т.e. закупувач и сoбирач на данoкoт, или митар) и какo такoв Гo видeл Гoспoда вo Капeрнаум кадe штo бил пoвикан: “Врви пo Мeнe. И тoј стана и тргна пo Нeгo” (Мт. 9:9). Пoтoа Матeј му прирeдил дoчeк на Гoспoда вo свoјата куќа и тука дал пoвoд Гoспoд да искажe нeкoлку гoлeми вистини за Свoeтo дoаѓањe на зeмјата. Пo примањeтo на Св. Дух, свeти Матeј гo прoпoвeдал Eвангeлиeтo вo Партија, Мидија и вo Eтиoпија, зeмја на црнцитe. Вo Eтиoпија за eпискoп гo...

Continue reading

Sv.bogorodica Perivlepta

Американски грант за црквата „Света Богородица – Перивлепта“

Post Views: 21 Примарна цел на проектот кој ќе трае три години се конзерваторско-реставраторски зафати врз архитектурата и фрескоживописот на црквата. Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска и амбасадорот на САД во Република Македонија Филип Рикер денеска во Охрид ќе потпишат Договор за доделување грант за реставрација и ревитализација на манастирскиот комплекс „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид, еден од најрепрезентативните сакрални објекти во Република Македонија. Примарна цел на проектот кој ќе трае три години се конзерваторско-реставраторски зафати врз архитектурата...

Continue reading

Sv.Jovan Bigorski

До темел изгоре стариот палат на „Св. Јован Бигорски“

Post Views: 4 Во пожар што избувнал рано изутрината во 4 часот и 30 минути до темел изгоре стариот палат на манастирот „Св. Јован Бигорски“. Целосно се опожарени конаците, трпезаријата и библиотеката. Нема повредени. Монасите успеале да ги спасат од огнената стихија поважните предмети кои биле во опожарените објекти. Во манастирот се испратени пет противпожарни возила од Гостивар, Кичево и Дебар и еден хеликоптер. Пожарот е локализиран. Засега нема сознанија за причината за настанувањето на пожарот. Манастирскиот комплекс Св. Јован Бигорски посветен на Св. Јован Крстител, се наоѓа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top