Ознака: светот

london

Главен град на светот е Лондон

Post Views: 4 Критериумите се власт и политичко влијание, приходи и богатство, степен на образование, глобални врски и ниво на култура. Според овие критериуми Лондон собра 22 поени и ја доби титулата главен град на светот во конкуренција со 140 града.  На второ место со 21 поен се наоѓа Њујорк, а третото место го делат Токио и Вашингтон со 17 поени. По нив следуваат Шангај, Мексико, Пекинг, Бомбај и Делхи. Вториот по големина австралиски град Мелбурн е најдоброто место за живеење во светот, според листата во која влегуваат 140 града. По него се Виена и Ванкувер. Во првата десетка...

Continue reading

43 милиони бегалци во светот

Post Views: 0 Извештајот на УНХЦР, Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации, за состојбата со бегалците во 2010 година е шокантен: над 43 милиони лица ширум светот ги напуштиле своите домови, што претставува рекорд во изминатите петнаесет години. Главната причина се кризни жаришта, каде немирите траат веќе со децении: „Има појава на уште повеќе нови жаришта. Од почетокот на годинава тоа е случај со Брегот на Слоновата Коска, Либија, Сирија, Јемен. Во исто време старите кризи не се завршени. На пример, Авганистан, каде се војува веќе дваесет години, а ист...

Continue reading

Mount Everest

Непал ќе го премерува „покривот на светот“

Post Views: 0 Владата на Непал нареди повторно да се измери „покривот на светот“ Монт Еверест, за да се утврди колку е навистина висок, соопшти денеска еден од официјалните лица во Катманди. Непал ја признава висината на монт Еверест од 8848 метри, која важи со децении. Но, Кина и алпинистите од западните земји од неодамна почнаа да изнесуваат други процени. Подготовките биле во тек, а се планира на врвот на Еверест да се постават направи кои ќе ја измерат висината со помош на сателитска технологија ГПС. Поставувањето на тие направи на три различни локации и другите подготовки ќе...

Continue reading

Тажен јубилеј во светот на спортот

Post Views: 2 Денес е тажен јубилеј во светот на спортот, точно на денешен ден загина големиот Аиртон Сена. Еден од најголемите возачи во историјата на Формула1 загина за време на трката за големата награда на Сан Марино во 1994 година. Тоа се случи на патеката во италијанската Имола, градче оддалечено 40 километри од Болоња. Во седмиот круг бразилскиот возач излета од патеката и удри во бетонски ѕид. Од камерата која одеше во живо од болидот на Бенетон, на Михаел Шумахер, се видело дека болидот на Сена два пати пролизгал од задната страна. Тоа имаше за последица излетување од патеката...

Continue reading

maya prophecy

Франција: Ризик од масовни самоубиства на 21 декември 2012 година

Post Views: 0 Во соопштение на специјалните служби, француската влада предупредила дека во земјата е присутен ризик од масовни самоубиства на луѓе кои веруваат дека на 21 декември наредната година навистина ќе се случи крај на светот. Неодамнешната катастрофа вклучувајќи го земјотресот во Јапонија како и вознемиреноста заради епидемии и економската криза, предизвикуваат глобална атмосфера на страв, при што некои во тоа гледаат најава за судниот ден. Верувањето во пророштвото на Маите по кое времето на светот истекува наредната година изгледа дека најмногу е прифатено во Франција,...

Continue reading

George Atkinson

16-годишник го освои Монт Еверест

Post Views: 1 Шеснаесетгодишен британски ученик го собори светскиот рекорд и стана најмладата личност која се искачила на највисокиот светски врв Монт Еверест, известуваат организаторите. George Atkinson од градот Сурбитон успеа во четвртокот да се искачи на највисокиот врв во светот и да го собори светскиот рекорд , објавено е на интернетските страници на британското алпинистичко здружение Adventure Peaks. Аткинсон на 8.850 метри високиот врв на светот се искачи три дена пред својот 17-ти роденден. Претходниот рекорд го држеше Американецот Џони Колинсон кој највисокиот врв на светот...

Continue reading

ahmadinedzat

Уапсен личниот „ловец на духови“ на Ахмадинеџад

Post Views: 0 Од Иран протече веста дека тамошните власти уапсиле човек за кој се верува дека е личен егзорцист на претседателот Махмуд Ахмадинеџад. Абас Гафари е опишан како Ахмадинеџадов „ловец на духови“ и е еден од групата луѓе од најтесниот круг на претседателот кои се уапсени последниве денови. Како што јавува Foks News апсењата се последица на внатрешни судири меѓу Ахмадинеџад и Ајатолахот Али Каменеи.За интересот на Ахмадинеџад за окултното одамна се знае. Блиски луѓе тврдат дека Претседателот е опседнат со концептот „12 Имами“. Станува збор за верување раширено во дел од...

Continue reading

Pietro Ferrero

Загина кралот на чоколадото

Post Views: 4 Во велосипедска несреќа, загина првиот човек на чоколадната империја на Нутела, Киндер и Фереро Рошер, 47-годишниот Пјетро Фереро. Несреќата се случила додека Фереро, кој е страстен велосипедист, бил на одмор во Кејптаун, Јужна Африка. Деталите сe уште се оскудни а обдукцијата треба да покаже дали причина за смртта бил пад од велосипед, инфаркт или удар од автомобил. Пред 14 години, тој и неговиот брат Џовани го наследиле бизнисот од својот татко, 84-годишниот Микеле Фереро, 32-от најбогат човек на светот, чие богатство Форбс го проценува на 18 милијарди долари. Пјетро...

Continue reading

Шест професии за кои ќе владее голем интерес во светот

Post Views: 0 CareerCast направил листа на професии во ИТ индустријата по кои идната година побарувачката ќе биде огромна.Начинот на кои го спровеле истражувањето е врз основа на висината на платите во 2016 година и важноста на одредени професии во ИТ компаниите, но и растот на побарувачката на тие професии за време на оваа година.Идната година по овие професии во ИТ секторот ќе има голема побарувачка:1.Програмери2.Проектанти на информатички системи3.Аналитичари за информатичка безбедност4.Софтверски инженери5.Аналитичари за податоци6.Системски и мрежни администраториПрограмер е најбараната...

Continue reading

american idiot

Не ги „занима“ ништо подалеку од носот

Post Views: 5 Ако по некоја случајност родените Американците мора да го решат официјалниот тест за државјанство што го решаваат имигрантите, скоро 40% од нив ќе треба да бидат депортирани од сопствената земја. Кога неодамна Њузвик им го дал тестот на 1.000 случајно одбрани американски државјани, дури 29% од нив не му го знаеле името на потпретседателот, 73% немале поим зошто се водела Студената Војна, 44% не можеле да ја дефинираат Декларацијата за правата, додека 6% не знаеле кога се слави Денот на независноста. Немојте да не сфатите погрешно, цивилното незнаење не е ништо ново....

Continue reading

vector

Јапонскиот ефект врз светската економија ќе биде краткотраен

Post Views: 1 Експертите ширум светот прогнозираат дека земјотерост ќе ја чини земјата околу 2% од БДП или 100 милијарди долари, најголем удар ќе претрпи осигурителниот бизнис, загубите сега се проценуваат на околу 35 милијарди. Сепак, очекувањата се дека состојбата брзо ќе биде ставена под контрола, а земјата ќе остане економски џин. Според главниот економист на Светската банка, кризата нема да се прелее низ светот. – Гледајќи го начинот на кој јапонската Влада се справува со предизвиците и проблемите сите сме уверени дека ќе успеат соодветно да ги надминат. Затоа кризата повеќе...

Continue reading

dobrovolci

Хероите на нашето време се камиказите од Фукушима

Post Views: 0 Татко ми ми рече: “Одам во смрт за ти да имаш иднина“„Не можев да ги сопрам солзите кога дознав дека татко ми е еден од 50-те доброволци кои останаа во нуклеарката во Фукушима. Ми рече дека тоа е негова мисија и дека иднината на Јапонија и светот зависат од него. Никогаш не сум била погорда на него.“ -објавила на Твитер млада јапонка чиј татко е еден од хероите  кои се обидуваат да спречат нуклеарна катастрофа во Јапонија. Доброволците кои останаа во нулеарката медиумите ги нарекуваат камикази и херои кои ги жртвуваат своте животи за да го спасат својот народ.Тие се...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top