Ознака: реконструкција

Bolnici

Европски кредит за реконструкција на македонските болници

Post Views: 4 Создадени се услови за почнување на првата фаза од проектот за реконструкција на 20 јавни здравстевни установи по официјалното потпишување на договорот за заем со Банката за развој при Советот на Европа, потврдија на денешната прес конференција вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за здравство Бујар Османи. Европската институција на Македонија и одобри кредит кредит во износ од 23 милиони евра. „ Станува збор за еден од покрупните проекти во последните 20 години во здравството, кое е единствениот сектор кај кој ќе има зголемување на финансиите...

Continue reading

Petko Kutanoski

Локацијата кај струшките муслимански горбишта се уредува.

Post Views: 47 Сакаме овој простор да биде достојно место за погребување, велат иницијаторите на акцијата.   Просторот кај струшките муслимански гробишта интензивно се расчистува. Граѓаните одганизирано по своја воља превземаат активности за расчистување и уредување на просторот околу муслиманските гробишта. Иницијативата ја покрена генералот Адил Газафер, чиј син почина пред два месеци. Сакам неговиот вечен дом да биде уреден и овој простор да наликува на достојно место за погребување на сограѓаните, низ солзи кажува Газафер. Сите активности кои се превземаат ќе бидат покриени со...

Continue reading

Поради реконструкција на ул „Јане Сандански“ без вода неколку улици во Охрид

Post Views: 0 Поради реконструкција и инсталирање на нова водоводна линија на улица „Јане Сандански“, прекин во водоснабдувањето ќе има на улиците „Сирма Војвода“, „Лазо Трпоски“, „8ми Септември“, „Мирче Ацев“ и дел од улицата „Галичица“. Прекинот ќе трае до 14.00 часот.

Continue reading

rabotnik

На ред дојдоа и потпорните ѕидови кај Канео

Post Views: 10 Во рамки на неодамна започнатите активности за средување на населбата Канео и делот што води кон црквата “Св. Јован- Канео” ,Јавното претпријатие “Градски гробишта“  започна со реконструкција на постоечките потпорни ѕидови кои се опасност за минувачите а  ќе се подигнат и нови. На овој простор се планира поставување на ново осветлување, односно замена на старите со нови фенери со што ќе се добие уредена патека што води кон црквата посветена на “Св. Јован-Канео”. Овој простор од градов ќе добие нови зелени површини и хорти културно ќе се дооплеменува. {loadposition...

Continue reading

Cinar Hristo

Локалната им вети сериозни зафати на жителите на Горна Влашка Маала

Post Views: 1 Реконструкција на улици, канализациона, водоводна мрежа, естетско уредување на урбаната заедница „Горна Влашка Маала“. Ова се само дел од ветувањата кои граѓаните на оваа урбана заедница ги добија на средбата со градоначалникот Никола Бакрачески, секретарот Димитар Спасески, стручни служби од локалната како и претставниците на јавните претпријатија од градов. Претседателот на оваа заедница, Томислав-Трпе Голејшки вели дека за дел од нивните барања добиле ветување дека ќе се реализираат во најкраток можен рок. „Мислам дека градоначалникот потенцира дека прво ќе почне...

Continue reading

Nikola Gruevski

Започна реконструкција патoт Струга-Дебар

Post Views: 4 Започнаа градежните зафати за реконструкција на регионалниот пат Струга-Дебар. Овој патен правец е од големо значење, бидејќи претставува единствена врска помеѓу двата града, но е и од исклучително значење за граѓаните кои гравитираат во овој регион. Жителите на село Луково сега можат да здивнат, еден проблем веќе ќе им биде решен. „40 години воопшто не е инвестирано во инфраструктурата. Досга, од село Луково до Струга патувавме речиси по еден час, иако може и многу побрзо да се стигне до градот“-вели Славе Милески, жител на С.Луково. Со реконструкцијата е предвидено...

Continue reading

Реконструкција на локални патишта во Општина Дебрца со финансиска поддршка од Светска Банка

Post Views: 2 Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта ”, кој се реализира од Министерството за транспорт и врски, со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, општина Дебрца аплицираше со проектот: “Реконструкција на патниот правец село Злести-село Белчишта ( врска со регионален пат ) и изградба на обиколница околу село Злести”, како продолжение на патниот правец село Лешани-село Злести, во вкупна должина од 2121 метри. Проектот е одобрен и на 10 Март преку Министерството за транспорт и врски е објавен вториот тендер...

Continue reading

malari;na

Сеуште неизвесна судбината на здравствениот дом во Охрид

Post Views: 1 Сеуште неизвесна судбината на здравствениот дом во Охрид, попознат како Маларична. Надлежните институции во дилема дали да се реконструира или да биде изграден нов објект на друга локација. Оваа здравствена установа е  во незавидна состојба бидејќи многу е руинирана па речиси во неа и да нема услови за работа. Охриѓани кои голем дел се и пациенти кај докторите чии ординации се наоѓаат токму таму, со поделени мислења околу иднината на здравствениот дом. Министерството за здравство е тоа кое треба да одлучи што со Здравствениот дом во Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески...

Continue reading

За руралните средини нема проекти за реконструкција на локалните патишта

Post Views: 0 Благој Бочварски, Министерот за транспорт и врски, ги повика сите 80 општини од земјава да аплицираат со изработени проекти за заем од 70 милиони евра од Светска банка за подобрување на патната инфраструктура. Неодамна од говорницата во градскиот Совет, Гоце Георгиески, советник од редовите на Вмро Дпмне, праша дали има можност за конкретна реализација во нивниот мандат за изградба и реконструкција на локални патишта и улици во руралните средини во Охрид. „Во програмата ставивме за реализација на проекти за изградба и реконструкција на локални патишта и улици во населени...

Continue reading

baraceski ulici

Продолжува асфалтирањето на улиците во Охрид

Post Views: 7 Продолжуваат интензивните активности за асфалтирање на главните сообраќајници во Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески изјави дека работат со полн капацитет и не застануваат додека не го исполнат зацртаниот план за реконструкција на улиците. Додава дека работите на терен откриле и дополнителни проблеми. „Токму денес се наоѓаме пред една од тие локации а тоа е дел од ул Јане Сандански во која што предвидуваме да асфалтираме околу 2000 квадрати, тоа е прва фаза од реконструкцијата на оваа улица. Во иднина ќе се реконструираат и асфалтират улиците, Сирма Војвода околу...

Continue reading

Почнаа подготовки за реконструкција на улицата Јане Сандански

Post Views: 4 Утринава започна сечењето и отстранување на дрворедот на улицата „Јане Сандански“. Тоа е подготвителна активност за комплетната реконструкција на оваа улица што опфаќа и промена на водоводната азбестна линија. Ќе се реконструира потегот од крстосницата со булеварот „Туристичка“ до кружниот тек кај Болнички комплекс. „Во рамки на проектот за реконструкција на оваа важна сообраќајница, планирано е подигнување на нов дрворед. Општина Охрид во согласност со својата годишна програма, во континуитет инвестира во подобрување на животната средина и одржување на зеленилото во...

Continue reading

ЗАПОЧНУВААТ ПОДГОТВИТЕЛНИ АКТИВНОСТИ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „ЈАНЕ САНДАНСКИ“

Post Views: 5 Од понеделник 01.03.2021 започнуваат подготвителни работи за уште еден голем инфраструктурен проект, комплетна реконструкција на улицата „Јане Сандански“ од кружниот тек на булевар „Туристичка“ до кружниот тек кај Болничкиот комплекс и промена на водоводната азбестна линија. Општина Охрид ја информира јавноста дека ќе се врши остранување на дрворедот и поради непречено одвивање на планираните зафати, се упатува молба до сите учесници во сообраќајот, да ги отстранат паркираните моторни возила и да не паркираат на оваа улица. Забраната за паркирање на овој потег ќе важи...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top