Се оддаде почит пред споменикот и моштите на Св. Климент Охридски

На Градскиот плоштад и на Плаошник беа присутни градоначалникот Кирил Пецаков, охридски советници и делегации на политички партии и институции кои го носат неговото име. Беше положено свежо цвеќе и се доделија награди од Конкурсoт за најдобра поетска творба што го распишува  градоначалникот на општина Охрид по повод Св. Климент Охридски – Патронот на градот.

 |  Валентина Неловска  | 

Во рамките на одбележување на големиот празник Св. Климент Охридски се одржаа бројни активности. На Градскиот плоштад, пред неговото спомен обележје се оддаде почест на Св Климент Охридски светителот и заштитник на Охрид. Пред споменикот се поколонија и положија свежо цвеќе охридскиот градоначалник Кирил Пецаков придружуван од советници од Градскиот совет, а исто така и делегации од политички партии и институции кои го носат неговото име.

Во чест на патронот градоначалникот врачи награди за стимулација на творештвото на учениците од прво одделение до четврта година од средните училишта. На Конкурсoт за најдобра поетска творба што го распишува градоначалникот на општина Охрид по повод Св. Климент Охридски – Патронот на Охрид наградени се Меланија Ристеска, Мирјана Дејкоска и Јасна Сиљаноска.

Градоначалникот Пецаков и претставници од Општина Охрид се поклонија пред моштите на Свети Климент Охридски во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон”- Плаошник, каде беше отслужена и света архиерејска литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Mакедонската православна црква со посебно внимание и со гордост го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец. Првиот македонски архиепископ во исто време и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top