Ознака: реконструкција

sportska sala

Започна реконструкцијата на спортската сала во Велгошти

Post Views: 0 Забрзано се  работи врз реконструкција на спортската сала во Велгошти.   Во моментов се работи  на  ентериерот на салата, а се освежува и фасадата. Агенцијата за млади и спорт ги финансира градежните работи кои се одвиваат според  планот кој што го најави директорот  Лазар Попоски, при неговата посета  на објектот во месец јули. Ставањето во функција на објектот ќе има големо значење за учениците од ОУ Живко Чинго и за спортските екипи. Агенцијата за млади и спорт има склучено договор со општината  и со ОУ „ Живко Чинго“, вели Серафима Наумоски, од охридската Локална...

Continue reading

pustanje vo upotreba ulici

Свечено пуштени во употреба неколку реконструирани улици во Воска

Post Views: 3 Свечено пуштени во употреба неколку реконструирани улици. Станува збор за улични мрежи претежно во населбата Воска. Од локалната самоуправа велат дека изминативе два месеци  интензивно работеле на реконструкција на пет улични мрежи, кои свечено се пуштија во употреба на денот на ослободувањето на Охрид. „Реконструкцијата се однесуваше на веќе изградени улици, каде се вршеше реновирање на асфалтната подлога  со гребење на асфлтната база и повторно асфалтирање“, вели раководителот на одделението за комунален развој и сообраќај Зоран Шикалески. „Мислам дека за сите овие...

Continue reading

sednica

Доцнеше почетокот, но брзо дојде крајот

Post Views: 1 Педесет и втората седница на советот на општина Охрид според својот дневен ред набилдан со 39 точки, многу ветуваше, но малку понуди. Новинарите, а и јавноста очекуваа да дознаат дали  ќе се одлучи конечно да отпочне постапката за изградба на  долгоочекуваната катна гаража или не, но до оваа точка советниците не стигнаа. Десетина точки кои беа најинтересни меѓу кои и договор за Јавно приватно партнерство за изградба на катна гаража како и договорот за Јавно приватно партнерство за изградба на автобуска станица во општина Охрид не дочекаа по нив да се дискутира бидејќи...

Continue reading

колектор Пештани

Јапонците заинтересирани за Охридскиот колектор

Post Views: 5 Јапонската агенција за меѓународна соработка заинтересирана да и помогне на Македонија. Веќе неколку месеци претставници од оваа агенција го скенираат регионов и собираат информации за можноста за изградба на современа депонија, но и реконструкција и довршување на колекторскиот систем на Охридското езеро.  Се остварија повеќе средби со сите надлежни структури на локално и државно ниво кои се поврзани со работата на колекторскиот систем. Преставникот на Билатеријалниот секретаријат за заштита на Охридското езеро, Дејан Паноски е категоричен дека Јапонската влада ќе ги...

Continue reading

Bakraceski

Приоритет? Болница или хотел?

Post Views: 2 „Најидеално решение за целиот здравствен систем во земјата а следствено и за македонската кардиологија е, да ние тој објект на поранешната детска болница го добиеме за нашите потреби. Да биде реконструиран и адаптиран за изведување на дијагностички и терапевтски процедури од областа на адултната кардиологија. Ние ветуваме и дадовме наши развојни планови со кои ќе овозможиме во тој центар да се развие и детска кардиологија“објаснува Бакрачески. Оваа идеја во тек на месец мај минатата година, била дообработена од страна на стручните лица од Министерството за здравство...

Continue reading

ulici

Улиците во Охрид и охридско ќе добијат „фејслифтинг“

Post Views: 0 Охридските улици ќе доживеат сериозна преобразба до крајот на годинава. Критичните точки кои долго време чекаат реконструкција, според раководителот на секторот за сообраќај, Зоран Шикалески годинава ќе бидат санирани. Целосно нов лик ќе добие и една од најстарите улици во градов, „Абас Емин“. Асфалтирање и тампонирање на улици, поставување тротоари и улични рабници. Доколку се остварат зацртаните проекти на секторот за сообраќај, охридските улици до крајот на годинава ќе добијат вистински фејслифтинг. Критичните точки кои подолго време чекаат реконструкција, според...

Continue reading

ou Koco Racin

Во ОУ„Кочо Рацин“ заменети штетните тавани

Post Views: 68 Реконструирани таваните во основното училиште „Кочо Рацин“. По барање на родителите,  заради штетноста на таванскиот материјал, Локалната самоуправа за помалку од еден месец направи  реконструкција на девет училишни тавани. Додека траеа градежните зафати учениците без прекин посетуваа настава во зградата на подрачното училиште во Горно Лакочереј, информира Серафим Наумоски од одделението за образование при Локалната самоуправа. „Армстронот се замени со нов материјал, а се вароса и целата училишна зграда.“  Директорот на основното училиште „Кочо Рацин“ во населбата Радојца...

Continue reading

Kukata na Uranija

Македонските академици сеуште не ја севтосале Куќата на Уранија

Post Views: 3 Куќата на Уранија, реконструирана со солидно внатрешно уредување, ги чека своите посетители. Но, од нејзиното предавање на Ману таа стои празна под клуч. По скоро, две години од  реконструкција не е ставена во функција. Првичната намера беше таа  да биде резиденцијален објект на македонските академици. Се обративме до службата за односи со јавност во Ману барајќи одговор што се случува со објектот и зошто сеуште е празен и во мрак. Во МАНУ, заради годишните одмори се правдаат дека нема кој да ни одговори зошто Куќата на Уранија стои под клуч. Не добивме одговор кога...

Continue reading

pres

Реализација на капиталните проекти во Охрид

Post Views: 5 Капиталните проекти и нивна реализација, тема на денешната прес конференција на О.К на ВМРО-ДПМНЕ.  Претседателот на комисијата за урбанизам, Горан Патчев, се осврна на законите и измените на законите од оваа сфера, како новодонесениот Закон за Охрид, измените на Законот за градежно земјиште, Законот за третман на бесправно изградените објекти итн. Патчев, посебен акцент стави на остварените инвестиции на владата на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид и околината, во последните две години. •           Изградба на Булеварот Железничка                                              2.4...

Continue reading

Osnoven sud

Баиќ бара писмена гаранција дека нема да добие притвор

Post Views: 11 Денес, во Основниот суд во Охрид, изнесен доказниот материјал од несреќата. Покрај увидот во Експертизата за пловидбената несреќа на бродот „Илинден“, пред судот беше направен увид во обемен доказен материјал. Така, само од фото документацијата, беа приложени повеќе од 200 фотографии од бродот, од кои стотина беа подводни, направени после несреќата, како и неколку направени за време на самото потонување на бродот. На увид беа дадени и извештаите од Општата болница –Охрид, како и обдукционите протоколи од Институтот за судска медицина од Скопје. Исто така, пред судот...

Continue reading

javna rasprava

Ќе се реконструираат дрворедите на градските улици

Post Views: 2 Дрворедите во Охрид ќе се преуредуваат. После педесет години ова е прва иницијатива на Локалната самоуправа од Охрид, да пристапи кон решавање на една рак рана. За таа цел, денес, во општината, се одржа јавна расправа помеѓу претставниците на Локалната самоуправа, во присуство на експерти од охридските еколошки друштва. Пристап кон реконструкција на постоечките дрвореди во централното градско јадро е општата констатција на сите учесници. На ова поле, неопходен е  зафат кој во најскоро време треба да се преземе. Советникот за сообраќај Зоран Шикалоски, задоволен од текот...

Continue reading

Opshta bolnica

Се` тече според зацртаното

Post Views: 6 Работите со делумната реконструкција на Општа болница Охрид течат редовно според зацртаниот оперативен план на изведувачите. Портпаролот на Општа болница Др. Сашо Василески вели, нивното лобирање до Владата на Р. Македонија и дозволата за реконструкција од страна на Министерството за здравство, дошла во вистинско време. Василески верува дека работите ќе завршат во предвидениот рок. Се очекува дека условите за работа ќе се подобрат со делумната реконструкција на Општа болница Охрид, вели Василески. Исто така, во исчекување е и одлуката на ресорното министерство за тоа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top