Ознака: реконструкција

Наскоро ќе следува реконструкција на дрвените скали на Античкиот театар

Post Views: 7 Во понеделник, на 28 мај, ќе се отвара јавната набавка за материјал за поправка на дрвените скали на Антички театар. Руинираните и оштетени скали ќе бидат санирани по 5 месеци од нивното затварање пред новогодишните празници. Приодот кон театарот не беше дозволен заради небезбедност на посетителите, информира Елеонора Новакоска директор на НУ Завод и Музеј од Охрид. Во тој период, нашата институција, не беше во можност да преземе мерки за санација на скалите. Сега работите се придвижуваат. Постапката за јавна набавка е отпочната и ќе биде отворена на крај од месецов...

Continue reading

Ќе се врши реконструкција на улицата „7ми Ноември“

Post Views: 1 Ќе се врши реконструкција на улицата „7ми Ноември“. Локалната тоа го предвиде со годишната програма бидејќи според сондажите кои се направени од страна на Секторот за комунален развој сообраќај и патишта оваа сообраќајница која е една од поглавните артерии во градов навистина е во незавидна состојба. Коловозот е исрешетан со ударни дупки, тротоарите на добар дел од улицата се ископани или воопшто ги нема, велосипедските патеки кои се направени уште пред четириесетина години се издигнати над коловозот и никој не ги користи, а на делот пред маркетите кои се сконцентрирани...

Continue reading

Општина Охрид со проект за реконструкција на кејот ќе аплицира за добивање средства од европските фондови

Post Views: 4 Општина Охрид со проект за реконструкција на кејот ќе аплицира за добивање средства од европските фондови. Локалната забрзано работи на овој проект откако пред извесно време Владата најави дека со 18 милиони евра грант од Европската унија преку ИПА 2 програмата и сопствени средства во висина од 3,2 милиони евра ќе ја подобрува локалната конкурентност во туризмот во Македонија. Средствата ќе се доделуваат преку Програмата за локална и регионална конкурентност која се спроведува како партнерство помеѓу Владата на РМ , ЕУ и Светската банка. Проектот за реконструкција на...

Continue reading

Реконструкција на тротоарот на потегот од Гимназија кон СРЦ „Билјанини извори“

Post Views: 3 Граѓани реагираат во рубриката „Ти си твојот град“ на ископана пешачка и велосипедска патека на Булевар Туристичка на потегот покрај СРЦ „Билјанини извори“. Напоменуваат дека во многу лоша состојба се тротоарите од двете страни на Булеварот по кој секојдневно поминуваат голем број граѓани кои се рекреираат пешачејќи или со велопсипед. 20 години од кога знам за себе, бекатонот фалит. Место пред бензиската Билјанини извори ( правец Охрид-Пештани) и едната и другата страна се катастрофа – пишува граѓанин кој испрати фотографии во рубриката ТиСиТвојотГрад. Велосипедската...

Continue reading

Алаѓозовски: Проектот за реконструкција на Али пашината џамија во охридската чаршија ќе се стопира

Post Views: 3 Ќе се стопира реконструкцијата на Али пашината џамија во Охрид, тврди министерот за култура Роберт Алаѓозовски. Како што е познато неодамна од граѓанското здружение „Совест“ кажаа дека овој проект се реализира без одобрение за градба. „Ќе го стопираме проектот за да видиме за да најдеме заедничко решение значи не би дозволиле таму да се гради а самото градење да предизвикува етнички тензии а тоа да биде надвор од законските процедури така што во таа смисла сме јасни“ – вели Алаѓозовски. Министерот истакна дека тие како ресорно министерство немаат ништо против обновувањето...

Continue reading

Министерството за култура ќе ангажира експерти во врска со проектот за реконструкција на Али пашината џамија

Post Views: 0 Од Министерството за култура ги следат случувањата во врска со проектот за реконструкција на Али пашината џамија во охрид. Ќе се обидат, како што велат овој проблем , да го решат на најадекватен начин, за твм изјави Донка Барџиева Трајковска, специјален советник на министерот за култура. Висината на минарето може да се одреди врз основа на документи и остатоци но додава дека секогаш е можно да се направи компромис во однос на она што е вредност а тоа е Охрид како град заштитен од УНЕСКО, потенцира Барџиева Трајковска. Но и покрај инсистирањето на новинарите, таа не сакаше...

Continue reading

kuka

Куѓата на Калеш Анѓа ќе биде отворена за јавноста

Post Views: 3 „Kуќата на херојката Kалеш Анѓа, синоним на македонскиот непокор против потурчувањето, се спасува од распаѓање и наскоро ќе биде отворена за посетители“, вели Ристе Момоковски, родум од Мариово и поранешен градоначалник на општината Старавина. Во тек е реконструкција на објектот стар неколку века. Со тоа за најопеаната Мариовка Kалеш Анѓа нема да се дознава само од романот на Стале Попов и изворната народна песна „Ајде слушај, слушај, калеш бре Анѓо“. Дека навистина постоела девојката од Сирминo Мaало, која Турците не успеале да ја поткупат, ќе сведочи и нејзината родна...

Continue reading

kolektor

Ќе живне ли конечно колекторскиот систем

Post Views: 8 Јапонската Агенција и Влада, како и Македонската Влада влегуваат во сериозен проект за реконструкција на колекторскиот систем на Охридското Езеро. Деновиве Јапонската мисија изврши детален преглед на колекторскиот систем на охридско-струшкото тло. Познати по прецизност, тие во двете општини ги отворија сите шахти, ги прегледаа сите пумпи и ги посетија сите места кои се во тесна врска со колекторскиот систем, за да добијат реална слика за функционирањето на овој систем. Дејан Паноски од билатералниот секретаријат вели дека завршниот извештај веќе е на маса пред јапонците,...

Continue reading

Тилевски: Реконструкција на двата плоштади

Post Views: 9 Митко Тилевски кандитот за градоначалник од Вмро Дпмне  и Коалицијата најави реконструкција на двата градски плоштади. Вмро Дпмне не застанува, како што не застана и претходните години, рече на прес конференцијата Тилевски. „ Продолжуваме со исто темпо, помотивирани и посветени, остануваме на патот Охрид да го направиме квалитетно место за живеење со светла иднина за охриѓани“, најави Тилевски. Од градскиот плоштад беа презентирани двата проекта како едни од главните идеи кои се дел од програмата која ќе се реализира во перидот 2017-2021. „ Градскиот плоштад „Св. Климент...

Continue reading

Спорт за сите и реконструкција на трибините на СРЦ „ Билјанини извори“

Post Views: 2 Спорт за сите и создавање на подобри услови за спортување, најави Кирил Пецаков носител на советничката листа од Вмро Дпмне и коалицијата. Најавува обнова на трибина и соблекувални на СРЦ „Билјанини извори“. „Постојната трибина на фудбалскиот стадион со реконструкција ќе прерасне во современа трибина. Во рамките на трибината ќе има четири соблекувални, просторија за Атлетски клуб Охрид, и просторија на Општински фудбалски сојуз Охрид. Секогаш младите, младите, младите. Младите се движечка сила и промотор на новите вредности на општетството и градот. Младите се иднината...

Continue reading

Реконструкција на Кејот „Македонија“ ќе почека

Post Views: 11   Реконструкција на Кејот „Македонија“ ќе почека. Првиот обид за пронаоѓање изведувач на градежните работи, заврши неуспешно. Од Локалната ни дадоа кратко објаснување зошто тендерот пропаднал. –Тендерот за реконструкција на кејот „Македонија“ не успеа , бидејќи согласно Член 120 од Законот за јавни набавки понудената цена  беше повисока од проценетата. Новиот тендер  за реконструкција на кејот „Македонија“ е распишан и нема измени во условите. Локалната самоуправа согласно вториот тендер за избор на фирма што ќе ги реализира изведбените работи на Кејот „Македонија“, ...

Continue reading

Реконструкција на улиците во стариот дел на Охрид

Post Views: 3 Согласно програмата на Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта, деновиве започна реконструкција на улицата „Коста Абраш“. Поради изведувањето на градежните работи улицата времено е затворена за сообраќај. Претходно беа реконструирани улиците „Кузман Капидан“, „Ангел Маринчев“ и „Кочо Рацин“ .Градежните работи ги изведува фирмата „Бокоп“ , која по завршувањето на реконструкцијата на „Коста Абраш“ ќе продолжи со работа на другите планирани улици.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top