Уапсен личниот „ловец на духови“ на Ахмадинеџад

Од Иран протече веста дека тамошните власти уапсиле човек за кој се верува дека е личен егзорцист на претседателот Махмуд Ахмадинеџад.

 |  Маја Савиќ  | 
ahmadinedzat
Ахмадинеџад

Од Иран протече веста дека тамошните власти уапсиле човек за кој се верува дека е личен егзорцист на претседателот Махмуд Ахмадинеџад.

ahmadinedzatАбас Гафари е опишан како Ахмадинеџадов „ловец на духови“ и е еден од групата луѓе од најтесниот круг на претседателот кои се уапсени последниве денови. Како што јавува Foks News апсењата се последица на внатрешни судири меѓу Ахмадинеџад и Ајатолахот Али Каменеи.
За интересот на Ахмадинеџад за окултното одамна се знае. Блиски луѓе тврдат дека Претседателот е опседнат со концептот „12 Имами“. Станува збор за верување раширено во дел од муслиманската популација дека на Земјата ќе дојде нов водач и ќе го обедини светот под знамето на Исламот. Бидејќи се смета дека новиот водач ќе се појави исклучиво во време на најголем хаос некои во Иран стравуваат дека Ахмадинеџад намерно ги дестабилизира односите на Иран со остатокот од светот.
Уште во 2009-та кандидатот на реформистите Хусеин Моусави кој загуби на изборите плати оглас во кој стоело:Следната влада ќе биде разумна а не влада на гатачи и бајачи и читачи од дланка.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top