Загина кралот на чоколадото

Во велосипедска несреќа, загина првиот човек на чоколадната империја на Нутела, Киндер и Фереро Рошер, 47-годишниот Пјетро Фереро.

 |   | 
Pietro Ferrero
Пјетро Фереро

Pietro FerreroВо велосипедска несреќа, загина првиот човек на чоколадната империја на Нутела, Киндер и Фереро Рошер, 47-годишниот Пјетро Фереро.

Несреќата се случила додека Фереро, кој е страстен велосипедист, бил на одмор во Кејптаун, Јужна Африка. Деталите сe уште се оскудни а обдукцијата треба да покаже дали причина за смртта бил пад од велосипед, инфаркт или удар од автомобил.

Пред 14 години, тој и неговиот брат Џовани го наследиле бизнисот од својот татко, 84-годишниот Микеле Фереро, 32-от најбогат човек на светот, чие богатство Форбс го проценува на 18 милијарди долари.

Пјетро Фереро, кој живеел во Белгија заедно со својата сопруга и 3 деца, неодамна му ја презеде титулата на Берлускони на најбогат човек во Италија.
Ferrero
Компанијата Фереро е основана во 1946-та, а освен по чоколадите е позната и како една од најтаинствените компании во светот, која не само што не им дозволува на медиумите да ја посетуваат фабриката, туку и сите производи на Фереро се направени од машини кои се дизајнирани од инженерскиот оддел на компанијата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top